Викторе да не дипломирав на струка која за првпат беше воведена во земјава пред мојата генерација,ќе речев алал да ти е на муабетов.Но со вакво искуство ќе ги советувам помладите,освен на економски,правен,машински,електро,фармација,на никој друг да не ги фрлат парите.
И спротивно од тебе,неможе да го занемариш фактот Македонија и условите кој важат во неа.Да бевме некаде на друго место,ќе ја разглабавме тамошната ситуација,но овде сме, кај нас иде вака:
-Нема стартегија на труд (или воопшто не се почитува)
-Само формално се отвараат нови струки,кој потоа ни на интервју не ги викаат.Тука ќе ги набројам скоро сите струки од Битолски универзитет кој постојат повеќе од 6 години,а за да биде реалноста посурова и на Скопски ги отвараат истите.
-Овде не се знае кој јаде,кој пие.Со економски е доктор,со правен е новинар,со педагошки е воено лице,со филозофија е адвокат.Зошто?Затоа што е врска држава,каде може таму ќе те пикнат.Како резултат на тоа,политиката на труд е само на хартија.
Кај нас нема работа за сите,немаме бре производство,немаме мали биниси,немаме извоз,каде може да има работни места,освен во земјоделие.Но тоа не е причина,да ги скрстиш рацете и да дремеш дома.Ќе одиш,ќе бараш,ќе молиш,ќе колиш,ќе растовараш,ќе чистиш и некоја лигла ќе ти рече дека си под ниво.