Здраво, јас сум четврта година средно и имам намера да се запишам тука. Дали може некој да ми каже нешто повеќе за смерот КСИА што се учи дали е тешко, какво звање се здобива по завршување и што може да се работи? фала однапред
Поимот "тешко" е релативна работа, сепак, како и секој друг смер на ФЕИТ, така и КСИА е тежок. Општо околу самото образование на смерот, главното нешто со кое што ќе работиш е математика, така да биди спремен да живееш со тој факт доколку до сега не си бил баш фан на неа а сакаш КСИА да студираш. За звање, добиваш звање "дипломиран смарт-ес од електрофакултет со легитимен тоалет папир". За што може да се работи, искрено, ни јас до сега немам видено конкретно што, иако КСИА може да се примени на многу работни позиции.
Околу самото студирање, главни работи кај КСИА е што нема да ве има многу студенти, па ќе имаш повеќе очи во очи контакт со професорите/асистентите, со тоа, ќе можеш многу полесно да дојдеш до некоја информација што ти треба, друго е што мање више истите професори и асистенти ќе ти се вртат од втора година па нагоре, така да неизбежно е а да не се запознаеш лично со нив. Околу условните предмети, тоа малку ме нервира кај струкава, имаш неколку клучни предмети од кои што ти зависат сите останати предмети (математика 1, математика 2, линеарни трансформации, теорија на системи и линеарни динамички системи), а сите други ти се онака, успут.