60% од средношколците не ја положиле пробната матура

Член од
26 јануари 2007
Мислења
2.202
Поени од реакции
1.943
Аоф ме боли глава веќе од вас.
Се фаќате за ситници, ти место сама да даваш аргументи чекаш од другите па ме предизвикуваш...
Што мислиш дека нема се да ви побијам тоа фантазиите во глава?
Ама утре тоа:vozbud:
Не ги чекав ама за среќа како од небо паднаа :vozbud:
Моите ги дадов милион и еден пат.:tapp:
А зошто утре а не сега? Хмм...

Ама што знаете да цмиздрите на форуми знаете.А на протест 300 души и ви се исмеваат по весници.
Кај се твоите соученици а Tender_Girl?
Како кај се? Не се членови на форумот ама сега ти да не мислиш дека лажам кога велам дека и тие се бунат?
Дека не сме организирани и дека не исмеваат го знам тоа мн добро.Ама дека имаме причини да се буниме-ИМАМЕ !
 

draganask

те сакам СОНЦЕ
Член од
4 декември 2007
Мислења
401
Поени од реакции
24
Сакав и ова да кажам да се надополнам.. Јас средно учев гимназија, а мојата желба беше да се запишам на Електротехничкиот факултет. Со математиката никогаш немав проблеми па затоа тоа ми беше помал проблем, но знаејќи колку малку имаме работено физика, а соочена со фактот дека приемниот кој треба да го полагам освен математика е и уште еден предмет од кој најблизок ми беше физиката, јас бев приморана цела година континуирано да работам физика со цел да надополнам се што сум пропуштила во текот на четирите години. А верувам дека не сум единствен ваков пример кој се подготвувал подолго време за приемен испит. Освен што направив одличен резултат кој беше очекуван од моја страна после толку работа, тоа што го научив ми беше од голема помош за да ги положам едни од клучните предмети Физика 1 и Физика 2 и тоа со оцена 10. Значи немојте секогаш да ја барате вината во друг. Јас сигурно не ја побарав вината во мојата гимназија туку се соочив со фактите и си загреав столче. Затоа ако не сте учеле на време надополнете си, знаење плус нема да ви е на штета.
 
Член од
23 јануари 2005
Мислења
899
Поени од реакции
22
колку сакам да се вратам неколку години наѕад и да почнам да учам. а не ко порано кул бев, имав поважни работи ЈЕЕЕЕ ебати глупавиот што сум бил!
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
[/COLOR]
Ни беше кажано на крај на трета година дека ќе полагаме матура.
Се крши со законот. Јасно таму пишува дека условите под кои учиме не смеат да се менуваат. Дури и Европа да бара.

Кога и кога ќе повториме?
Сепак 4 години не се мала работа. И најредовниот ученик мора да се присети на некои работи. Земете пример математика, не е една формула, 101 се :)
Во меѓувреме, мора да учиме и нови работи и да добиваме оцени за нив(значи бодови за упис, во превод)

Терминот за полагање
Нема шанси да се прегледаат 80000 тестови(20000 матуранти х 4 тестови = 80000) за кратко време. А се полага во јуни. И цело лето ќе биде во исчекување. Нормално ли е тоа, ама искрено кажете ми?
Тука би додал и уште нешто. За македонски конкретно. Имаме да напишеме еден есеј. Тој есеј го прегледува комисија. Зар сите имаат ист критериум? Не! Некој ќе оцени за 5, друг за 3. И што тогаш? Дискусија! И губење време. Потврда на мојата тезата за времетраењето на преглдувањето.

Секојдневно менување на условите на факултетите.
Последен пример е ФЕИТ(ЕТФ). Прво не примаа матуранти со положен англиски(интерно), па ја сменија одлуката и примаат. До кога вака? Или ќе си играме? И онака сме заморчиња(мојата генерација) од ПРВО ОДДЛЕНИЕ.

Неспреност на професорите(т.н тестатори)
Да објаснам прво. Мислам на професорите кои се присутни за време на полагањето. Не знаеја да одговорат на технички прашања.

[/COLOR]
Сега засега толку од мене. Мислам дека имаше уште некои работи, кога ќе се сетам, повторно ќе пишам.

EDIT:
Начин на бодување
Сеуште не се знае колкав процент ќе носи успехот од средно образование, а колкав успехот од матурата.
[/COLOR]
Ах Tender_Girl вчера не ти пишав зашто веќе цело време едни исти работи вртите и немав никаков предизвик,а башка касно ми беше, си позборев со љубената и си легнав.
Што ти мислиш дека цела вечер мислев како да ви вратам? :pos: :pos:

1.Како сеа крај на трета ви кажале?
Нели другарката на Tender_Girl рече дека ние уште 3 години предтоа сме знаеле,што значи дека и вие сте знаеле од прва година.
Обединете си ги ставовите.
ДМ се знаеше дека ќе има.
Вие уствари мислите дека ви кажале крај на трета зашто ние тогаш бевме крај на 4та и ја одложивме.И тогаш искочија и рекоа оваа година нема ама следната сигурно има.
А за тоа од кога се знаело дека ќе има,ете на Tender_Girl другарка и сама ви го заби у грб:helou:

2. Кога ќе учите?
Од почеток на прва до крај на четврта.Јас мислам дека така се учи во средно.
Сеа вие што сте си праеле некои математики со оценките и неучењето,тоа не ме интересира ни мене,а богами ни Владата.

3.Како тоа нема шанси?
Ти мислиш дека 3ца ќе ги прегледуваат?
На факултет за 1000 души од 1 професор и асистент ги има резултатите за 3 работни дена.Не се секирај, уписите се на 26 и 27 Јуни до тогаш сигурно недела пред тоа ќе ги имате :)
А за оценувањето.Не е ова веќе македонски во вашето средно па на кој како му текне да си оценува.Си има јасно поставени критериуми и правила кои ќе се бараат од есејот,и сигурно нема да бидете оштетени.Владата ќе си најми компетентни луѓе

4.Факултетите не се битни во оваа приказна.И вие да одложите они на следна генерација пак ќе мењаат услови ако им се посака.Исто како што си мењаат приемни и испити :)

5.Неспременост на професорите?
Епа вие како што сте отишле да се заебавате таму и 60% да паднете и они мислиш прочитале нешто за ДМ?
Повторно ќе кажам,не се секирај, кога ќе им платат за таа работа ќе се уозбилат,а од пробната до државната има 8 месеци,можат многу добро да се спремат.
Да не забораваме,ова беше пробна и за нив,не само за вас.

Ај сеа фино ве молам најдете нешто што држи вода.:wink:
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Како кај се? Не се членови на форумот ама сега ти да не мислиш дека лажам кога велам дека и тие се бунат?
Дека не сме организирани и дека не исмеваат го знам тоа мн добро.Ама дека имаме причини да се буниме-ИМАМЕ !
Не,те прашувам кај се на протести?
Или од 300 души они беа дури 10%,односно сите 30 души од клас?
Ти беше на протести или на кафе?

И не,немате причини да се буните,имате причини да глумите:helou:
 

Crazy

PaRtY aNiMaL
Член од
16 февруари 2006
Мислења
684
Поени од реакции
4
Ах Tender_Girl вчера не ти пишав зашто веќе цело време едни исти работи вртите и немав никаков предизвик,а башка касно ми беше, си позборев со љубената и си легнав.
Што ти мислиш дека цела вечер мислев како да ви вратам? :pos: :pos:

1.Како сеа крај на трета ви кажале?
Нели другарката на Tender_Girl рече дека ние уште 3 години предтоа сме знаеле,што значи дека и вие сте знаеле од прва година.
Обединете си ги ставовите.
ДМ се знаеше дека ќе има.
Вие уствари мислите дека ви кажале крај на трета зашто ние тогаш бевме крај на 4та и ја одложивме.И тогаш искочија и рекоа оваа година нема ама следната сигурно има.
А за тоа од кога се знаело дека ќе има,ете на Tender_Girl другарка и сама ви го заби у грб:helou:

2. Кога ќе учите?
Од почеток на прва до крај на четврта.Јас мислам дека така се учи во средно.
Сеа вие што сте си праеле некои математики со оценките и неучењето,тоа не ме интересира ни мене,а богами ни Владата.

