Vartolu
The Infamous Mobb
КРИМИ ХРОНИКА

Обезбедувањето на Градските гробишта “Бутел“ во Скопје, вчера, нашло мртво машко бебе. Случајот бил веднаш пријавен во полиција, а по наредба на Истражен судија телото на новороденчето било дадено на обдукција за да се утврдат причините за смртта.
Како што информираат од полицијата, мртвото бебе во текот на вчерашниот ден, го нашол Ф.И (43), вработен во обезбедувањето на гробиштата. Тој забележал куче скитник, кое во устата носело новороденче. Го избркал кучето, кое го испуштило телото на починатото бебе. По ова веднаш пријавил во полиција, која извршила увид на местото. По наредба на Истражен судија телото е пренесено на Судска медицина, каде треба да се изврши обдукција.
Автор на веста: Нетпрес
Објавена на 11.02.2008 11:27:34

stvarno zalno i gadno