Какви чудесни нешта прочитав на темава последниве три страни. Иако едно време бев многу заинтересиран за темава, и во овие 60 страници навистина прочитав интересни нешта, во главно муабетот се сведува на фанатици кои се загреани за исчезнувањето на светот во 2012 како да е масовно клонирање на Џесика Алба, а другите се тотални скептици кои овие првите ги прават mental cases со што и не се далеку од вистината иако и едните и другите за волја на вистината
на Џес.
Од моја гледна точка и покрај сите “факти“ не сум убеден во ништо особено. Поучен од претходните искуства со најави и дојави за местени утакмици околу судбината на планетата, се` досега излегувало икс, спротивно на тастерите. Но, од друга страна, ми е мошне интересна целата дискусија, и ако веќе влезам во дискусија за овој глобален тренд и “ин“ идеја, морам веднаш да нагласам дека според сите претскажувања и размислувања, крајната линија не носи снемување или уништување на земјата туку нејзино видно менување во поширока смисла.
Имено, најспоменуваниот фактор за ова размислување е календарот на маите кој завршува 2012 година и за која нема потреба да дискутираме многу, и премногу е дискутирано, но сепак, тој е единствениот кој нуди некаков датум, приближна година и слично.
По нив, особено многу се спомнува Нострадамус и неговите поетски толкувања на 2012 година кои се пошаренолики од постовите на деданое на форумот, така што иако неговите големи познавачи успеваат да ја приближат оваа бројка како сигурна а темелејќи се на нострадамусовите извори, не можам да бидам сигурен во неговите кажувања, но ги земам како постоечки.
Потоа, светските постоечки религии и филозофии. Христијанството, како и исламот не спомнува тајминг, а овие две владеачки религии се еднакви во ставот дека никој освен Бог (Исус, Алах) не знае кога светот ќе сврши, но во своите капитални дела (библијата и куранот) оваа тема е дискутирана на одредени места. Исламот колку мене ми е познато, помалку, но христијанството во голема мера уште одамна го најавува доаѓањето на трите јавачи на апокалипсата кои ќе го донесат новиот поредок на земјата, а грешните ќе исчезнат додека на земјата ќе останат праведните и добрите. Армагедонот се ближи... велат тие.
Древната египетска митологија го има широко распространетиот мит за птицата Феникс која со своето ново раѓање од пепелта, секои 1000 години носи мир и благосостојба. Но точен датум за повторно нејзино издигнување од пепелта не ми е познато.
Дури и науката има свое објаснување за 2012 година. Околу 3 недели по фамозниот датум 21 декември 2012, се најавува смена на магнетните полови од северен на јужен и обратно. Тоа е случка која според нив не е чудна и на земјата се случувала илјадници години порано, но е процес кој треба да трае пар денови и со себе носи огромни метеоролошки пореметувања, од бури, молњи и поплави, до земјотреси, вулкани и цунамија.
Сепак, едно од најлогичните објаснувања во моментот за широките народни маси и едно од најверојатните заради сите теории на заговор и матни зделки на кои луѓето од целата планета се сведоци, е она за финансискиот ќар кој моќниците можат да го имаат. Претпоставката вели, дека идејата за 2012 е одамна смислена и преку неа се профитира во голема мера со издавање на разна литература, правеќе филмови и слично кои се продаваат експресно заради набиената фама од споменатата години и “исчезнувањето на светот“.
Исто така, во тој контекст се и теориите дека на властите ширум светот им одговара владеењето на страв меѓу народот бидејќи така е многу полесно да се контролира и манипулира, и држи покорен.
Која е вашата страна, не знам, ваше е да одлучите, јас не заземам страна, но оваа националистичката дека ние сме избраниот народ, секако нема да ја земам како особено интересна, туку повеќе како патетична. :baeh:
Единствено мое размислување кое би можел да го кажам е дека... би ми било мерак да видам дека нешто навистина ќе се случи по таа 2012. Светската рецесија која не води кон општествен колапс и не принудува на едно поинакво уредување секако се надевам ќе придонесе кон евентуалниот пресврт, па претпоставките на некои луѓе кои велат дека таа година не е момент кога земјата ќе страда туку дека човекот како човек ќе доживее големи промени од духовен и биолошки аспект, би сакал да ги земам за вистинити, се надевам ќе се остварат иако лично не верувам.
Како bottom line, би рекол како и за многу други нешта... Гледаме само пиксел од мониторот, за да можеме да ја протолкуваме целата слика.