Еве ги последните агенциски информации:
АФП: Македонија ќе биде поканета во НАТО кога ќе го реши спорот со Грција
Македонија ќе биде поканета да почне пореговори за членство во НАТО, откако ќе биде решен спорот со Грција за името, изјавил официјален претставник на Алијансата, објави агенцијата Франс Прес (АФП).
“Поканата ќе биде доставена кога двете земји ќе постигнат взаемноприфатливо решение“, рекол претсавникот на НАТО.
Никола Димитров: Отфрлањето на НАТО е огромно разочарување
Македонскиот преговарач за името, Никола Димитров, изјавил за агенцијата Асошиејтед прес дека “огромно разочарување“ е отфрлањето на НАТО да упати покана за членство за Македонија на Самитот во Букурешт.
“Ова ќе ја поткопа стабилноста на Балканот“, рекол Димитров во својата изјава за АП.
Денеска НАТО и официјално соопшти дека во текот на Самитот во Букурешт Македонија нема да добие покана за членство заедно со Хрватска и Албанија, се додека не се реши проблемот со името со Грција.
Македонските новинари ја напуштиja прес-конференцијата на Шефер во знак на протест
Сите македонски новинари, кои го следат Самитот на НАТО во Букурешт, во знак на протест ја напуштиja прес-конференцијата на генералниот секретар на Алијансата, Јап де Хоп Шефер, откако тој кажал дека земјава нема да добие покана за членство, јави специјалниот известувач на Нетпрес.
Тие го известиле Шефер дека си заминуваат во знак на протест на одлуката на НАТО за неупатување покана за членство, а како поддршка на својата земја.
“Македонските медиуми изминативе години постојано го поддржуваа НАТО политиката на воениот сојуз и обидите на Македонија за членство. Но, и покрај тоа што Македонија ги исполни сите стандарди за да стане полноправен член на Алијансата, сепак станува збор за двојни стандарди“, е официјалниот став на македонските новинари кои го следат Самитот на НАТО во Букурешт.
о Атина не стивнува самоувереноста
Снежана Лупевска
03.04.2008 13:21 Во Атина не стивнува самоувереноста, дека грчката дипломатија ја постигнала целта. Македонија надвор од НАТО, до новата покана, пишуваат весниците.
„Етнос“, веќе наведе дека официјалното заседание на 26-те земји - членки ќе има обраќање само кон новите сојузници, Албанија и Хрватска.
Весникот повикува на добро упатени извори, дека не се предвидуваат никакви временски рокови во кои би била разгледана молбата за членство, на како што велат тие, Скопје.
„Нафтемборики“, пак, освен написот за одложената покана за Македонија наведува дека сепак е вршен силен притисок на Грција од страна на САД, за да не стави вето.
Професорот Теодор Колумбис, потпретседател на грчката фондација за европска и надворешна политика, за А1 изјави дека никој нема ексклузивно право на името Македонија, ниту Грција ниту Македонија ниту Бугарија. Сите три држави треба да ја означат географски својата територија.
„Не мислам дека ветото е закана за стабилноста на регионот, и дека Грција ќе има последици од САД поради несогласувањето и поставувањето на вето“, смета Теодор Колумбис, кој даде интервју за А1.
Грчките медиуми постојано известуваат за настаните од Букурешт, но атмосферата кај политичарите и дипломатите е веќе се завршено. Велат дека Македонија овој пат ја испушти шансата во НАТО, меѓутоа не одредуваат тајминг кога би биле новите преговори за името.
Грчката шефица на дипломатијата Бакојани, потсети дека за Грција, Република Македонија (Скопје) е неприфатливо.
Протести на отпуштени работници и незадоволни луѓе од социјалниот статус, ова денеска се случува на улиците на Атина. Прашањето за името останува на политичарите и аналитичарите, кои сега сметаат дека „топката“ е на нивна страна, по ветото на самитот во Букурешт.