Нема работни места или нема кој да работи?

  • Креатор на темата Креатор на темата girlll
  • Време на започнување Време на започнување
Има работа да не се лажеме.
Ама со плата од некои бедни 7-8000 еве и 12000 денари нека се, можеш само да преживееш.
За едно четири члено семејство потребни се минимум 30000 денари месечно за да преживее.

Какво ќе биде дневното мени на еден работник кој зема 8000?
-Доручек: ѓеврек
-ручек: супа и пола кило леб и некоја јаболка
-вечера: леб и маргарин или у подобар случај паштета

А кај се комуналиите кај се сапуните прашаците средствата за лична хигиена,алишта,книги,пари за слободна,пари за ужинка,бензин,регистрација,факултет,пари за на кино,сладолед екскурзија,кашички,пелени,апчиња ????????

Вие изгледа сте мазохисти или луди трето нема.

Е па, ако едно четири члено семејство, се потруди да има повеќе за јадење и се` друго, ќе успее. Четворица по 8000 - 12 000 илјади денари, колку прават?
Ама не, децата не можеле да учат и да работаат, децата треба да живеат додека се млади и бла бла бла.:nesvest:
Значи да си повторам, ако немам кажано. Работа има, но немаме работници. Имаме само луѓе кои кукаат дека државата ништо не им нудии помага, а кога излегуваат по леб сигурно поминуваат покрај многу дуќани кои бараат работници. Да не почнам да зборувам за помладите. Да не почнам!
Туку морам, еве само еден пример, со што ќе се надоврзам на Мериџејн-појзон ... познавам една девојка која дипломира скоро, а во меѓувреме работеше во една голема фирма како сметководител. После 3 месеци работа, даде отказ, затоа што сметала дека малку е платена (10 000 денари).
Потоа, веднаш најде друга работа, но пред да почне даде отказ. Почетна плата и била 12 000 илјади денари, за да заменува некоја директорка на фирма т.е. да надгледува секој ден што се работи. Почетна плата, а? Малку и било. Финтата е во тоа што вика зошто таа се школувала ... за бедни 12 000? Мислам младинава е луда. Вакви појави кои мислат дека ако завршиле факултет треба веднаш да се запослат и да примаат плата над 50 000 илјади денари ме тераат на повраќање. Сите други што се мачиме за многу помалку испаѓаме глупави. И после нема работа ... аха, секако дека нема.
 
Дивајн немаш деца па не знаеш што збориш.
Децата ќе работеле?
Детето може да почне да работи од 15 години пред тоа законски е забрането (не правам муабет за тие што живеат на село).
Еден 15 годишњак може да поработи 2,3 месеци за распустот во некој кафич,интернет кафе,пицерија бутик и слично, за некои бедно 15,16 денари кои нема ни за џепарац да му стигнат (а знак прашање е дали и тие ќе ги добие).
А што правиме со тие што имаат мали деца?
И двајцата родители нека земаат околу 12000 денари тоа се 24000 денари, тие пари одвај за јадење ќе им стигнат.
И батали ги младите, што правиме со постарите?
Со оние што напуниле 50 години а немаат ни 10 години стаж.
Да не сакаш еден 50 годишњак да ти работи во неткафе,или кафич?
Биде сериозна малце.

Во македонија има 400000 невработени, според твојава логика ќе отвориме 10000 кафичи 2000 неткафиња 3000 бутици и проблемот со невработеноста е решен.:tv:

Македонија е земјоделска земја треба луѓето да се вратат во родните огништа да земат кредити до 15000 евра и да почнат да одгледуваат ноеви,полжави, печурки.
За да се генерираат нови вработување потребно е драстично да се зголеми извозот.
 
их да беше така да земаа сите по 12000 денари на коњ ќе бевме.Помалку се зема и крај со крај се врзува...жално
 
Знам дека си зема многу помалце.
Со 12000 влегуваш веќе во средната класа. :nesvest:
 
kako ne tepaat za rabota, da ides po ulica pa ke te vrabotat, abe se znae, kolku ima nevrabotenost, kakov ni e standardot, sto tresete gluposti, imalo rabota, ima za da rabotis dzabe a da zarabotis nema, hranata e skapa, ne se isplati da jades, a treba hrana svakog dana, sto zboris gluposti, pa uste deca fali, da imase rabota ke cvetavme ama nema, nevrabotenost, mizerija, skapotija, samo so kriminal da se fatis pa ako ne te fatat ok ama i za toa treba da te biva, ma ajde, ima rabota ima kako ne, zatoa ne ne esapat za muzi nasive zeni i se bavat so parajlii oti ne znam kakov bac da si ako nemas pari ko bez ur da si, abe non sens.
 
На второ место е фирмата „Бујото“, која објавила 110 огласи за ангажирање работници
:pos2::pos2::pos2: Свињата која не плаќа и експлоатира влегува во статистиката. Информацијава е epic fail.
Туку морам, еве само еден пример, со што ќе се надоврзам на Мериџејн-појзон ... познавам една девојка која дипломира скоро, а во меѓувреме работеше во една голема фирма како сметководител. После 3 месеци работа, даде отказ, затоа што сметала дека малку е платена (10 000 денари).
Проблем гледаш во гордоста на работникот, а не во тоа што сметководител во земјава зема пониска плата од просечната? Професија која е една од најдобро платените во нормални земји. :toe:
Вакви појави кои мислат дека ако завршиле факултет треба веднаш да се запослат и да примаат плата над 50 000 илјади денари ме тераат на повраќање.
Не, сите појави на пазарот на труд ако барем кратко се бунтуваа со воздржување на стапување во работен однос со што ќе крахира пазарот, ќе се дигнат класни немири и многу богати копилиња ќе умрат во бунтот, светот ќе беше подобро место за живеење. :vozbud:
 
Проблем гледаш во гордоста на работникот, а не во тоа што сметководител во земјава зема пониска плата од просечната? Професија која е една од најдобро платените во нормални земји. :toe:

Не сме нормална земја, капиталистите упорно ме убедуваат... “такво е времето, таков е системот, прилагоди се или умри“. Еве, тоа го живвеме, нема и јаре и паре...
The Chosen one напиша:
И двајцата родители нека земаат околу 12000 денари тоа се 24000 денари, тие пари одвај за јадење ќе им стигнат.
Тие пари далеку од тоа дека едвај за јадење ќе им стигнат освен ако не се хранат секојдневно со кавијар и француско вино.
Пак ќе се надоврзам на одговорот кон Бада... Ние живееме во земја каде (и ти пиша) има 400 000 невработени. И во ситуација каде умираме од глад буквално како да сме Еритреја, и уште можеме да си дозволиме да речеме дека секој денар кој влегува во нашиот џеб е малку? :nesvest:
Ние сите, имаме проблем со своето его и со мрзеливоста која наеднаш стана наше ексклузивно право а не на црногорците.
Дивајн напиша:
Вакви појави кои мислат дека ако завршиле факултет треба веднаш да се запослат и да примаат плата над 50 000 илјади денари ме тераат на повраќање.
Па сите оние кои завриле факултет за да работат работа која би требало да е платена 50 илјади треба да бидат барани за тоа место. Но, во нормални земји исто така. Каде нема препишување на испит исто така. Каде нема подмитување исто така. Каде нема вртоглава невраотеност исто така. Но кога се наоѓаме во ситуација каде практично ништо не функционира на дело, зар ќе тераме филозофии како треба да биде? Не! Ќе рмбаме и ќе преживееме, додека нешто подобро не искочи на виделина.
 
sekako deka ima rabota barem za pomladite ...toa deka nema rabota se samo izgovori a ako stvarno sakas sekako deka ke najdes....i jas do lani mislev deka nema da najdam nesto ali neocekuvano izleze i poveketo sto gi poznavam ova leto najdoa rabota....ako sakas ke najdes
 
Тие пари далеку од тоа дека едвај за јадење ќе им стигнат освен ако не се хранат секојдневно со кавијар и француско вино.

