Одлична колкумна на Владо Јовановски:
Горномакедонците и новогрците
среда, 26 март 2008
Ние сме од свемирот. Само ве молам браќа Македонци не го ширете ова, нека остане меѓу нас (иако Грците го сфатија тоа па ни наметнуваат да се викаме Горни Македонци). Го сфатија, но го газат. Затоа порака до сите такви: вие канибалисти, фашисти, варвари, лажни демократи, едипалци или со еден збор земјани - малку почит. Почит кон светлината! Почит кон просветителите!
Пишува: Владо Јовановски
Македонија! Најголемата световна тајна! Совршенство сокриено од несовршените. Земја на магови: Филип, Александар, Светите Кирил, Методиј, Климент, Наум... Земја на три цивилизации: Античка, Византиска, Отоманска. Земја - Сонце или Сонце во земјата! Сонце сокриено во неутриното, неутриното во талиумот, талиумот во лорандитот, а лорандитот во рудникот Алшар на Кожув.
Најголемиот познавач на сонцето, професорот на Сорбона Г-динот Паскал Сотировски на една научна конференција во Франција на светот му објави дека го има клучот на оваа цивилизација. Клучот е во неутриното, а неутриното е во Македонија. Тој дводимензионален сончев зрак кој има висина и должина, а нема ширина, има маса, а не материја, енергија на иднината која ќе ја замени нуклеарната. Од неговото испитување, а тоа веќе повеќе години се прави наречено Лорекс или лорандит - експеримент, науката ќе дознае за нуклеарните реакции на сонцето пред милиони години. Можеби ќе дознаеме дали универзумот се одалечува и лади или се собира и загрева или пак можеби пулсира.
Незнам што се науката ќе докаже, но се надевам дека нам, а и на светот ќе ни се открие една работа: Зошто Новогрците не ни го признаваат името и античкото наследство? Зошто Бугарите ја негираат нацијата, историјата и јазикот? Србите-Црквата? Албанците - територијата? Итн. Ќе да е нешто многу важно штом сј e оспорено и негирано.
Можеби еден ден ќе ни се открие дека ние Македонците всушност не сме од оваа планета. Поточно не сме ни од овој сончев систем, каде сј е во знакот на дванаесет: дванаесет апостоли, дванаесет месеци, дванаесет избрани племиња... Туку од некое друго сонце!? Од некој друг шеснаестозрачен сончев систем, дојдени заедно со неутриното во мисија да го просветлиме човештвото (што и го направивме и правиме).
Како и да е, во секој случај сме од свемирот. Свемирци! Само ве молам браќа Македонци не го ширете ова, нека остане меѓу нас (иако Грците го сфатија тоа па ни наметнуваат да се викаме Горни Македонци). Го сфатија, но го газат. Затоа порака до сите такви: вие канибалисти, фашисти, варвари, лажни демократи, едипалци или со еден збор земјани - малку почит. Почит кон светлината! Почит кон просветителите!
Елинизам не е грчка нација туку просветителство. Не може Новогркот да биде во исто време и антички Грк и Пајонец и Дардалец и Тракиец и Спартанец и Тројанец и Илир и Атињанин и Македонец. Писменоста се ширеше од овде кон север. Венетите кој од југ одеа кон север подоцна ги нарекоа Словени. Оние кои во себе го имаат Словото или го слават Бога со Слово. Чудна некоја карма! Сите сакаат да се блиску до совршениот јазик, култура, цивилизација, РАСА МАКЕДОНСКА. Келтите од север, црнците од југ, татарите од исток и маврите од запад. Распетие + Во име Оца и Сина и Свјатаго Духа – Амин. За раистите и лемите, за свадбата на исток, за хунзите, калашите и нивниот крал Мир, за калемењето што го направи првиот глобалист Александар Македонски односно последниот полубог пред да се појави Богочовекот, можеби во некоја друга прилика.
П.С.
Македонија е расчленета по сите основи и пругоре и прудолу. Таа е како шеснаесткрако сонце со ласер втиснато во стакло. Колку и да ја делиш по ширина и до теоретска замислена димензија, до дводимензионалност, секогаш ќе свети ѕвездата од Кутлеш! Но ако се расчленат само по етничка основа пред се Бугарското и Грчкото општество, ќе биде весело. Да оставиме нешто и на времето како четврта димензија...
На Кирилица