3.Како тоа нема шанси?
Ти мислиш дека 3ца ќе ги прегледуваат?
На факултет за 1000 души од 1 професор и асистент ги има резултатите за 3 работни дена.Не се секирај, уписите се на 26 и 27 Јуни до тогаш сигурно недела пред тоа ќе ги имате :)
А за оценувањето.Не е ова веќе македонски во вашето средно па на кој како му текне да си оценува.Си има јасно поставени критериуми и правила кои ќе се бараат од есејот,и сигурно нема да бидете оштетени.Владата ќе си најми компетентни луѓе

4.Факултетите не се битни во оваа приказна.И вие да одложите они на следна генерација пак ќе мењаат услови ако им се посака.Исто како што си мењаат приемни и испити :)

5.Неспременост на професорите?
Епа вие како што сте отишле да се заебавате таму и 60% да паднете и они мислиш прочитале нешто за ДМ?
Повторно ќе кажам,не се секирај, кога ќе им платат за таа работа ќе се уозбилат,а од пробната до државната има 8 месеци,можат многу добро да се спремат.
Да не забораваме,ова беше пробна и за нив,не само за вас.

Ај сеа фино ве молам најдете нешто што држи вода.:wink:

1. Тоа од прва година беше во стилот Има, нема, има, нема... Башка, како што кажав се крши законот. Не смее да се менуваат условите на учење на една генерација.

2. Ако внимателно прочита, не реков да учиме, туку да повториме. Не е мал материјалот, тоа е факт. Некои работи останале, некои избледиле и треба да се повторат. Логично, нели? :smir:

3. И тука ако внимателно прочита, не реков за прашањата со заокружување и решавање по некој шаблон(математика на пр), тука за есеите. 20000 есеи, 20000 стилови на пишување. Како и да ја свртиш работата, се одзема време. Многу време...

4. Факултетите се многу битни во приказната. Таму треба да продолжиме со нашата надградба. Ако тие, МОН и БРО немаат усогласен став... тешко нас

5. За петтово можеби до некаде си во право, но мислам дека проф. требаше да бидат спремни, нели пред 3 години имало најава или сепак не? :pipi:
А за тоа дали некој се заебавал, не можам да тврдам за другите, можам само да кажам за мене. Јас не се заебавав и решавав.
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.404
Поени од реакции
5.960
5.Неспременост на професорите?
Епа вие како што сте отишле да се заебавате таму и 60% да паднете и они мислиш прочитале нешто за ДМ?
Повторно ќе кажам,не се секирај, кога ќе им платат за таа работа ќе се уозбилат,а од пробната до државната има 8 месеци,можат многу добро да се спремат.
Да не забораваме,ова беше пробна и за нив,не само за вас.
Се` што сакав да кажам ти одговори Crazy, само да надополнам. На професорите им беше платено и за пробната па се однесуваа крајно непрофесионално, си правеа муабет меѓусебно кој какви чизми си купил додека ние пишувавме и се обидувавме да се концентрираме.
Значи ако работата се сфаќа сериозно, треба да се сфати сериозно и од двете страни.
И престанете со тие муабети, „загрејте го столчето и учете“ зашто си знаеме ние и без да ни се каже тоа, кој има навика и кој учел досега ќе седне и ќе си повтори другите ќе кукаат. Само многу е лесно да се зборува од страна, ама тешко е кога се чувствуваат некои работи. И мене би ми било многу лесно ако не полагаме следната година на тие матуранти да им викам абе седнете учете.
Вам ако толку многу ви се учеше требаше да го докажете тоа, а сведок сум дека и многумина од вашата генерација додека траеше штрајкот седеа на кафе и губеа часови. Не знам кој ќе се пронајде овде.
Немав намера да пишувам на темата ама ме испровоцираа некои постови. Подобро не се интересирајте за нас, државната матура е наш проблем и преку глава ни е од се` па недостига уште и да ни соли памет некој што воопшто не е компетентен да го прави тоа.
 
Член од
26 јануари 2007
Мислења
2.202
Поени од реакции
1.943
Не,те прашувам кај се на протести?
Или од 300 души они беа дури 10%,односно сите 30 души од клас?
Ти беше на протести или на кафе?

И не,немате причини да се буните,имате причини да глумите:helou:
Што се обидуваш да ми кажеш? Дека повеќето седат во кафичи или спијат дома наместо да одат на протести? Тоа не го поништува фактот дека има и такви кои одат на протести и навистина се незадоволни од матурата.

И пак не ми одговори зошто вие лани се бунивте кога и вие сте знаеле 3 часа и 50 минути пред 12.
Ако тоа не сакаш да го кажеш значи дека и вие сте немале причини да се буните и точка.Повеќе не зборувам.
 

Mainframe

Mr.Goodkat
Член од
14 јануари 2008
Мислења
336
Поени од реакции
30
Би сакал и јас да искажам едно мислење бидејќи овој проблем ме засега и мене(и јас сум матурант). Е сега едно да расчистиме. Полагањето матура како прво и прво е воведено за приближување кон ЕУ и нивните стандарди и тоа како замена за приемен испит. Ако ме прашувате мене тоа е и добра замена, ако ги земеме во предвид и условите во кои ќе се полага. Македонски јазик: тестот на пробната матура беше толку никаков што дури и полуматурант ќе го положи без ''тешка'' подготовка. Еве ви еден пример од пробната матура за оние кои не ја виделе како изгледа: ви е даден текст на тема наркоманија или не знам како беше точно. Во првиот ред ви пишува ''НАРКОМАНИЈА Е бла бла бла...'', а прашањето ви гласи ''Што е наркоманија?'' И тоа ли е толку тешко? Може да ги потцрташ тие два реда и со една стрелка да ги поврзеш со прашањето. Во врска со есеите: кај нас читаа некои есеи од ланските пилот матури и да ви кажам истиве звучеа толку идиотски што личеа како да се напишани од некои основци, а на наше изненадување - положиле. Матурата е еднаква за СИТЕ средни училишта! Заради тоа, не очекувајте некоја тема за материјалната метафизика на Шолохов или есенцијалноста на животот ами нешто многу попросто, а за критериумите на комисијата со сигурност ви гарантирам дека нема да се високи. За англиски јазик ми кажаа дека бил релативно лесен, но не можам да се придржувам до тоа бидејќи јас не полагав англиски ами математика - напредно ниво. За математика ќе ви кажам само едно : загрејте си столчето и пенкалцето и вежбајте! И јас знам дека формулите се бројни (учам ПМ-А комбинација и знам како е, лани учев 3 математики) ама што да правиме сега. Се кажува дека и ќе го олесниле екстерниот по математика, а можеби ќе биле дозволени и листови со формули како дополнително олеснување. Ова го прават ли на приемен испит? Според мене, поарно да се полага математика на матура отколку да ти го опнат приемниот со математика за кој сум сигурен дека е потежок. За интерните предмети: никој професор не е будала да ви направи тестови за кои ќе треба да ги знаете целите книги напамет, затоа што резултатите од тестовите ќе се одразат и на работата на професорите, а тука сега јас и ќе ви споменам дека ќе има и ''дополнителни информации'' за тестовите како на пример отприлика кои ќе се прашањата и слично. Пр. Што е полесно: полагање интерно по биологија (учебници од 1,2 и 3та година) со горенаведените околности, или приемен испит по медицина каде ги имаш учебниците од сите четири години? За прегледувањето на тестовите: еден добар дел од тестовите се прегледува компјутерски а останатото се прегледува ''рачно'', така да резултатите ќе бидат готови за 1-2 недели најкасно.
Единствениот проблем кој јас го гледам и што лично ме засегае тоа што сеуште не е сигурно дека матурата ќе биде замена за приемен испит, што за мене е крајно неприфатливо, т.е. да се полагаат 2 испити. Или матура, или приемен, трето не би требало да има. И неколку збора за т.н. ''штрајкови''. Ако ова е штрајк, јас сум Бред Пит. Ќе дојдат дечката на школо ќе видат едно стотина души пред дворот и право си велат ''супер нема школо ај на кафе'' и следното што ќе го видиш за едно 15-30 минути: нема живо пиле во дворот, сите се дома, јадат или пијат кафе некаде или прават нешто трето. Нема никаква организација бре луѓе. На родителска средба ги прашуваат децата, едно 80% ќутат како калуѓерки со завет на молчење. Луѓето штрајкуваат со месеци и не го добиваат тоа што го сакаат, а зборуваме за вистински организиран протест кој личи на нешто, а не за распуштена банда средношколци.
Точно е дека има нерешени работи во матурата кои бараат внимание и кои треба да се решат, ама соочете се со фактот дека нешто ќе полагате па и од газот да си апнете. Затоа седнете и книгата пред вас, да знаете дека проблемите ќе се најдат кај мамините деца кои преку комшија, втор-трет братучед или роднина си ги редат петките, а не отвориле книга.
Знам дека ова се коси со мислењата на повеќето средношколци, мразете ме, колнете ме, навредувајте ме, правете што сакате, ама сфатете дека јас само ви ја кажувам реалноста, ништо друго.
 

unknow

master
Член од
8 февруари 2008
Мислења
62
Поени од реакции
5
hey mac mislam deka voopsto ne me razbra jas sakav samo da ti kazam deka me teraat da polagam nesto sto ne sum go ucel
treba da polagam istorija sto ne sum ja ucel
kako sto kazav istorija jas imav dve godini (ucam vo boris praven smer) a na maturata se bara matrijal od 4 godini (i ubavo si pisuva deka nie treba sami da se potrudime poveke) znaci rabotava ispaga ZEMI I SAM NAUCISI
ova e za nikade jas ucam vo sredno pravno uciliste i da ne mozam da se zapisam na praven (mislam mozam ali ako si naucam i toa sto ne sum ucel a toa sto nekooj go uci za 2 god sea ja treba da zeam i da go naucam za 2 meseci)
 

Ann.

Queen of Nature
Член од
27 април 2006
Мислења
504
Поени од реакции
50
Прво ние..или барем јас не се вадиме на фактот дека не сме знаеле.Јас тоа го потенцирав зошто пред тоа беше кажано дека дека на претходната генерација им било кажано во 5 за 12,што не е точно.
Второ на никој ништо не сум забила в грб,само кажувам што е и како е и се обидувам да гледам објективно на работите,а не пристрасно.
Трето...Ако вие претходните генерации сте учеле од прва до четврта редовно, па зошто тогаш сте биле против полагање на ДМ...немој сега да го употребиш аргументот дека не сте биле навремено известени...
А тоа дека треба да се учи треба,ама некои банални работи тогаш треба да се отфрлат и уште од прва година да се селектираат работите кои што ќе бидат потребни за полагањето на ДМ.Е сега кој си учел па и нема да му биде толку тешко.А единствено се согласувам со државнава матура зошто ќе се види кој учел,а кој си добивал напумпани оценки.И повторно нагласувам не е проблемот да се научи,проблемот е тоталната неогранизација на ДМ.
Четврто-пробна матура имаше и лани во неколку градови во Македонија.Од кои што беше и Охрид,дали оваа година им беше пробна на професорите и кај нас?Или им беше по втор пат,што треба да значи дека треба да се доволно обучени,нели?Но неее,беше хаос. Ни останува да одиме на тоа дека сега трета среќа ќе биде,нели?:wink:
 
Член од
30 декември 2007
Мислења
794
Поени од реакции
330
Denes na vesti slusnav deka verojatno bodovite za na fakultet ke bidat 60% od uspehot a 40% od maturata, so sto stanuva mnogu polesno.
 

Mainframe

Mr.Goodkat
Член од
14 јануари 2008
Мислења
336
Поени од реакции
30
Трето...Ако вие претходните генерации сте учеле од прва до четврта редовно, па зошто тогаш сте биле против полагање на ДМ...немој сега да го употребиш аргументот дека не сте биле навремено известени...
А тоа дека треба да се учи треба,ама некои банални работи тогаш треба да се отфрлат и уште од прва година да се селектираат работите кои што ќе бидат потребни за полагањето на ДМ.Е сега кој си учел па и нема да му биде толку тешко.А единствено се согласувам со државнава матура зошто ќе се види кој учел,а кој си добивал напумпани оценки.И повторно нагласувам не е проблемот да се научи,проблемот е тоталната неогранизација на ДМ.
Нормално е тоа да има противење на промените. Секоја промена доведува до појава на проблем. И генерацијата после нас ќе имат проблеми со истата ДМ, со разни модификации и слично. И да ти кажам ќе ми биде мерак што ќе ја полагаме заради некој што преку мама, тато, роднините и компанијата што доаѓа со нив си минуваат со одличен успех а немат три чисти од тоа што го учат. И фала богу има некој што гледа објективно на нештата :wink:

Denes na vesti slusnav deka verojatno bodovite za na fakultet ke bidat 60% od uspehot a 40% od maturata, so sto stanuva mnogu polesno.
Еве уште едно олеснување. А башка и додатно ќе објават критериуми за оценување така да знете дека ќе треба да сте ептен ''даски'' за да паднете на ова чудо што го нарекуваат матура
 

Kajgana Shop

На врв Bottom