asterix_m
Регулатор
- Член од
- 19 април 2006
- Мислења
- 2.765
- Поени од реакции
- 33
На 20.02.2008 година од WEB-порталот www.energetika.com.mk, дознавме дека вицепремиерот Ставревски заминал за Софија наводно за да разговара за неколку енергетски проекти.
Симптоматично, за разлика од досегашната пракса на Владата на ВМРО ДПМНЕ, за оваа официјална посета нема информација на Владината WEB-страница, Владината делегација не земала ниту еден преставник на македонските медиуми, изостана групна прес конференција типична за оваа Влада, немаше изјава на бугарскиот домаќин.
Сигурно ве интересира составот на Владината делегација. Покрај Ставревски во делегацијата биле министерот за транспорт и врски и директорите на ЕЛЕМ и МЕПСО.
Што бара Јанакиевски во Владина делегација која го преставува енергетскиот сектор во Македонија, знае само ВМРО ДПМНЕ.
Бидејќи е очигледно дека Владата сака нешто да сокрие, ни останува само да претпоставуваме за целта на оваа посета.
Да претпоставиме дека Владината делегација разговарала за откуп на електрична енергија, заради глупостите во енергетскиот сектор кои сами си го направија. НЕ, тоа не може да биде цел на посетата, бидејќи според Владиниот енергетски биланс за 2008 година, истите “експерти“ од делегацијата констатирале дека на Република Македонија не и е потребна електрична енергија. Дополнително, не можеле да преговараат за увоз на струја, бидејќи Бугарија има забрана за извоз на струја.
Да претпоставиме дека Владината делегација преговарала со нашиот сосед за заедничка изградба на нуклеарната централа Белане. НЕ, тој тендер за Владата на ВМРО ДПМНЕ заврши, затоа што Власта немаше интерес да вложува во заедничка нуклеарна централа. Не, ние ќе си правиме сами нуклеарна централа. Во Мариово.
Да претпоставиме дека Владината делегација разговарала со нашиот сосед за поврзување на гасоводот Петрич-Струмица. НЕ, затоа што Ставревски неколку пати најави потпишување на клириншкиот долг и гасификација на Македонија заедно со учество на Руската Федерација и ГАСПРОМ. ГАСПРОМ потпиша за изградба на нови гасоводи со Бугарија и Србија, а Владата на ВМРО ДПМНЕ сеуште го решава клириншкиот долг, нешто што ни остана како сувенир од поранешна Југославија.
Да претпоставиме дека Владината делегација разговарала за евентуалната дестабилизација на енергетскиот сектор по независноста на Косово и можните закани за испорака на електрична енергија од Србија. НЕ, бидејќи Владата на ВМРО ДПМНЕ за првпат во поновата македонска историја распиша тендер за набавка на 660 илјади тони јаглен, со изговор дека токму со вакви мерки ќе обезбеди стабилност на македонскиот енергетски сектор.
Почитувани,
Владата на ВМРО ДПМНЕ на седницата на 26.12.2007 година го донесе енергетскиот биланс за 2008 година. Само после 30-тина дена истиот енергетски биланс грубо го прекрши. Заради намаленото производство на ЕЛЕМ, реализиран е дополнителен увоз на струја надвор од увозот предвиден во енергетскиот биланс за 2008 година.
Владата на ВМРО ДПМНЕ продолжи со истата пракса. Во очи на 2 август се обиде да го продаде ТЕЦ Неготино на анонимна бугарска фирма на мајка, татко и син, на 31 декември во очи на Нова Година склучи спогодба со грчките газди на ОКТА, сега додека сите граѓани на Македонија се преокупирани со прашањето за уставното име, Владата на ВМРО ДПМНЕ остварува тајна посета на Бугарија.
Затоа, денес ја прашуваме Владата на ВМРО ДПМНЕ:
Од кого, по која цена и колкави количини на струја се увезени во јануари и февруари ?
Ако увозот на струја е направен од Грција, колку патти повеќе струја ќе и вратиме на Грција во летниот период, од кого ќе ја набавиме и по која цена ?
Колку пари ќе ги чинат граѓаните ваквите излети ?
И сосема на крајот. Дали мистериозната посета на Владината делегација на ВМРО ДПМНЕ е заради договорање на победникот на тендерот за увоз на јаглен ?
Дали случајно победник на тендерот за јаглен ќе бидат бугарските бизнис партнери на ВМРО ДПМНЕ кои требаше да го добијат ТЕЦ Неготино ?