a be mirno nekako deneska a aj eve so edna vest da ve osvezam
Двајца 17-годишници од Кавадарци, поттикнати од момче само една година постаро од нив, го нападнале и го претепале сопственикот на златарскиот дуќан „Перо“ што сакале да го ограбат. Но, во кожената торба што газдата на златарницата ја носел со себе, биле само клучевите од дуќанот. Грабежот се случил во 19 часот, на 4 ноември годинава, во подземна гаража во Кавадарци, кога двете малолетни момчиња, Н.Н. и Р.А., маскирани со заштитни маски и со ракавици, со метален пендрек почнале да го удираат 28-годишниот сопственик на златарскиот дуќан Г.Г.. Тие му нанеле телесни повреди по телото и му ја одзеле кожената чанта што ја носел со себе, во која што мислеле дека има злато, но внатре имало само клучеви. Г.Г. успеал да им избега и веднаш ги пријавил в полиција. Целиот грабеж и напад го испланирал 18-годишниот А.М., кој на почетокот на ноември ги поттикнувал другарите да го извршат разбојништвото. Поттикнувачот ги опремил со ракавици, маски и со пендрек и дури испланирал каде да се скријат двајцата крадци и кога точно да го нападнат златарот. Водачот на кражбата постојано им се јавувал на ортаците од мобилен телефон и ги известувал кога тргнал газдата со автомобилот и кога треба да стигне до гаражата. Од МВР информираат дека против Н.Н. и Р.А, ученици во трета година во средно училиште, веќе се поднесени кривични пријави за разбојништво, а против А.М. и за поттикнување.
Koi se via daa??? :icon_conf:icon_ques