~*~
Се знае кој ќе го води светот,...
тоа се најуспешните...
а ние колку и да се расправаме, историјата си го кажала своето , и се видело кој се поуспешни , па на што и да се должи тоа.
а вие жените да бевте поасални од нас мажите, и да знаевте подобро да го водите светот, и да зневте подобро да се справувате со проблемите, тогаш вие ке го водевте, а ние ќе пеглавме по дома и ќе миевме садови и ќе мрчевме дека сме дискриминирани , .
Драги Императоре, од чиста причина дека си ми симпатичен, јас еве ќе ти докажам со научни факти некои работи.
Во периодот на настанувањето на човекот, па се до појавата на првото класно општество, владееше матријахатот.
Децата се одредуваа според мајката, мажите го работеа тоа што ќе го кажеше жената и никој не се жалеше на нашите „подивјели“ хормони пред ПМС и никој не го ставал под знак прашалник инстинктот и расудувањето на жената.
Но, мажот со својата поголема физичка сила со текот на времето го направил следното, чувствувајќи се загрозен од интелектот на жената ја поставува на не едно, туку многу скалила под себе, третирајќи ја како предмет, инструмент за препродавање и личен сексуален и домашен роб.
Од време на време, на маргините по општеството се појавуваат големи жени како Елизабета и Марија Стујарт, Клеопатра и Нефертити, Вирџинија Вулф и Мајка Тереза, па почнуваат полека да им нагласуваат на мажите дека не е се во физчката сила.
Зошто за да бидеме тука каде што сме денес нас не палеа по клади и не нарекуваа курви и вештици, за да уживам јас во правото на слободен говор Роза Луксембург и Клара Цеткин организираа цели организации.
Затоа злато, погледни ја уште еднаш историјата и кажи ми, што пишува во неа?