Мада еве, ни ја подзатнаа устата привремено. Еврокомесарот Фратини рече дека у фебруари доаѓа на преговори за либерализација на визниот режим, а Фуре додаде дека веројатно резултатите од тие преговори ќе бидат позитивни за нас. И тогаш ќе можеме да си ги прошетаме ноџињата низ прекрасните земји на Европа за која карпестата вукојебина Грција е добро друштво, ама ние не сме. И сите ќе живееме среќно и весело:music5:
Друже модератор, очекував повеќе искуство од тебе, имаш информации на предпоследната страна за што и како кажал Фратини и Фуере.
АБЦ постираше извадок од Време, во кој ја имаше изјавата на Фратини за Дојче веле, во која тој на прашање кога Македонија ке патува во ЕУ
без визи, одговара дека не може да прецизира.
За да пред некој ден
изрази уверување дека граѓаните на Србија ќе може да патуваат без визи од почетокот на идната година.
Поопширни информации имаш на страна 9,10.
А и Фуере во изјавите заедно со амбасадорите направија каламутница од поимови овие денови за укинувањето на визниот режим за Македонија, за сто и К-15 снимиа скеч. Олеснување, ослободување, либерализација ...................
Така безвизен режем за К-15 значи дека нема да можеш да излезеш од Македонија без визи.
Идејата за протест е одлична и ја подржувам, се надевам дека ќе има луѓе што навистина ќе искажат протест.
И 5-мина да бидат е сосема доволно, ако направат вистински пароли кои ќе може да се видат на повеќе медиуми.
Имам идеја да се собираат симболично пари за визни такси кои ќе му бидат дадени на фуере за полнење на касата на ЕУ,пароли колку пари се испумпани од Македонија по основ визи(по 14 мил евра годишно).
Човек со македонско знаме обвиткан во бодликава жица, усни залепени со салотејп со знаме на ЕУ, итд.
Ако има некој намера да се орагназира сериозно, на пример и кога ќе дојде Фратини во Македонија за 2 недели, ако не најави претходно можен датум за ослободување како за Србија, да направиме поголем протест , да стапиме со организацијата НОВИЗА, студентите учениците..... тогаш јас сум спремен да помогнам и финансиски и материјално да се направи овој протест осмислено. Отворен сум за соработка на ПМ............