НАТО самит во Букурешт: СИТЕ ДИСКУСИИ ЗА САМИТОТ - ТУКА!

  • Креатор на темата Креатор на темата Borg_Drone
  • Време на започнување Време на започнување
како што ми изгледа, ќе мора да се мења име. ќе видите. и ќе сменат.
Мене лично најмногу тоа ќе ме повреди.
Бидејќи ако воопшто го менуваме, што не го сменивме сега??
Затоа: Штом не го сменивме - за век и векови да не се менува!
 
ЗНАЕ НЕКОЈ КОЈ Е ФИНАЛНИОТ СТАВ?!

ШТО Е СО НАТО?

АМА КОНЕЧНАТА ВЕСТ МЕ ИНТЕРЕСИРА!

Не за друго...да знам дали ќе плаќам, или ќе ми плаќаат скара...:hihi:
Не добивме покана но НАТО го авторизираше Советот на НАТО кој што мислам дека го има секоја година да ни даде покана одма чим се реши "проблемот" со името!
 
Шефер им честиташе на Албанија и Хрватска а Македонија ќе почека додека не се распадне НАТО,затоа што практично е ставена пред изборот да опстане како безлична маса народ или како Македонија без членство во НАТО.Нешто слично како приказната со магарето и змијата.
Сепак има малку светлина на целата работа окулу членството а тоа е што оставија изборот да биде наш.(самоубиство од заседа)
 
Не добивме покана но НАТО го авторизираше Советот на НАТО кој што мислам дека го има секоја година да ни даде покана одма чим се реши "проблемот" со името!

Koj реално може да се реши кога врбата ќе роди грозје.
 
Сите фирми се достапни на берза , на сите може да им падне вредноста , да се купат од друг , зашто да се отпуштаат работници .
 
абе ќе се распадне и нато и еу не ни требаат.кај можеле да истраат толку држави во една заедница:smir:
 
Koj реално може да се реши кога врбата ќе роди грозје.
Тачно.
17 години неможе да се реши зашто би се решил сеа.
Ама кој проблем? Тука нема проблем? Има само една кретеноидна маса на луге со испрани мозоци.
Ама ако им е може ние изгубивме сега ама они пред очите на целиот свет испаднаа цигани!
 
Бојкот на ВЕРО под итно.
 
Еве ги последните агенциски информации:


АФП: Македонија ќе биде поканета во НАТО кога ќе го реши спорот со Грција

Македонија ќе биде поканета да почне пореговори за членство во НАТО, откако ќе биде решен спорот со Грција за името, изјавил официјален претставник на Алијансата, објави агенцијата Франс Прес (АФП).
“Поканата ќе биде доставена кога двете земји ќе постигнат взаемноприфатливо решение“, рекол претсавникот на НАТО.



Никола Димитров: Отфрлањето на НАТО е огромно разочарување


Македонскиот преговарач за името, Никола Димитров, изјавил за агенцијата Асошиејтед прес дека “огромно разочарување“ е отфрлањето на НАТО да упати покана за членство за Македонија на Самитот во Букурешт.
“Ова ќе ја поткопа стабилноста на Балканот“, рекол Димитров во својата изјава за АП.
Денеска НАТО и официјално соопшти дека во текот на Самитот во Букурешт Македонија нема да добие покана за членство заедно со Хрватска и Албанија, се додека не се реши проблемот со името со Грција.






Македонските новинари ја напуштиja прес-конференцијата на Шефер во знак на протест


Сите македонски новинари, кои го следат Самитот на НАТО во Букурешт, во знак на протест ја напуштиja прес-конференцијата на генералниот секретар на Алијансата, Јап де Хоп Шефер, откако тој кажал дека земјава нема да добие покана за членство, јави специјалниот известувач на Нетпрес.
Тие го известиле Шефер дека си заминуваат во знак на протест на одлуката на НАТО за неупатување покана за членство, а како поддршка на својата земја.
“Македонските медиуми изминативе години постојано го поддржуваа НАТО политиката на воениот сојуз и обидите на Македонија за членство. Но, и покрај тоа што Македонија ги исполни сите стандарди за да стане полноправен член на Алијансата, сепак станува збор за двојни стандарди“, е официјалниот став на македонските новинари кои го следат Самитот на НАТО во Букурешт.

о Атина не стивнува самоувереноста

zane-lupevska.jpg
Снежана Лупевска
prazno.gif
prazno.gif
03.04.2008 13:21 Во Атина не стивнува самоувереноста, дека грчката дипломатија ја постигнала целта. Македонија надвор од НАТО, до новата покана, пишуваат весниците.
„Етнос“, веќе наведе дека официјалното заседание на 26-те земји - членки ќе има обраќање само кон новите сојузници, Албанија и Хрватска.
Весникот повикува на добро упатени извори, дека не се предвидуваат никакви временски рокови во кои би била разгледана молбата за членство, на како што велат тие, Скопје.
„Нафтемборики“, пак, освен написот за одложената покана за Македонија наведува дека сепак е вршен силен притисок на Грција од страна на САД, за да не стави вето.
Професорот Теодор Колумбис, потпретседател на грчката фондација за европска и надворешна политика, за А1 изјави дека никој нема ексклузивно право на името Македонија, ниту Грција ниту Македонија ниту Бугарија. Сите три држави треба да ја означат географски својата територија.
„Не мислам дека ветото е закана за стабилноста на регионот, и дека Грција ќе има последици од САД поради несогласувањето и поставувањето на вето“, смета Теодор Колумбис, кој даде интервју за А1.
Грчките медиуми постојано известуваат за настаните од Букурешт, но атмосферата кај политичарите и дипломатите е веќе се завршено. Велат дека Македонија овој пат ја испушти шансата во НАТО, меѓутоа не одредуваат тајминг кога би биле новите преговори за името.
Грчката шефица на дипломатијата Бакојани, потсети дека за Грција, Република Македонија (Скопје) е неприфатливо.
Протести на отпуштени работници и незадоволни луѓе од социјалниот статус, ова денеска се случува на улиците на Атина. Прашањето за името останува на политичарите и аналитичарите, кои сега сметаат дека „топката“ е на нивна страна, по ветото на самитот во Букурешт.
 
Македонските Новинари го ебнале Шефер

Ја бојкотирале понатамошната пресконференција

Скопско за нив
 
Епа драги мои сограѓани и форумџии.. тоа е тоа Не влеговме.. здравје ! Пак сме живи и здрави.. ништо не ни фали. Ништо не се смени ( а верувам и нема да се смени ) и се ке си остане како што е до сега.. само малце патриотизмот кај МАКЕДОЦНИТЕ ке се разбуди. Покажавме дека сме посилни од се со тоа што ИМЕТО си го зачувавме !!!

но само едно сега ме загрижува.... кој ке ги слуша сеа нашиве јадни политичари кога ке почнат да се препукаваат вие сте криви зашто не влеговме.. или оние се криви или кој шшто напраил како и зошто.. Ај помина интересното.. одговорот го имаме. сега да си го гледаме нашиов проблем внатре во МАКЕДОНИЈА.

МАКЕДОНИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ
 
Македонските Новинари го ебнале Шефер

Ја бојкотирале понатамошната пресконференција

Скопско за нив

Шефер е ужаснат и е под анти-депресанти за да се смири после бојкотот на нашите новинари. Истите новинари кои потпишуваа промена на име на земјава за цел која очигледно е поинаква од замислената,и тоа сега се гледа на дело.

Како гест, добро е, зачувале тронка гордост. Сега нека помислат повеќе како ќе се постават кон прашањата од национален интерес и информирањето за истите, наспротив понудените грчки пари за обратното.
 
И уште ова:

Одлуката на НАТО да не ја покани Македонија е против стабилноста на Балканот и казна поради нејзиниот идентитет, изјави денеска во Букурешт, преговарачот за името, амбасадорот Никола Димитров.

„Ние сме казнети не затоа што не ја исполнивме нашата задача, туку поради тоа кои сме. Ние сме казнети за нашиот македонски идентитет, “изјави македонскиот преговарач Диитров.

Тој наведе дека одлуката на НАТО „е големо разочарување“ и „се коси со обврските на Грција“.

„Ова се коси со вредностите на НАТО..Тоа во голема мерка е против стабилноста на Балканот и испраќа погрешна порака до умерените политичари и радикалните сили“, изјави Димитров.

Според него, Македонија ќе се обиде да продолжи со евроатланските интеграции, но тоа сега ќе биде многу потешко.
 
И уште ова:

„Ние сме казнети не затоа што не ја исполнивме нашата задача, туку поради тоа кои сме. Ние сме казнети за нашиот македонски идентитет, “изјави македонскиот преговарач Диитров.

БРАВО ДИМИТРОВ

„Ние сме казнети не затоа што не ја исполнивме нашата задача, туку поради тоа кои сме. Ние сме казнети за нашиот македонски идентитет, “изјави македонскиот преговарач Диитров.

Грчки ФАШИЗАМ
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom