Мистичен
Човек
- Член од
- 23 јануари 2005
- Мислења
- 13.578
- Поени од реакции
- 1.098
Премиерот Никола Груевски, во согласност со членовите на Владата, им упатил отворено писмо на сите полициски служебеници, а пред се на оние кои се вработени во сообраќајната полиција, во кое бара од нив промена на однесувањето, поголема култура и упорност во сузбивањето на корупцијата и митото.
“Со оглед на искуствата и реакциите кои стигнуваат до мене од голем број на граѓани, како и според информациите до кои доаѓам и ситуациите на кои и самиот сум бил сведок, Ве молам исклучително сериозно да ги имате на ум и да ги земете предвид следниве забелешки:
Во контактот со сите граѓани да се однесувате строго службено, пристојно и согласно процедурите на однесување на МВР, особено соораќајната полиција и униформираните лица.
Да внимавате на културно однесување со граѓанинот, со респект кон неговата личност и дигнитет, независно дали личноста е подложна на контрола во моментот или пак направила прекршување на законот. Не треба да се понижува или омаловажувава ниту едно лице со кое се воспоставува комуникација. Полицаецот кон секого треба да се обраќа на „Вие“ од почетокот до крајот на постапката. Секој треба да се ословува со „Господине“ или „Госпоѓо/Госпоѓице“, независно на престапот што го направиле. Да не се применува подигање на тонот, лични навреди кон лицата, деградирања, омаловажување, партиски пристап, приватен пристап, заплашување и слично. Ваквиот однос на сообраќајната полиција и на другите униформирани лица треба да биде еднаков кон сите, и кон граѓанин кој што е директор или политичар или некој друг моќен човек, и истовремено кон секој работник, невработен, земјоделец, државен службеник, пензионер или било каков да е неговиот социјален стасус, етничка припадност, религиска припадност, странец или државјанин на РМ. Секогаш кога нешто се бара од лицето да се употребува зборот „Ве молам“. На крајот доколку при контролата не се утврди грешка или незаконито работење да се каже: „Ви благодарам и извинете за времето што ви го одзедов“, стои во писмото од Груевски.
Понатаму од полицијата се бара да го спроведуваат редот во секое населено место, да бидат казнети сите кои во сообраќајот ќе го прекршат законот, а полицајците не смеат да бираат кого ќе казнат а кого не.
“Во никој случај не е дозволено заради политичка припадност или неистомисленост, полицискиот службеник да го ослободи некој од казна, или пак да го казни ако не го прекршил законот“, пишува премиерот Груевски.
Употребата на сила треба да биде строго ограничена, а секоја злоупотреба ќе биде санкционирана. Вербалната навреда кон полициски службеник пак е казнива со закон, но за спроведувањето на таа казна е задолжен судот, обвинителството и други органи каде полицаецот треба да пријави преку МВР.