Еве што вели професорката Силјановска,за интервјуто за А1.
Тука го копирам,затоа што се однесува,на однесувањето на ДПА,а она е прилично паметна жена,па да видиме што има она да каже.
Што ќе се случи доколку вечерва ДПА потврди дека излегува од Владата? Има разни сценарија, од широка коалиција, до предвремени избори. Што би требало да направи Груевски?
Сериозно прашање, меѓутоа мислам дека излегувањето, во овој момент, од владината коалиција, покрај повторувањето дека влегувањето во НАТО е историски чин, е неисториско однесување. Се разбира дека се можни неколку сценарија. Се надевам дека нема да дојде до нив.
Дали во овие дваесетина дена се згуснува тајмингот и просторот? Се е набиено на дваесет дена пред НАТО. Колкав е ризикот оваа владина криза да предизвика уште поголема криза за влезот во НАТО?
Како да се повторуваат нештата во Македонија, секогаш кога се наоѓаме пред ваков важен чин. Не научивме ништо од соседите, ниту од Бугарија, ниту од Романија, како се однесуваа историски пред влегувањето во НАТО.
Имате право. Наместо да се концентрираме на вистинскиот спор, спорот со Грција, бидејќи влегувањето во НАТО значи крај на регионалните немири во регионот, или значи регионален мир, ние сега создаваме проблеми и внатре.
Се надевам дека лидерите навистина ќе се однесуваат рационално, а не ирационално, бидејќи она што граѓаните на Република Македонија го велат, над 91%, мислам дека е порака до нив.
Дали ако се направи можноста за формирање техничка Влада е префрлање на топката, одговорноста да биде на секого подеднакво, доколку не успееме да влеземе во НАТО заради непромената на името?
Можно е, меѓутоа мислам дека доколку се одеше на широка коалиција тоа не смееше на ваков начин да се изведе, со излегување од владината коалиција, туку требаше да се најави потребата од поделба на одговорноста.
Мислам дека на ваков начин одговорноста ќе се комплицира, а ние ќе го изгубиме времето на решавање на „внатрешните проблеми“, наместо на влегувањето во НАТО. И пораките од Брисел мислам дека се сосема во ред.
Колкава е одговорност на премиерот? Албанските политички партии испорачаа на неколку пати барања, преку мајскиот договор со ДУИ тој седна да разговара со опозицијата во тоа време. Овој пати Тачи го испорачува на овој начин токму пред НАТО, со тајминг што според него одговара. Колкава е одговорноста на Груевски затоа што не исполнил ниту едно од овие шест?
Веројатно ДПА потсетува на нешто, јас уште тогаш укажав на проблемот, да преговарате наместо со коалициониот партнер, бидејќи тој станува некој што во потрага по легитимитет влегол во коалицијата, значи треба да собере дел од поените но, тука и притисокот на меѓународната заедница беше голем, започнаа разговорите со ДУИ.
Веројатно сега ДПА потсетува дека е легитимен партнер на ВМРО ДПМНЕ и на останатите и дека треба да учествува во решавањето на прашањата со кои, претпоставувам, победиле на изборите.
Треба да ги исполни Груевски сега во овој цајтнот?
Јас одма кажав дека неисториско е однесувањето, за дваесет дена вие се да решите, како што досега ние правиме. Се разбира имам забелешки на некои од шесте точки, мислам дека се многу слободна интерпретација на Рамковниот договор и Уставот, меѓутоа тоа е политика на свршен чин.
Што може утре да не очекува? Распуштање на Парламентот, Владата практично да функционира, а да не функционира со донесување на одлуки? Како од утре, ако ДПА ја потврди одлуката, ќе функционира владата до НАТО?
Не знам. Бидејќи зависи од одлуката на ДПА, јас се надевам дека садењето дрва беше знак на пријателство и дека денеска и утре ќе продолжат разговорите и дека ДПА нема да пропушти дел од историската одговорност, па ако сакате и плодовите на влегувањето во НАТО, да си ги припише и себе си, а не да се откаже од тоа.
Бидејќи што и да се случи во иднина, сепак мислам дека и опозицијата и другите коалициони партнери, повторуваат дека во овој момент излегувањето од владината коалиција е погрешно.
Практично го амнестирате Груевски?
Не го амнестирам Груевски. Веројатно ова е порака дека кога се влегува во коалиција треба да се излезе со програма во која ќе бидат вклучени барањата на коалиционите партнери. Ние не видовме во Македонија вакво нешто. Но и дека ќе се испише црвената линија преку која не може да се оди. Дека нема да се чека пред клучните моменти и внатре политичките прашања да се решаваат, бидејќи тогаш губитници ќе бидеме сите.