Да направиме мала пресметка.
За едно просечно македонско семејство со две деца чии примања се далеку над македонскиот просек односно 24000 (Да не правиме муабет за оние што земаат 8000 денари плата или за социланите случаеви кои парчето леб го заработуваат продавајќи ѓевреци на -20 во зима и на +40 во лето).

-6000 за комуналии
-3000 прашаци и средства за лична хигиена
-500 за интернет
-1000 за слободна
-1000 за искачање
-500 за мобилен
-12000 за јадење

Значи се на се им остануваат 400 денари дневно за јадење.:nesvest:
За секој по 100 денари, а со 100 денари можеш да купиш само еден пица бурек и јогурт, а кај е ручекот кај е вечерата кај е овошјето кај се соковите???
Во австрија каде земаат 2000 евра плата зејтинот е 50-60 денари а во македонија каде се зема 150 евра плата зејтинот е 80-90 денари.
Луѓе не се правите луди бидете разумни.
 
Има работа да не се лажеме.
Ама со плата од некои бедни 7-8000 еве и 12000 денари нека се, можеш само да преживееш.
За едно четири члено семејство потребни се минимум 30000 денари месечно за да преживее.

Какво ќе биде дневното мени на еден работник кој зема 8000?
-Доручек: ѓеврек
-ручек: супа и пола кило леб и некоја јаболка
-вечера: леб и маргарин или у подобар случај паштета

А кај се комуналиите кај се сапуните прашаците средствата за лична хигиена,алишта,книги,пари за слободна,пари за ужинка,бензин,регистрација,факултет,пари за на кино,сладолед екскурзија,кашички,пелени,апчиња ????????

Вие изгледа сте мазохисти или луди трето нема.

Е па, ако едно четири члено семејство, се потруди да има повеќе за јадење и се` друго, ќе успее. Четворица по 8000 - 12 000 илјади денари, колку прават?
Ама не, децата не можеле да учат и да работаат, децата треба да живеат додека се млади и бла бла бла.:nesvest:
Значи да си повторам, ако немам кажано. Работа има, но немаме работници. Имаме само луѓе кои кукаат дека државата ништо не им нудии помага, а кога излегуваат по леб сигурно поминуваат покрај многу дуќани кои бараат работници. Да не почнам да зборувам за помладите. Да не почнам!
Туку морам, еве само еден пример, со што ќе се надоврзам на Мериџејн-појзон ... познавам една девојка која дипломира скоро, а во меѓувреме работеше во една голема фирма како сметководител. После 3 месеци работа, даде отказ, затоа што сметала дека малку е платена (10 000 денари).
Потоа, веднаш најде друга работа, но пред да почне даде отказ. Почетна плата и била 12 000 илјади денари, за да заменува некоја директорка на фирма т.е. да надгледува секој ден што се работи. Почетна плата, а? Малку и било. Финтата е во тоа што вика зошто таа се школувала ... за бедни 12 000? Мислам младинава е луда. Вакви појави кои мислат дека ако завршиле факултет треба веднаш да се запослат и да примаат плата над 50 000 илјади денари ме тераат на повраќање. Сите други што се мачиме за многу помалку испаѓаме глупави. И после нема работа ... аха, секако дека нема.

И двајцата сте до некаде во право.Со една плата од 8000 ден,колку што е просечно во Македонија тешко дека може да се живее.Точно кажа THE_CHOSEN_ONE,со таква плата можи само да се преживее.Само факултетот на децата чини по 500 евра,да не зборуваме ако има две или три деца во семејството.А ако не оди да се школува,тогаш му стои уште поцрна иднина.И да земи да работи и да студира истовремено,ќе успее само да ја плати киријата и некој учебник.
Во државата има работа,но само по кафичи,бутици и продавници.А сите гледаме дека во огласот за работа на такви места се бараат девојки или момци до мак.35 год.А другите што треба да прават?Луѓето кои останале без работа,а се сеуште работоспособни?Дали нив некој ќе ги прими да работат во кафич или во бутик?Нормално дека не.Ова го зборувам од искуство.
Е сега,ќе се сложам и со Дивајн,дека има еден куп мрзливи,кои имаат по 23-24 години и поќе,немаат работа,не сакаат да студираат и мирно си дремат дома,чеќајќи парите и работата да им паднат од небо.По цел ден кукаат како нема работа,а воопшто не се ни потрудиле да побараат и чекаат од мама и тато пари за на кафе и за излегвање и тоа секој ден.Е тоа е веќе крајно безобразно.Врв на се е,што пребираат што да работат.Кај немаат работа,па уште и неќеле ова неќеле она да работат,па тоа им било испод понижење.Е такви и да умрат за леб не ги жалам.
Во ваква држава како нашата,нема што да пребаруваш.Ако сакаш да преживееш ќе одиш и ќе работиш било што,за да заработиш за еден нормален живот.
 
