НВО: НЕ за хомофобија во образованието
среда, 02 февруари 2011, 16:46
Активистот Ирена Цветковиќ не им се извини на трите професорки по педагогија за колумната во која цитира делови од нивниот учебник за трета година во кој се зборува за хомосексуалноста. Таа смета дека не навредила никого со ставот дека учебникот мора да се повлече од настава затоа што предизвикува хомофобија кај учениците.
Откако не се помири со професорките Марија Костова, Анета Бараковска и Ели Маказлиева, судот одреди нов датум за почеток на судскиот процес. Педагозите се почуствувале навредени затоа што во колумната било напишано дека нивниот учебник е погрешен бидејќи хомосексуалноста се третира како болест. Цветковиќ во процесот ќе може да го искористи ставот на Светската здравствена организација која две децении укажува дека хомосексуалноста не е болест или зараза. Таквиот став на организацијата го промовираа неколку неваладини здруженија кои застанаа во одбрана на правото на избор-
Активистите од невладиниот сектор побараа учебникот Педагогија за трета година Министерството за образование да го повлече поради хомофобичната и дискриминирачка содржина. На оваа иницијатива немаше одговор од професорките кои не сакаа да објаснат како ќе ја докажат својата верзија за хомосексуалноста.
izvor
Не! За хомофобијата во образованието
Александра Бубевска Коментари (4)
02.02.2011 17:47
Хомосексуалноста не е болест и изопаченост - непосреден повод за протестот денеска пред Кривичниот суд беше тужбата од што ја доби активистката за човекови права Ирена Цветковиќ за критика на учебникот по педагогија за трета година средно образование од издавачот Просветно дело.
Во него авторите навеле дека хомосексуалноста е патолошка појава, ментално растројство и болест.
„Ирена денес ќе биде во судница бидејќи е тужена за навреда и клевета на автори на учебници кои што промовираат радикален тип на хомофобија, односно учебници кои што ги патологизираат хомосексуалците и ги дефинираат како психотични, невротични и психички пореметени луѓе. Овој судски процес денеска е само потврда за една сериозна политичка ситуација“, изјави Славчо Димитров, активист за човекови права.
Меѓу протестантите и Мирјана Најчевска за да го охрабри судот да се спротивстави на политички притисоци.
„Секоја одлука која што би значела осуда во овој случај, значи дека судот е под влијание на надворешни центри на моќта“, изјави Мирјана Најчевска
Тужбата против Цветковиќ била повод Хелсиншкиот комитет да побара од Светската здравствена организација уште еднаш да потврди дека хомосексуалноста не е болест.
Откако го добиле мислењето тие го испратиле до министерството за образование за да се корегираат контроверзните тврдења во повеќе учебници за средно и високо образование.
Иако и Македонија преку лекарската комора и асоцијацијата на психијатри е дел од Светската здравствена организација, министерството за образование досега не покажало волја за корекции на контроверзните учебници за кои експерти предупредуваат дека шират дискриминација и омраза
izvor
Kaj go pogodija datumot :nesvest: