Не мислам да ја користи сончевата светлина и топлина.Туку да почне да цица енергија од јадрото на сонцето.Тоа би молжеле и луѓето во 3891.
Имам интересен материјал за тој век. Ама ај, тоа за во друга тема. Не му е местото тука.
Инаку, цивилизација еквивалентна на тој технолошки степен моментално, го може истото. Само треба да се постават некои каспули кои ќе играат улога на катализатор и да го забрзаат процесот на стареење на Сонцето. Нешто што ќе го сврзе хидрогенот многу побрзо. Треба малку да мозгам на ова, па да ми текне нешто, вака тешко ....
Ај сега како што почнавте така и враќајте се накај 2012та, доволно беше дување на темава, ако сакате муабет за ѕвезди, соѕвездија и слично, имате една општа тема за Астрономија која и онака чекаше вакви луѓе... навалете и... (може и да продолжите со муабетот од тука) и пишете кога ќе дојдете со делот за 2012та... ако го најдете
Па, Apokalipto, не знам дали забележе, ама во исто време и таму дискутираме, за нешто слично на ова.
Ти само уживај... си читам јас и таму
- А
Од каде знаеш дека Нибуру не постои повеќе т.е. како престанала да постои?
Human, читајќи ја темата "
Астрономија", страна по страна (навистина интересен материјал) окото ми го фати
постот на член под име 606.
Eве што пишува:
Нови докази за историјата на нашиот сончев систем
Еден мал астероид кој се наоѓа близу до Земјата и е наречен Itokawa е само дел од предходно распадната планета. Оваа изјава беше дадена вчера од Daniel Scheeres професор на Универзитетот во Мичиген кој беше дел од проектот во соработка со Јапонската вселенска мисија Hayabusa. Испитувањата на материјалите од астероидот ќе дадат нови показатели за раната историја на планетата. Daniel Scheeres, беше задолжен за пресметките на масата на астероидот, околностите на површината и гравитационата сила како и за сликите кои ги достави јапонското летало. Мисијата беше водена од Јапонската агенција за вселенски истражувања. Леталото Hayabusa пристигна на астероидот Itokawa минатата есен и орбитираше три месеци. За тоа време двапати слета на површината на астероидот, кој е наречен според таткото на Јапонската ракетна историја, за да собере примероци. Во 2010 леталото ќе се врати на Земјата и ќе го исфрли контејнерот со собраниот материјал во Земјината атмосфера кој би требало да падне некаде во источна Австралија. Ова би била прва успешна мисија да се донесе примерок од астероид назад на Земјата.
Еве, баш да видиме што ќе донесат наредната година. Дали се тоа остатоци на планета, па да видиме дали мојата информација била точна. За Куперовиот Појас. А за Нибиру (или неговите остатоци) ќе треба малку повеќе да чекаме зошто е подалеку.