Владата ќе и предложи на Агенцијата за електронски комуникации околу 20-ти месецов да распише тендер за доделување три мултиплекси за пренос на дигитални телевизии, информираше вчера министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.
"Владата одлучи минималниот еднократен надоместок за мултиплекс да изнесува 300 илјади евра. Право на учество на тендерот имаат компании со искуство во давање на телекомуникациските услуги со минимум 500.000 корисници. Учесниците треба да имаат годишен приход од 300 милиони евра од телекомуникациски услуги во последните две години и да обезбедат банкарска гаранција од пет милиони евра", изјави министерот Јанакиески.
На тендерот не може да учествуваат компании каде што државата е косопственик, како што е "Македонски телекомуникации", а тендерот не е достапен ниту за постојните кабелските оператори и за телевизиските и радиокуќите. Победникот за една година треба да покрие 80 отсто од домаќинствата и да обезбеди превод на сите канали на македонски јазик. Се очекува тендерската постапка да заврши во април. Јанакиевски најави и дека еден мултиплекс, од вкупно деветте со кои располага Македонија, ќе добие ЈП "Македонска радиодифузија" за потребите на МРТ.
Вест