- Член од
- 8 февруари 2009
- Мислења
- 911
- Поени од реакции
- 173
Сето ова ми изгледа на верско учење и верување од страна на сектите како што се Адвентистичките или револуционерните секти какви што се: Јеховините сведоци, Адвентистите на седмиот ден и Христоделфијците. Во основа на учењето на овие секти е верувањето дека е блиску денот на пропаста на овој свет и целокупниот негов поредок.Идејата за апокалипсата, судниот ден и второто Христово доаѓање е во центарот на нивното учење, чиј извор се наоѓа во Библијата(во книгата на пророците).Според ова учење, на тој ден(21.12.2012) господ им суди на живите и на мртвите( кои ќе воскреснат).Само одбраните кои ќе ги исполнат строгите критериуми на познавање на вистината и моралната чистота, ќе живеат вечно во целосно изменетиот свет со наполно нов општествен поредок.Овие секти имаат многу одбивен став кон сите цркви за кои сметаат дека скршнале од вистинскиот пат во исповедањето на вистината дека се во служба на антихристот.