Тука коментираме книги

igor108367

Dark Lord Sauron
Член од
25 јануари 2009
Мислења
2.516
Поени од реакции
113
Базична грешка на сите површни читатели кои што во психолошки книги не го ни свстуваат мајсторот Достоевски а за Булгаков не ни слушнале.Само Хари Потер ли е лик во книгата?
:шмизла:
Достоевски и Буглаков ти се аматери во однос на денешните писатели. Сепак Достоевски постави многу темели на пишување на книги од многу различни аспекти.

А што се однесува до карактерите Хари потер ти е централен карактер. Во најголем дел од книгите се опишува баш тој. Други карактери му се двете другарчиња и Дамбелдор, а ниту еден од нив нема некоја посебна длабочина. Добро дефинирани карактери.

За да се види добар психолошки аспект на една книга тоа дејство мора да се одрази низ страниците и тешко дека ќе може да се види ако тие карактери не се централни. Да си прочитала барем некоја од книгите кои ги наведов (а сите тие се денеска класици) би разбрала за што зборувам.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308

:pos: :pos2: :poss:
Синкоооооооо, што тоа ти стресе од јаболкото на мудроста. Го заниша и паднаа џимиринки.

Многу малку писатели ја уживаат почитта што Достоевски ја има ширум планетата Земја. Тоа е еден од оние за кои не можат да се најдат лоши зборови.
Џоан Ролинг никогаш нема да биде класика. Никогаш. Секој “уметник“ кој своите дела ги прави комплетно комерцијални заскогаш ќе остане само тоа, уметник под наводници. Такви како неа денес има безброј, почнувајќи од Коељо завршувајќи со колумнистите на Дневник и Вечер.

А ти, наместо да препорачуваш кој што да прочита, можеби самиот треба да се преиспиташ за своето читачко резиме, колку е тоа полно и разноврсно... :wink:
1307 напиша:
Мислам дека според правилата на форумов оваа изјава е за бан.
Ова не е за бан, ова е за три месеци притвор...
 
По издавањето на книгата на доестевски (не книга туку раскази во весник еден по еден) ни во самта Русија не беше општо прифатена неговата книга, а не пак пошироко. Напротив беше напаѓана како нереалистична приказна настани и карактери и како обид да се деградира едн општество.

Што се однесува до мојата литература таа можеш да ја прочиташ и провериш сепак сум прочитал малку повеќе од лектирите кои се дадени во средно. А треба да се разграничи и започнување на еден жанр на пишување започнување на еден циклус и историска важност, со квалитет и совршенство на една книга.
 
J

Johnny Stulic

Гостин
Блудниот син од Чарлс Буковски. Негова автобиографска книга, со псевдоним Хенри Кинаски, ја опишува својата прва младост откога памти за себе се до 20. година. Несреќно детство, проблеми и неразбирања со родителите, потоа и со околината, со другите деца, малтретирање, понижување, тага, бес, болка, со повремени ретки светли моменти. Еден од тие светли моменти за него се кога се боксира со скоро професионален боксер и добива добар ќотек но успева неколку пати и тој да го удри, и сосема да заборави на болката и стравот, се опушта тотално и ужива во акцијата, ко во Фајт клаб филмот. Оваа книга наменета за сите татковци да научат како не смеат со своите деца. Можеби би била и обавезна лектира да не е вулгарна, но тогаш дали би била тоа што е... Оние што внимателно ја читале рекле дека постои нешто толку убаво и нежно во неа што како нишка се провлекува меѓу тие груби редови.
Една од најдобрите и најинтересни книги, не само според мене.

Ја имам читано Блудниот син и не се согласувам дека е книга за татковци и дека на Буковски му била тоа намерата во книгата, како и што сам спомна книгата е во голем дела автобиографска мислам дека сега брзо имаше и филм снимено според неа, во глобала е едно фактографско прикажување на големите градови во САД за време на рецесијата напишана со сарказам типичен за Буковски.

Точно е дека татко му на Кинаски се претвора во садист откако е избркан од работа меѓутоа тоа не го оправува однесувањето на Хенри кој живее разочаран незадоволен од сопственот изглед и проблеми што го мачат и денешниот тинејџер па затоа е и една од најдобрите книги во тин-фазата на едно 50 % од тинејџерите.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
По издавањето на книгата на доестевски (не книга туку раскази во весник еден по еден) ни во самта Русија не беше општо прифатена неговата книга, а не пак пошироко. Напротив беше напаѓана како нереалистична приказна настани и карактери и како обид да се деградира едн општество.

Што се однесува до мојата литература таа можеш да ја прочиташ и провериш сепак сум прочитал малку повеќе од лектирите кои се дадени во средно. А треба да се разграничи и започнување на еден жанр на пишување започнување на еден циклус и историска важност, со квалитет и совршенство на една книга.
Која книга, Достоевски нема една книга, има плејада на ремек дела. “Злосторство и Казна“ на кое мислиш е едно од најголемите кои светот ги почитува. Не корсти гугл, користи глава. :helou:

И тоа што во моментот не му било признаено делото како добро е само доказ дека тој бил пред своето време, за разлика од твојата Џоан, која се` што пишува е мегапопуларно бидејќи е наменето за публика која ужива во детски приказни. Не дека тоа е лошо, но вредноста е различна и е неспоредлива со длабоко психолошките романи на Достоевски.
Споредбава која ја правам е сама по себе за осуда, но ајде. Ко да ги споредувам Лил Џон и Штраус.
 
igor108367

Dark Lord Sauron
Член од
25 јануари 2009
Мислења
2.516
Поени од реакции
113
Која книга, Достоевски нема една книга, има плејада на ремек дела. “Злосторство и Казна“ на кое мислиш е едно од најголемите кои светот ги почитува. Не корсти гугл, користи глава. :helou:

И тоа што во моментот не му било признаено делото како добро е само доказ дека тој бил пред своето време, за разлика од твојата Џоан, која се` што пишува е мегапопуларно бидејќи е наменето за публика која ужива во детски приказни. Не дека тоа е лошо, но вредноста е различна и е неспоредлива со длабоко психолошките романи на Достоевски.
Споредбава која ја правам е сама по себе за осуда, но ајде. Ко да ги споредувам Лил Џон и Штраус.
Зборувам за злосторство и казна. А Достоевски има само две книги кои му се познати, а мислам дека му се и само тие две книги воопшт напишани ама не ме зимај за збор.

Која е таа моја Џоан не знам јас кажав дека Хари потер ми е плиток и обичен серијал.

За тоа дека бил пред своето време можно е затоа и неговата книга се пробила. Речиси сите класици почнале така. Gone With The Wind била една од најнапаѓаните книги во тоа време. Да се има силен женски карактер речиси и не добила позитивна критика кога испаднала. Но и тоа не значи многу затоа што денес ќе се најде таа книга на сите можни листи на најдобри и највлијателни книги.

Господарот на Прстените го основа трендот на тој стил на фантазија кој претходно не постоеше, ама тешко дека би се рекло дека е совршенство од книга земено дека потфрла од многу други аспекти пред се развој на карактери и заплет, но затоа поставува темели на други.

Лолита ни дава поглед на едне поинаков дел од човековата психа.

А за популарноста на книгите на Достоевски допрво ќе треба да се види колку навистина ќе го издржат текот на времето бидејќи во последниве две децении пополека почнаа да бидат оддалечувани особено во европаската и американската култура.

Денес тешко дека ќе најдеш листа на 100 најдобри книги на сите времиња каде ќе се најдат делата на Достоевски. Симболично е дека погледот на неговите дела се смени по завршувањето на студената војна. И тоа нема баш голема релација со тоа дека е русин земено предевид дека Толстој се уште цврсто стои на своите позиции како еден од надјобрите писатели со неговите книги особено со "За кого бијат камбаните".

Ќе видиме дали неговите книги ќе останат класици или ќе бидат заменети со некои други дела.
 
Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496

Боже сачувај, "За кого бијат камбаните" не е од Толстој. Од Ернест Хемингвеј е. Од Толстој е "Војна и мир". Мислам дека со ова ја докажа твојата компетентност.
 
igor108367

Dark Lord Sauron
Член од
25 јануари 2009
Мислења
2.516
Поени од реакции
113
Боже сачувај, "За кого бијат камбаните" не е од Толстој. Од Ернест Хемингвеј е. Од Толстој е "Војна и мир". Мислам дека со ова ја докажа твојата компетентност.
O да моја грешка. Јас не читам воени или историски дела така да не сум ги читал ни двете. Што се однесува до мојата компетентност во секое време особено ако треба да се дискутира за психолошки или симболички аспекти од некоја книга.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Денес тешко дека ќе најдеш листа на 100 најдобри книги на сите времиња каде ќе се најдат делата на Достоевски. Симболично е дека погледот на неговите дела се смени по завршувањето на студената војна. И тоа нема баш голема релација со тоа дека е русин земено предевид дека Толстој се уште цврсто стои на своите позиции како еден од надјобрите писатели со неговите книги особено со "За кого бијат камбаните".

Ќе видиме дали неговите книги ќе останат класици или ќе бидат заменети со некои други дела.
Само ова ти го цитирам, за претходното е излишно да зборувам.

Но ова особено ме насмеа, па го отворив твојот омилен Гугл, напишав “најдобри сто класици“ кликнав I`m feeling lucky и искочи ова:

http://www.listsofbests.com/list/11632

каде погоди кој е на првото место? :icon_lol: А да, исто така е и на деветтото но подоцна е дури на четириесет и петто со “Записи од подземјето“. :( Натаму не се трудев.
“Мајсторот и Маргарита“ на нашиот “пф“ Булгаков е на само 23. позиција.
 
Само види ги овие листи. И да се пред се од весници и од одредени универзитети но ако почнат овие да те исфрлаат се ти е џабе.

http://www.librarything.com/bookaward/The+Observer's+100+Greatest+Novels+of+All+Time

http://www.nytimes.com/library/books/072098best-novels-list.html

http://www.time.com/time/2005/100books/the_complete_list.html

http://www.randomhouse.com/modernlibrary/100bestnovels.html

Издание на книги :
http://en.wikipedia.org/wiki/World's_Best_Reading

И види ја листава ќе видиш дека не сите класици си исфрлени.

http://en.wikipedia.org/wiki/List_of_best-selling_books#Claims_between_100_million_and_1_billion_copies
 
Ти ми даваш смешки од линкови. Прво, што значи тоа овие да ме исфрлаат, Фјодор одамна е мртов, немаат они каде да го исфрлаат, а јас не конкурирам за писател. :)

Второ, виде ли во линковите што има всушност? Според Observer Браќа Карамазови се дури на 15 место а пред него, на високото четврто место е Казуо Ишигуро. Тоа е како да го ставиш Букаро на листа на македонски автори пред Ацо Шопов. Листата врска нема од класици прво, туку некој си напраил листа според личен вкус.

Њујорк тајмс, го има на прво и трето место Џемс Џојс :pos: а како втор е Фицџералд. Класично американски, се` што не е со предзнак англосаксонски се отфрла. Големиот Гетсби за мене се покажа како тотално разочарување, но хеј, американците го сметаат за еден од најголемите автори, и тоа си е нивни вкус, но никако нема да се ослонам на нивниот затупен “ладна војна“ мозок само затоа што Достоевски се родил како русин.

Тајм магазинот, има издадено листа на исклучиво дела напишано на англиски јазик а исклучиво Лолита е на руски автор, но ех беља сега, нпишана на англиски јазик.

Исто така, ние зборувавме за класици. А не романчиња напишани на англиски. Така што, ништо од ова не ти вреди. Слично како што ретко кој германец ќе го убедиш дека Хесе не заслужува место во најдобрите од светот. Исто како што мене нема да ме убедиш дека Блаже не заслужува место покрај Неруда, но кога јас би правел топ 100, поинаку би го направил сигурно. Како што и Тајм си го напраил по негов мерак.
Ако дневник прави листа, прв ќе биде Мисирков па 5 празни места па некој друг, зашто го издава Мисирков под своја капа и заработува од него.

Бесцелно е да пишувам, само со Гугл се распраав последниов пола саат.
 
Можеби но ова се сите реномирани листи кои можев да ги најдам (под реномирани мислам издадени или од весник или од унивезитет). Што се однесуав до твојата листа само мора да те исправам дека линкот кој ти го даде не е ранг листа туку листа за гласање. Резултатите не ги најдов не успеав да се снајдам.

