Груевски ги предупреди полицајците

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.098
Премиерот Никола Груевски, во согласност со членовите на Владата, им упатил отворено писмо на сите полициски служебеници, а пред се на оние кои се вработени во сообраќајната полиција, во кое бара од нив промена на однесувањето, поголема култура и упорност во сузбивањето на корупцијата и митото.

“Со оглед на искуствата и реакциите кои стигнуваат до мене од голем број на граѓани, како и според информациите до кои доаѓам и ситуациите на кои и самиот сум бил сведок, Ве молам исклучително сериозно да ги имате на ум и да ги земете предвид следниве забелешки:

Во контактот со сите граѓани да се однесувате строго службено, пристојно и согласно процедурите на однесување на МВР, особено соораќајната полиција и униформираните лица.
Да внимавате на културно однесување со граѓанинот, со респект кон неговата личност и дигнитет, независно дали личноста е подложна на контрола во моментот или пак направила прекршување на законот. Не треба да се понижува или омаловажувава ниту едно лице со кое се воспоставува комуникација. Полицаецот кон секого треба да се обраќа на „Вие“ од почетокот до крајот на постапката. Секој треба да се ословува со „Господине“ или „Госпоѓо/Госпоѓице“, независно на престапот што го направиле. Да не се применува подигање на тонот, лични навреди кон лицата, деградирања, омаловажување, партиски пристап, приватен пристап, заплашување и слично. Ваквиот однос на сообраќајната полиција и на другите униформирани лица треба да биде еднаков кон сите, и кон граѓанин кој што е директор или политичар или некој друг моќен човек, и истовремено кон секој работник, невработен, земјоделец, државен службеник, пензионер или било каков да е неговиот социјален стасус, етничка припадност, религиска припадност, странец или државјанин на РМ. Секогаш кога нешто се бара од лицето да се употребува зборот „Ве молам“. На крајот доколку при контролата не се утврди грешка или незаконито работење да се каже: „Ви благодарам и извинете за времето што ви го одзедов“, стои во писмото од Груевски.
Понатаму од полицијата се бара да го спроведуваат редот во секое населено место, да бидат казнети сите кои во сообраќајот ќе го прекршат законот, а полицајците не смеат да бираат кого ќе казнат а кого не.

“Во никој случај не е дозволено заради политичка припадност или неистомисленост, полицискиот службеник да го ослободи некој од казна, или пак да го казни ако не го прекршил законот“, пишува премиерот Груевски.

Употребата на сила треба да биде строго ограничена, а секоја злоупотреба ќе биде санкционирана. Вербалната навреда кон полициски службеник пак е казнива со закон, но за спроведувањето на таа казна е задолжен судот, обвинителството и други органи каде полицаецот треба да пријави преку МВР.
 

badluckguy

Оган под ѕвездите
Член од
8 октомври 2007
Мислења
2.925
Поени од реакции
131
Убава замисла,ама многу недоделкани има во полицијата.
Сепак имам во глобала пријатни искуства со помладите кадри вработени во сообраќајна полиција.
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
За Алфите ќе важи ова?
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Сега да ти е милина да те сопре џандар.:)
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Вака напишано, звучи одлично и овој потег на Груевски(заедно со уште многу други) е навистина за поздравување.
Само етичноста и професионалноста која со право ја бара, ми делува малку дискутабилно кога ќе се потсетам на сите помпезни апсења(медумиски поткрепени) кои беа изведени од оваа влада. Тие некако ми се косат со замислата за почитување на личниосниот дигнитет.
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Само фали уште малку поеднаков пристап кон оние кој треба да се апсат, вака Пауновски во Австралија,Ламбе никаде го нема,Далавера го заборавивме и се нешто се вртат само проСДСМовски настроени криминалци по оваа медиумиве,се разбира сега ќе ги апсат барем со малку покултурен речник оти досега сигурно ги пцуеа кога ги апсеа.:)
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Само фали уште малку поеднаков пристап кон оние кој треба да се апсат, вака Пауновски во Австралија,Ламбе никаде го нема,Далавера го заборавивме и се нешто се вртат само проСДСМовски настроени криминалци по оваа медиумиве,се разбира сега ќе ги апсат барем со малку покултурен речник оти досега сигурно ги пцуеа кога ги апсеа.:)
Добро бе нели ти скурчи? Ја шо ти го читам секој 37ми пост ми е скурчено од твојата негативност, а тебе нели ти скурчуе шо мораш секој ебан пост да си го напишеш?!?! :tapp: :pop:
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Добро бе нели ти скурчи? Ја шо ти го читам секој 37ми пост ми е скурчено од твојата негативност, а тебе нели ти скурчуе шо мораш секој ебан пост да си го напишеш?!?! :tapp: :pop:
Weector, АБЦ уствари се група на евреи кои се платени за она што го пишуваат. Токму затоа не им е смачено да пишуваат едно те исто катадневно.
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Weector, АБЦ уствари се група на евреи кои се платени за она што го пишуваат. Токму затоа не им е смачено да пишуваат едно те исто катадневно.
Група на евреи?:vozbud:
Бадо слушаш ли? Брзо стани дел од alphabet Corporation featuring SDSM(влашко лоби included)
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
АБЦ е прилепчанец, не е ни влав ни евреин, нема такви во ЗПрилеп, избегаја навремето. Прилепчани се чудна сорта, чурук отпојќе.

Инаку, не, за Алфите не важи, тие и Груевски ќе го намаваат, ама му се плашат, Мијалков му бил роднина, плус еден на еден овој бил боксер, па не знаат.
 
Член од
25 октомври 2007
Мислења
1.141
Поени од реакции
10
a inaku , bez gruevski bea nevospitani ...
abe ajde ...
 

THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.724
Поени од реакции
1.333
Weector, АБЦ уствари се група на евреи кои се платени за она што го пишуваат. Токму затоа не им е смачено да пишуваат едно те исто катадневно.
Ne, ABC e akronim za Atomsko Bioloshko Hemisko oruzje zatoa vnimavajte sledniot pat kako mu se obrakate na ABC.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom