TOEFL & SAT

Член од
8 октомври 2009
Мислења
821
Поени од реакции
301
7600 денари....

еве информации.....ако некој е заинтересиран подобро нека побрза со пријавување....
За прв пат оваа година, Британскиот совет ќе ви овозможи полагање на испитите FCE, CAE и CPE на Cambridge ESOL и во мај.

Рокот за пријавување во мајската сесија ќе биде од 22 до 26 февруари 2010 година.

Подоле се дадени датумите и цените на испитите:

FCE (First Certificate in English)
писмен дел - 15 мај 2010
усмен дел - помеѓу 7 и 16 мај 2010
цена: 7600 денари

CAE (Certificate in Advanced English)
писмен дел - 16 мај 2010
усмен дел - помеѓу 7 и 16 мај 2010
цена: 7900 денари

CPE (Certificate in Proficiency in English)
писмен дел - 16 мај 2010
усмен дел - помеѓу 7 и 16 мај 2010
цена: 8500 денари

Материјали за подготовка има во нашиот ресурсен центар кои може да се изнајмуваат со зачленување.

Професорите кои подготвуваат кандидати за овие испити може да се регистрираат бесплатно на интернет страницата на Cambridge ESOL и да имаат пристап до планови за работа, работни листови, игри и наставни активности.

Напомена: во периодот за регистрација треба да ни ја доставите пријавата (може да се симне од нашата интернет страница или да се подигне од Британски совет) заедно со копија од уплатницата. Пријавата може да ни ја испратите по e-mail (exams@britishcouncil.org.mk) или по факс (02/3135 036) или пак да ја донесете во Британскиот совет секој работен ден од 14 до 16 часот.
 
G

GoddessOfRock

Гостин
Ние во школо го полагаме! Се ни е сервирано, наше е само да го положиме...
 
Член од
8 јули 2010
Мислења
10
Поени од реакции
0
А ПОСЛЕ ЗА ШТО СЛУЖИ ОВОЈ СЕРТИФИКАТ. ДАЛИ МОЖЕ ДА СЕ БАРА СО НЕГО НЕКАДЕ РАБОТА И КАКВА. (ШТО Е РАЗЛИКА ПОМЕЃУ КУРС ПО АНГЛИСКИ И ОВОЈ СЕРТИФИКАТ)БЛАГОДАРАМ
 
Член од
6 август 2008
Мислења
646
Поени од реакции
17
А ПОСЛЕ ЗА ШТО СЛУЖИ ОВОЈ СЕРТИФИКАТ. ДАЛИ МОЖЕ ДА СЕ БАРА СО НЕГО НЕКАДЕ РАБОТА И КАКВА. (ШТО Е РАЗЛИКА ПОМЕЃУ КУРС ПО АНГЛИСКИ И ОВОЈ СЕРТИФИКАТ)БЛАГОДАРАМ
На курс по англиски веројатно го учиш јазикот. Унифициран сертификат, заедно со cambridge ielts, во цел свет е TOEFL. Без разлика дали аплицираш за студии или работа, меѓудругото, за сите апликанти што не им е мајчин јазик англискиот или што немаат учено дотогаш во школа каде интензивно се употребува англискиот јазик потребен е овој сертификат. Трае две години...
 
Член од
13 април 2008
Мислења
7.592
Поени од реакции
6.959
^ Correct. Btw јас баш пред некој ден ја барав, ама не ја најдов темава, мислев дека е канта.

- Јас сега во сабота полагам ТОЕФЛ, пааа би сакал да ве прашам вас форумџиите кои што веќе имате полагано, за некој совет и да ми го пренесете вашето искуство. Иако 1000 пати ги прочитав сите упатства и изгледав куп видео клипови за тест денот, сепак би сакал да слушнам ваше мислење за тестов. Мене уште сега ЗНАМ дека најголем проблем ќе ми биде тајм лимитот кој е 20 мин. за секоја секција (мислам). Оние critical reading прашањата се стварно ѓаволски тешки т.е. нерешиви се за време од тие бедни 20 мин. кои ги имаме на располагање. Кога ќе решавам, планирам да ги читам прашањата едно по едно и да го барам одговорот во текстот, бидејќи време да го читам целиот, а потоа да одоговарам - мислам дека нема да имам баш. Истиот пос*ан тајм лимит го имам и на САТ (приемен за САД) кој ќе го полагам во Октомври, а ако има некој полагано нека пише плииииис .. Од него уште повеќе глава ме боли !! :jaj:
 
white_eagle

: : stuck in void : :
Член од
21 јануари 2008
Мислења
953
Поени од реакции
716
не е нешто посебно тежок тестот, но на делот critical reading мрднете го скролот најдолу за да можете да продолжите кон прашањата и да не се замарате да го читате цел текст пред да ги одговарате прашањата. listening и speaking дефинитивно се најлесни делови од тестот.

