P.S Аман сеа немора и аватари да ставате од него...
Шо ти смета па ако ставаме аватари?
Бог да чува...
Уште не можам да се соземам. Мислев брат ми ме зафркава кога ме разбуди сабајлево, кога сфатив дека не е шега, истрчав пред телевизор. Не можам да верувам...
Трагедија!!!!!!!
На цел глас ги слушам неговите песни, пеам и солзи ми доаѓаат...
Сите телевизии даваат негови концерти и настапи. Пред само два дена гледав снимка од последниот концерт, а сега на истиот пишува In memoriam:cry:
Не е можно колку е суров животов и човек не знае што утре ќе го снајде.
Жално, трагично, катастрофално! Ама сигурна сум дека колку и да не го сакал некој, не може да остане рамнодушен на ваква несреќа.
Тоше се издигна до ѕвездите додека беше жив, за сега да се спои со нив. Песните негови секогаш ќе ги слушаме, ќе останат како спомен за неговиот квалитет. Ах, еден од најхуманите луѓе во државава!!!!
Човеку со најубавиот ангелски глас, вечно ќе живееш во срцево!!!
ТЕ САКАМ ТОШКА, ПОЧИВАЈ ВО МИР!
:cry1: :cry1: :cry1: