Сендвичара "Седмица"

  • Креатор на темата Креатор на темата IvicaPunK
  • Време на започнување Време на започнување
Јас добив информации дека Меџик у Лептокарија, иако со иста цена, ги преминале 7мица у квалитет...

Вистина е?
 
Општо во центар на Скопје нема кај да јадеш асално
дојте во Охрид Палма или меџик кај нас најпознатите сендвичари :helou:, ем поевтини се од кај вас цените 90 денари се сосе помфрит салата краставица и зелка башка лепчето го потпечвет мајонез кечап колку сакаш не се штеди на материјал што е добро
 
Златен Беко. Порано заради компирите се залажував во седмица, а не ми беше нешто посебно. А и плус многу се скапи. За 100-че, ако сакам да се најадам ќе одам во лесковачка и башка сок по избор. А на БЕКО му нема рамен. За 90 денари имаш: хамбургери, кордон блу, чизбургери и све и свашта. Истите компири од седмица. И плус имаш гиро. Гирото им е скапо, по 125 со зазики 135, но пак за тие пари е преубаво, односно, се за тие пари е поубаво од 7-ца

А и можеш да си нарачаш до дома за безпари. Порано беше нарачка минимум по 2, а сега го намалија на 1.

5210060 - број за нарачка во Аеродром, кисела вода и автокоманда :)

Ах бе гиро, ама проблемот е дека за 135 денари едно не ме најадува. Мали се, а поготово што кога видоа дека на Гирадико им оди бизнисот, па и они ги дигнаа цените.

Абе луѓе, па во грчка е гирото 2 евра, а кај нас 2,30. :devil3:

Бај д веј, како толку мерак ви прави ЗЕЛКА во хамбургер не ми е јасно, само го одзема вкусот на плескавицата. Знаете каде бутаа 5 кила зелка? Во она Палма или како и да се викаше, внатре во пазарчето Буњаковец, каде што беше 50 денари хамбургер. :)
 
Гирадико ти е одлична замена за 7ца малце мрсно ама добро ќе ми дојде.
 
Навистина не сте ми јасни .... како очекувате цените да останат исти ако основните намирници месечно се зголемуаат за 5-10% ???

20 години јадам во седмица ... 10 години јадам во лесковачка во аеродром ... 5 години знам за Вили (првото Вили уствари ми беше под тараса ...

Сите имаат одредени специфики, но факт е дека во последно време сите ги кренаа цените не дека гледаат едни од други туку дека масло, леб, месо, компир рипа со цена цело време ...

Убаво ќе биде да е хамбургер 90 ко на времето ама тогаш кило компир беше 15 денара, а месото 190, и маслото 45 - сега компир е 40-45, месото дојде 310, а маслото е од 90-110 остатокот од рачуницата направете си ја сами ...
 
Како и дае тие 7ца со тој ќар од милиони денари претеруваат у последно време почнаа да штедат на све па и цените ги рипнаа маму им. а иначе у меџик јадам ретко на голем одмор 90 денари мислам дека е онака голем е ама сепак не е тоа тоа..
 
ja vise preferiram da jadam leskovacka.... da se najades ko covek, a bashka neli kako shto veke site spomnaa - tuka se i salatite i sosovite :D sedmica ja sakav porano epten, ama vise me nerviraat so cenive... da mi se davaa tolku pari za hamburger, bolje ke dodadam uste 100ce i ke jadam vo restoran ko covek :D:D

--- надополнето ---

дојте во Охрид Палма или меџик кај нас најпознатите сендвичари :helou:, ем поевтини се од кај вас цените 90 денари се сосе помфрит салата краставица и зелка башка лепчето го потпечвет мајонез кечап колку сакаш не се штеди на материјал што е добро

stvarno, magic e super mesto za jadenje...ama koga ke si vo ohrid :S : )))
 
јадете кај суне, до борис средното школо...кој јадел знае! - башка цените се исти со години
 
Јас добив информации дека Меџик у Лептокарија, иако со иста цена, ги преминале 7мица у квалитет...

Вистина е?

Во меџик хамбургер е 80 :)

Онака е,за тие пари ТОП,компирите им се нај нај... е сеа,плескавицата не е толку голема и дебела како во 7мица,ама па у 7мица грди ми станаа веќе :) ...

А 7мица,катастрофа... последен пат бев пред месец дена,и никогаш повеќе :)
 
1 Хамбургер од 7ца = 130 денари
2 Хамбургера од "Кај Злате" + 0.5 литри Кока-Кола = 130 денари

Епа 7ца - ебете си матер. Не добивате веќе пари од мене.
 
Да.
Баш бев вчера и фино лепо си се потсетив на убавите сендвичи што Суне ептен мерачки ги прави и на средношколските денови :pipi:

П.С.Кај е Меџик?

Лептокарија/

Ќошот на жолтата зграда што гледа кон Карев и Воена болница :)
 
Лептокарија/

Ќошот на жолтата зграда што гледа кон Карев и Воена болница :)
Видиш, и од таму да сум ти јадела, а не сум знаела дека е Меџик:)
Го запамтив по убавите компири, за плескавицата не знам, пошто хамбургер слабо јадам, ама компирите стварно им се вери најс, а со цените се каде-каде поприфатливи него седмица, а исто ме најадува.
Инаку, за темава, во последно време повеќе го преферирам, поленетото пилешко на Вили него Седумкава.
Ем пошто поише ме најадува, ем пошто ми здосади Седмица и ем пошто се испозанесоја со цените.
И така:)
 
Море открив едно местенце во Тетово, гиро за 70 денари со 300 вида салати. Преубаво е.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom