Дивајн
блаблабла
- Член од
- 3 април 2005
- Мислења
- 15.748
- Поени од реакции
- 1.856
Има работа да не се лажеме.
Ама со плата од некои бедни 7-8000 еве и 12000 денари нека се, можеш само да преживееш.
За едно четири члено семејство потребни се минимум 30000 денари месечно за да преживее.
Какво ќе биде дневното мени на еден работник кој зема 8000?
-Доручек: ѓеврек
-ручек: супа и пола кило леб и некоја јаболка
-вечера: леб и маргарин или у подобар случај паштета
А кај се комуналиите кај се сапуните прашаците средствата за лична хигиена,алишта,книги,пари за слободна,пари за ужинка,бензин,регистрација,факултет,пари за на кино,сладолед екскурзија,кашички,пелени,апчиња ????????
Вие изгледа сте мазохисти или луди трето нема.
Е па, ако едно четири члено семејство, се потруди да има повеќе за јадење и се` друго, ќе успее. Четворица по 8000 - 12 000 илјади денари, колку прават?
Ама не, децата не можеле да учат и да работаат, децата треба да живеат додека се млади и бла бла бла.:nesvest:
Значи да си повторам, ако немам кажано. Работа има, но немаме работници. Имаме само луѓе кои кукаат дека државата ништо не им нудии помага, а кога излегуваат по леб сигурно поминуваат покрај многу дуќани кои бараат работници. Да не почнам да зборувам за помладите. Да не почнам!
Туку морам, еве само еден пример, со што ќе се надоврзам на Мериџејн-појзон ... познавам една девојка која дипломира скоро, а во меѓувреме работеше во една голема фирма како сметководител. После 3 месеци работа, даде отказ, затоа што сметала дека малку е платена (10 000 денари).
Потоа, веднаш најде друга работа, но пред да почне даде отказ. Почетна плата и била 12 000 илјади денари, за да заменува некоја директорка на фирма т.е. да надгледува секој ден што се работи. Почетна плата, а? Малку и било. Финтата е во тоа што вика зошто таа се школувала ... за бедни 12 000? Мислам младинава е луда. Вакви појави кои мислат дека ако завршиле факултет треба веднаш да се запослат и да примаат плата над 50 000 илјади денари ме тераат на повраќање. Сите други што се мачиме за многу помалку испаѓаме глупави. И после нема работа ... аха, секако дека нема.