Еве еден
интересен блог сајт поврзан со Mono под Мекинтош...
Конверзија на код од C# во Mono ?
Едит: Линк за да симнам *.rpm за Федора ?
Fedora до сега немам користено, затоа да не ти кажам некоја глупост, ако не си го решил до сега проблемот би ти предложил да ѕирнеш/прашаш на самиот форум на Mono
за C# ... добро ова во ред е само иам проблем на пример ако сакам да клам еден елемент над друг, не можам никако да ги поставам ... мислев некако евентуално со CSS код да му напишам ..
Друже, заборавив да ти кажам и за опцијата Location... кога ќе кликнеш на елементот кој сакаш да го поместиш... во пропертис прозорецот ќе видиш Location и тука менувај ги бројките се додека не дојдеш до посакуваната позиција. Оваа опција позицијата на елементот ја поместува по пиксели ако не се лажам, такада мислам дека би ти завршила работа оваа опција
- - - -
Него едно прашање од мене, али по можност постручен одговор ми треба...
Која е разликата помеѓу C# и C++ и што е тоа што едниот јазик го прави помоќен и обратно... ?
И двата се ООП, „силата“ им е во десктоп апликациите, но многу ретко да сретнам професионална апликација низ апликациите кој секојдневно ги користиме, а истата да е изработена во C#. Повеќето „секојдневни“ апликации се изработени во C++ и знам дека најмноќната страна кај C++ е изработка на системски десктоп апликации, но што е тоа што C# го прави покус од C++ во изработката на таквите апликации ?
Моето скромно искуство кажува дека во C# со прилично малце фајлови многу полесно и многу побрзо би дошол до објективно ориентирана апликација со „фул“ функционалност, а пак кај C++ ми треба цела вечност да изработам едно миниатурно и просто програмче зачинето со милион фајлови... Нели е поедноставно да се работи со помалце фалјлови и побрза изработка на апликацијата која ги задоволува потребите на корисникот ?
Овој дел ми треба некој да ми го разјасни (по можност постручно).
И уште едно прашање...
На што се должи тоа: Колку апликацијата ќе црпи од меморијата т.е. како би направил што помалце меморија да ја задоволува апликацијата ?
Дур не сум се изморил од пишување да кажам благодарам унапред