јас го правев тестот во САД, поточно интернет верзијата (не знам дали овде е истата - iBT) и добив 101 од вкупно 120 поени :)
 
ScaryGirl

Lurker
Член од
19 јуни 2008
Мислења
303
Поени од реакции
4
јас го немам полагано ама мислам дека е прелесен за мое ниво (барем од тоа што го знам за него). иначе мислам дека е доста корисен, зашто го прифаќаат на факултети во америка(или барем тој кај што јас сакам да студирам :icon_razz), па што знам, можеби сепак ќе го полагам.
повеќе сум заинтересирана за CPE, имам видено примери и не ми изгледа толку тежок :toe:
а исто така би сакала да го полагам и SAT(кога веќе е спомнат), ама не знам точно каде е можно тоа :icon_conf па ако некој знае, please.. :)
 
Comic

Syntarginaris
Член од
14 април 2010
Мислења
430
Поени од реакции
32

SAT во скопје битола... И јас ке го полагам во скоро време =)
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
Го полагав ТОЕФЛ, ако сте учеле приватно англиски ќе ви биде боза, ако знаењето ви се сведува на тоа од основно/средно ќе треба доста да вежбате, посебно есеи и Speaking делот кои се покомплицирани.
Да се пофалам, 108/120 поени добив од прва, иначе тестот го платив 175 долари (150 евра) и го полагав во НОВА минатата година.
 
Член од
14 ноември 2008
Мислења
3.418
Поени од реакции
856
Јас планирам да го полагам за месец дена, али уште не сум почнал со подготовки. Ќе можи да кажите искуства како сте се спремале, кои книги и од кај сте ги набавиле ? Дали купвавте книги од нивната официјална страна или учевте само од интернет верзии ?
 
Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.373
Поени од реакции
4.904
7600 денари....

еве информации.....ако некој е заинтересиран подобро нека побрза со пријавување....
За прв пат оваа година, Британскиот совет ќе ви овозможи полагање на испитите FCE, CAE и CPE на Cambridge ESOL и во мај.

Рокот за пријавување во мајската сесија ќе биде од 22 до 26 февруари 2010 година.

Подоле се дадени датумите и цените на испитите:

FCE (First Certificate in English)
писмен дел - 15 мај 2010
усмен дел - помеѓу 7 и 16 мај 2010
цена: 7600 денари

CAE (Certificate in Advanced English)
писмен дел - 16 мај 2010
усмен дел - помеѓу 7 и 16 мај 2010
цена: 7900 денари

CPE (Certificate in Proficiency in English)
писмен дел - 16 мај 2010
усмен дел - помеѓу 7 и 16 мај 2010
цена: 8500 денари

Материјали за подготовка има во нашиот ресурсен центар кои може да се изнајмуваат со зачленување.

Професорите кои подготвуваат кандидати за овие испити може да се регистрираат бесплатно на интернет страницата на Cambridge ESOL и да имаат пристап до планови за работа, работни листови, игри и наставни активности.

Напомена: во периодот за регистрација треба да ни ја доставите пријавата (може да се симне од нашата интернет страница или да се подигне од Британски совет) заедно со копија од уплатницата. Пријавата може да ни ја испратите по e-mail (exams@britishcouncil.org.mk) или по факс (02/3135 036) или пак да ја донесете во Британскиот совет секој работен ден од 14 до 16 часот.
Дали некој го полагал CAE ? Јас планирам да полагам следната година, може некој да спореди тежина со FCE зошто го полагав годинава и е доста лесен.
 
Член од
11 јуни 2010
Мислења
230
Поени од реакции
74
TOEFL и SAT тестови

Здраво, наредниве месеци треба да полагам TOEFL pBT и SAT тестови за факултет каде што наставата е на Англиски. Дали може има некој на форумов што полагал, ке полага или пак знае нешто за овие тестови да сподели.

Дали знае некој е-книги посебно за TOEFL pBT (Paper Based) дека во Македонија се полага уште Paper Based а претежно низ светов Internet Based, има разлика меѓу тестовите а никако не можам да најдам книга за TOEFL pBT.

Ако некој знае нешто за овие тестови или се спрема во моментов може тука да споделиме некој совети.... :coffee:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom