нај искрено, како човек кој се бавта со автомобилска механика, ви тврдам дека тоа зимско-летно масло нема благе везе со работењето на моторот. кога реков мотор мислев на сите возила од 2 до 28 тркала што имаат... можеби мала разлика во палењето... ама минимална разлика која и не значи ништо... ама баш ништо. си има квалитетни и не квалитетни масла кои имаат или немаат заштити од сув старт. толку од муабетот... една голема грешка е се тоа на зиме по ретко, на лете по густо, демек потопло било по водено ке било дрн дрн дрн... секој мотор си има своја работна температура и си ја одржува истата цело време и на +50 и на -50... од тука доажаме до заклучок дека нема благе везе тоа со зимско-летно масло т.е. уље... секој моторт си има свое масло што му одговара. на пазаров затоа и има бааги избор. на пример мотори што прошле доста, кои се послаби на карики треба по густо уље. по нови мотори треба да имаат по ретко уље. всушност, секој производител на возила, има спецификација на масла кои треба да се користат во нивните машини-мотори. следете ги тие упатства и се ке биде во ред... рено на пример вели ЕЛФ да се користи и тоа ете за моето рено вели 15-40. јас и зиме и лете тоа го ставам, и тоса по 4-5 пати годишно мењам на 10.000 пројдени. капка не фали од туреното, а колата има пројдено скоро 200.000 км. значи следете ги упатствата и препораките и се ке си работи добро.