Исто види ги и линковите од википедија.

А што се однесува до најдобра книга се знае која е Ender's Game од Orson Scott Card или Ringworld од Larry Niven, само што до ден денес се уште се исфрлаат sf новелите од ваквите листи и покрај тоа што се едни од највлијателните во овие два вела.
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
532
Поени од реакции
614
Зборувам за злосторство и казна. А Достоевски има само две книги кои му се познати, а мислам дека му се и само тие две книги воопшт напишани ама не ме зимај за збор.

Која е таа моја Џоан не знам јас кажав дека Хари потер ми е плиток и обичен серијал.

За тоа дека бил пред своето време можно е затоа и неговата книга се пробила. Речиси сите класици почнале така. Gone With The Wind била една од најнапаѓаните книги во тоа време. Да се има силен женски карактер речиси и не добила позитивна критика кога испаднала. Но и тоа не значи многу затоа што денес ќе се најде таа книга на сите можни листи на најдобри и највлијателни книги.

Господарот на Прстените го основа трендот на тој стил на фантазија кој претходно не постоеше, ама тешко дека би се рекло дека е совршенство од книга земено дека потфрла од многу други аспекти пред се развој на карактери и заплет, но затоа поставува темели на други.

Лолита ни дава поглед на едне поинаков дел од човековата психа.

А за популарноста на книгите на Достоевски допрво ќе треба да се види колку навистина ќе го издржат текот на времето бидејќи во последниве две децении пополека почнаа да бидат оддалечувани особено во европаската и американската култура.

Денес тешко дека ќе најдеш листа на 100 најдобри книги на сите времиња каде ќе се најдат делата на Достоевски. Симболично е дека погледот на неговите дела се смени по завршувањето на студената војна. И тоа нема баш голема релација со тоа дека е русин земено предевид дека Толстој се уште цврсто стои на своите позиции како еден од надјобрите писатели со неговите книги особено со "За кого бијат камбаните".

Ќе видиме дали неговите книги ќе останат класици или ќе бидат заменети со некои други дела.

Па вака...Како прво секоја чест на огромната храброст вака негативно да се критикува Достоевски истоименувајќи го со некој потпросечен писател.
За вкус не треба да се дискутира. Мене може не ми се допаѓа неговиот стил и тоа е сосема во ред. Но вредноста на неговите дела која е оценета како извонредна од многу големи личности (како на пример Сигмунд Фројд, Фридрих Ниче кој воедно кажал за Достоевски дека е единствениот философ и психолог од кој научил нешто)не може да се негира. Исто така не може да се негира и теоријата на литература. Нејзините познавачи се компететни да го оценат значењето и вредноста на еден од најголемите писатели на сите времиња.

Тоа дека "имал две книги што му се познати" е нон-сенс. Јас лично не знам кои се тие. Дали се Записи од мртвиот дом, Понижени и навредени, Браќа Карамазови, Идиот, Злосторство и казна, Кротка, Бели ноќи, Момче, Зли души...навистина не знам.

Ова со сменувањето на погледот на неговите книги после Студената војна... Јас баш и не мислам дека се сменил, а и како може да се смени? Општопознато е дека американсите режисери од Холивуд користат негови заплети и сцени. Плус тоа, Достоевски има опишано многу психички состојби и болести на човекот со сите симптоми кои исто така се користат да се претстават на филмско платно.
Не знам уште колку време треба да помине да се види неговата вредност. Времето може само уште повеќе да го афирмира(меѓу оваа денешна плејада на катастрофални писатели, секоја чест на ретките исклучоци) како неповторлив гениј кој бил способен многу нешта да анализира и што е најважно да антиципира.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
А што се однесува до најдобра книга се знае која е Ender's Game од Orson Scott Card или Ringworld од Larry Niven, само што до ден денес се уште се исфрлаат sf новелите од ваквите листи и покрај тоа што се едни од највлијателните во овие два вела.
Ај Достоевски на страна, кој е овој Орсон Кард? И како е тоа најдобра книга? И како по ѓаволите една книга станува најдобра? Нема сине најдобра книга, воопшто и нема најдобра книга, бидејќи онаа девојка која тебе ти е грда, за мене е егзистенционално прашање.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom