-Moжеби тој Вевчанскиот пасош нема да ти треба.

Дури и Франко Фратини(еврокомесарот) ја "сетил" нашата влада која ни продава "муда за бубрези" па затоа и ја напоменува како единствен виновник во својата изјава по однос на либерализација за визите и уривање на граничната бариера:
Ако се исполнат сите услови, Македонија идниот месец ќе ги почне преговорите за безвизен режим со Европската Унија, најави Франко Фратини, вицепретседател на Европската комисија и еврокомесар за правда, слобода и безбедност.
- Многу скоро планирам да отворам нова рунда дијалог за либерализација на визниот режим со Република Македонија. Ако се исполнат сите услови, на што силно се надевам, ќе го објавам отворањето на дијалогот за ослободување од визи. Сметам дека тоа би било возможно уште во февруари, кога ќе ја посетам Македонија, изјавил Фратини за Дојче Веле.
Најавата од Брисел доаѓа по неформалните разговори со министрите за внатрешни работи на ЕУ, минатата недела, каде присуствуваше и македонската министерка Гордана Јанкуловска. Таа посочи дека Македонија е подготвена веднаш да ги почне разговорите за воспоставување безвизен режим со земјите-членки на ЕУ бидејќи веќе го заврши поголемиот дел од работите. Потпишана е спогодбата со ЕУ за реадмисија, биометриските пасоши се во оптек.
Според Фратини, Македонија треба да продолжи со јакнење на безбедноста, посебно во доменот на потврдувањето на идентитетот на луѓето, заштита на надворешните граници, сузбивање на организираните криминални банди.
Тој вели дека е тешко да се прогнозира кога отворените граници на Европа ќе станат реалност за Македонија.
- Можам да разберам дека луѓето во Македонија се желни да бидат ослободени од визи. Мислам дека во иднина тоа ќе е возможно. Но, ќе зависи од подготвеноста за завршување на преземените обврски од страна на македонската влада. Убеден сум дека ќе наидам на ваква подготвеност кога ќе ја посетам земјата, вели еврокомесарот Фратини.
Европската комисија веќе одлучи да ги почне преговорите со Србија за безвизен режим, што треба да почнат идната недела.
извор:
http://www.vecer.com.mk/?ItemID=B8602050A2319849AE360DF4636073C2