Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Кај C# мене ме фасцинира што можеш да напишеш string dva = 2.ToString(); и да ти работи како што треба. :smir:
Не не не...
Ако гледаме веќе према правите дефиниции на Објектно ориентираните програмски јазици, C++ ги имплементира сите идеи. Значи од идеите за повеќекратно наследување, класично наследување и изборен полиморфизам, C# нема појма. C# и Java се олеснети варијанти нa C++ во таа мера што голем дел од напредните механизми се исклучени. Java и C++ се пренесуваат преку референци, немаат механизми за преоптоварување на оператори и повеќекратно наследување. Принципот на полиморфизам овдека е задолжителен. Кај C++ полиморфизмот упаѓа на дело кога се работи со покажувачи кон основна класа, а ако се извади објект, истиот не важи. Кај Java и C#, ова не е случај.
Додека за мемориската зафатеност имаш многу фактори од кои што 50% се во твоја надлежност. Тоа дали ќе користиш поинтери или не ама ич нема врска. Туку напротив користењето на поинтери зафаќа и повеќе простор пошто не сега само што зафаќаш меморија за податокот, ами дополнително зафаќаш меморија и за покажувачот.
Она на што може да обрнеш внимание е: пооптимизиран алгоритам, со поголема ефикасност т.е. временска и мемориска - помала комплексност со помалку зафатнина на податоци. Затоа ите како реков дека познавањето на алгоритмите и оптимизираното програмирање е цела уметност.
Ако користиш C#.NET спремај се уште на старт да имаш зафатено поголем дел меморија поради кревањето на CLR интерпретерот во позадина. Не дека програмата зафаќа толку меморија, туку мора првин основата која што ќе ја движи целата програма да дојде во функција. Исто е и кај Java. Таму пред да се покрене апликацијата мора целосно да се покрене Java виртуелната машина која знае да зафати и поголеми делови од меморијата (>100MB).
И како заклучок на сето ова е тоа дека C# со своите можности неможе да го стигне C++ особено не на полето „перформансите“ на апликацијата... ова баш и не ме радува :/
Да. Во C# постои механизам за auto boxing. Имено секоја примитива може да ја третираш и како таква и како инстанца од wrapper класите задолжени за тоа, т.е. 2 може да биде и int и Integer.
Тоа нема type casting да му дојде во овој случај?
И како заклучок на сето ова е тоа дека C# со своите можности неможе да го стигне C++ особено не на полето „перформансите“ на апликацијата... ова баш и не ме радува :/
Да. Во C# постои механизам за auto boxing. Имено секоја примитива може да ја третираш и како таква и како инстанца од wrapper класите задолжени за тоа, т.е. 2 може да биде и int и Integer.
Епа сага, секому колку му е „чергата“. C# се користи за комерцијални бизнис-ориентирани апликации. Да направиш игра во C# не е препорачливо а пак некоја програма за масовни пресметки (недај боже GRID) нема друго чаре освен C++.
Од друга страна пак, правиш обична десктоп апликација за интерна работа на некоја фирма која захтева изградба на веб интерферјс према надворешноста, C# ти е месаја!
Прашање за конуникација преку сериски порт (RS232).
Нема настан (event) готов кога доаѓаат податоци на портот. Како да проверува постојано. Зависи тоа од колку е BaudRate-от, па на толку време да го проверува портот . . .
Решение ?
Епа сага, секому колку му е „чергата“. C# се користи за комерцијални бизнис-ориентирани апликации. Да направиш игра во C# не е препорачливо а пак некоја програма за масовни пресметки (недај боже GRID) нема друго чаре освен C++.
Од друга страна пак, правиш обична десктоп апликација за интерна работа на некоја фирма која захтева изградба на веб интерферјс према надворешноста, C# ти е месаја!
Абе денешните игри(огромните проекти),це шарп(дот нет)не само шо не би било препорачливо,би било лудило!
XNA Game Studio - http://msdn.microsoft.com/en-us/xna/aa937794.aspx
Ама ова е само за Visual C#/Studio 2005
Да не знаеш дали има некое вакво слично чудо за Visual C#/Studio 2008 освен The Game Creators GDK ?