Да направиме мала пресметка.
За едно просечно македонско семејство со две деца чии примања се далеку над македонскиот просек односно 24000 (Да не правиме муабет за оние што земаат 8000 денари плата или за социланите случаеви кои парчето леб го заработуваат продавајќи ѓевреци на -20 во зима и на +40 во лето).

-6000 за комуналии
-3000 прашаци и средства за лична хигиена
-500 за интернет
-1000 за слободна
-1000 за искачање
-500 за мобилен
-12000 за јадење

Значи се на се им остануваат 400 денари дневно за јадење
.:nesvest:
За секој по 100 денари, а со 100 денари можеш да купиш само еден пица бурек и јогурт, а кај е ручекот кај е вечерата кај е овошјето кај се соковите???
Во австрија каде земаат 2000 евра плата зејтинот е 50-60 денари а во македонија каде се зема 150 евра плата зејтинот е 80-90 денари.
Луѓе не се правите луди бидете разумни.

Не ти разбирам нешто, како тоа 12 илјади за јадење, а после пак им остануваат по 400 за јадење?
Инаку, преживувањето се нарекува исто така живеење, за разлика од смртта, или уште полошо од живеењњто со кукање. Ти бирај, дека нема работа, дека те мрази шефот, дека те боли колено и не можеш да работиш. Тоа не е живот, тоа е оправдување за тоа дека си жив. Со 5 илјади ќе бидеш среќен ако не си навикнат на плачење и на готоварење. Да, ќе се откажеш од многу нешта, ама секогаш ќе ти остане гордоста дека не си цмиздрел ко пи*ка. Навикнати сме да не работиме бе, признај и да одиме понатаму.
 
Триесеет дена по 400 денари=12000 денари.
Јас имам другар што има работено по шеснаесет саати дневно за 6000 денари ама другаров немаше леб да јаде.
Оној кој е вреден секогаш ќе најде работа тоа е факт.

Сега ми текна на една владина реклама со едно чиче што продаваше весници на семафор и после неколку години го покажуваат човеков со мерцедес Ц класа, какви смешки :nesvest:
За да се смени ситуацијата во македонија потребни се коренити реформи.
Треба Груевски да пушти полиција,восјка,хеликоптери,багери,мигови апачи и да ги извади џаболебарите од кафичите и да ги прати на нива.
Да копаат и да видат како се заработува лебот со сопствениот труд.

Ти може ќе го извадиш парчето леб перејќи садови во некој биртија ама тоа е чист егоизам.
Зошто?
Па со платата од 8000 денари привремено ќе ги решиш сопствените егзестинцијонални проблеми ама што правиме со оние кои се работо неспособни,инвалиди самохрани мајки, стечајци кои наполниле 50 години?
Не се ли тие луѓе?
Не заслужуваат и тие достоинствен живот?
 
Нема збор, дека општеството ни е во колапс. Исто така нема збор дека карактерот на македонецот е пред умирање. Не е црна ниту бела работата.
Ама да ми кажеш дека нема работа, не можам да се сложам. Има само луѓе кои не сакаат да се трудат да најдат. Не сме Норвешка, знам, па да те канат, ама да работиш за преживување е подобро од тоа да позајмуваш и да плукаш дека нема работа.

Пак ќе речам, старите викаат: Џабе работи, џабе не седи.
 
одговорот на почетното прашање е: и двете

те поддржувам во ова

во Скопје има работа ама не им се работи на луѓево,
а низ другиве делови на Македонија им се работи ама нема работа
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom