Тука коментираме книги

Ајанта

Македонка
Член од
21 декември 2008
Мислења
580
Поени од реакции
37
Една од поинтересните книги, во секој случај понеобичните кои сум ги прочитала е "Бадем". Ја препорачувам, особено на девојките. Станува збор за автобиографска исповед на една арапска жена.
 
Член од
8 јануари 2009
Мислења
3
Поени од реакции
0
Luge aj nekoj ako ja cital Kratkata prolet na Mono Samonikov od D .Solev da mi kaze nesto za ispit mi e:smir:
 
Ајанта

Македонка
Член од
21 декември 2008
Мислења
580
Поени од реакции
37
Luge aj nekoj ako ja cital Kratkata prolet na Mono Samonikov od D .Solev da mi kaze nesto za ispit mi e:smir:
Штом полагаш Современа македонска... веќе си во завршна година. Ја имам читано и ти кажувам: прочитај ја, утре-другиден ќе го предаваш Солев! (па после ќе се чудиме оти учениците не биле мотивирани за читање)!:nenene::nenene::nenene::nenene::nenene::nenene::nenene::nenene::nenene::nenene::nenene:
 
Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246

Што сакаш да кажеш? Што мислиш за Солев? Јас почнав да ја читам Зора зад аголот денес.

Луѓе сакам да видам коментари за "Странецот" од Албер Ками. Каков впечаток ви остави книгава, ви се свиѓаше ли? Како го гледате главниот лик - Мерсо? Што сакал да каже авторот?...итн, се` што ви лежи на срце :)
 
Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.403
Поени од реакции
5.957

Уф, за „Странецот“ до утре може да коментираме. :)

Најпрво едно од погрешните прашања кога зборуваме за литература е: „Што авторот сакал да каже?“ Читателот никогаш не може да знае што авторот сакал да каже. Секој различно си го интерпретира еден ист текст, дури и ние самите кога го читаме повеќе пати, повеќе пати различно може да го протолкуваме.

„Странецот“ е книга која навидум изгледа дека го претставува само апсурдот и незаинтересираноста на Мерсо да го почувствува животот. Пред предавањето на факултет во средно ни објаснуваа дека човеков убил без причина, или дека бил чукнат па затоа постапил така. Всушност има длабока филозофија во неговата постапка.
Значи да ги разгледаме на почеток постапките што се чинат апсурдни.

Умира мајка му на Мерсо.
Тој - гледа комедија, оди на плажа, води љубов со девојката за која изгледа незаинтересиран.
По овие постапки сите веднаш би помислиле дека Мерсо воопшто не ја сакал мајка си и не се грижел за нејзината смрт. Но, тука има едно големо но што ја менува суштината на целата книга.

Тргнувајќи од фактот дека Албер Ками спиел со книгите на Фројд значи дека многу добро го познавал Фројдовото дело. Кога би ги анализирале овие негови постапки според тој клуч ќе заклучиме дека:

Смеењето за време на несреќата или после несреќата (гледањето комедија после смртта на мајка му) кај луѓето е честа појава, според Фројд всушност кога се смееме во такви ситуации ние се плашиме и не сакаме да го покажеме стравот длабоко во себе, па затоа се криеме зад насмевката. Одењето на плажа исто така не мора да значи дека Мерсо не ја сакал мајка си, едноставно сакал да ги разведри мислите и да ги оддалечи од агонијата што му се случила. И на крајот водењето љубов, докажано е дека тоа е најдобар лек против стресови, го ослободува телото и духот од сите негативни работи што му се случиле.

Клучниот момент во книгата е погребот на мајката. Тука се јавува еден старец кој оди по Мерсо и му кажува: „Господине јас многу ја сакав вашата мајка, би можело да се каже дека ние си припаѓавме еден на друг“. Со тоа му кажува дека тој всушност бил интимен со неа. Додека се одвива таа сцена надвор сонцето е пеколно жешко (тоа е мнемотехничкиот детаљ во делото). Подоцна Мерсо го убива Арапот кога се повторува истиот мнемотехнички детаљ ко на почетокот, сонцето свети толку силно што ликот се потсетува на старецот од погребот на мајка му. Тој болно е заљубен во својата мајка, ја сака не како мајка туку како жена. Во моментот кога старецот му ги кажува своите чувства тој создава одбивност кон него, но го потиснува тоа во себе за повторно да исплива на површина кога барем една единствена работа (во случајов сонцето) ќе го потсети на сцената со старецот. Затоа што не можеше да го повреди старецот, ја потисна таа желба во себе, а кога го почувствува мнемотехничкиот детаљ го уби Арапот без размислување, што би рекле во состојба на афект.

На крајот ќе забележиме дека во Мерсо постоел прикриен Едипов комплекс. Тој не е така рамнодушен и нема толку апсурден поглед кон животот, неговите постапки се многу логични, но треба да се разгледаат од малку поинаков агол за да се сфатат поинаку.

За книгава има многу да се дискутира, навистина е едно од најквалитетните дела во тој период.
 
Ајанта

Македонка
Член од
21 декември 2008
Мислења
580
Поени од реакции
37
Луѓе сакам да видам коментари за "Странецот" од Албер Ками. Каков впечаток ви остави книгава, ви се свиѓаше ли? Како го гледате главниот лик - Мерсо? Што сакал да каже авторот?...итн, се` што ви лежи на срце :)
За соодветно да ја сфатиш "Странецот" од Ками неопходно е да го прочиташ митот за Сизиф, а потоа и неговиот есеј за Сизиф во кој е првично изложена идејата за оттуѓувањето, па за да го дообјасни, го напишал романот. Романот е во функција на изложување на идејата на егзистенцијализмот, најди и прочитај нешто и за тоа.
Поважно од тоа колку читаш е како читаш.
 
Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
За соодветно да ја сфатиш "Странецот" од Ками неопходно е да го прочиташ митот за Сизиф, а потоа и неговиот есеј за Сизиф во кој е првично изложена идејата за оттуѓувањето, па за да го дообјасни, го напишал романот. Романот е во функција на изложување на идејата на егзистенцијализмот, најди и прочитај нешто и за тоа.
Поважно од тоа колку читаш е како читаш.
Хах, го имам прочитано митот за Сизиф, есејот за митот за Сизиф од Ками и прилично доста околу егзистенцијализмот. Значи не ми беше тоа прашањето. Сепак добра поента ти е тоа дека не е важно колку читаш, туку како читаш.

Уф, за „Странецот“ до утре може да коментираме. :)

Најпрво едно од погрешните прашања кога зборуваме за литература е: „Што авторот сакал да каже?“ Читателот никогаш не може да знае што авторот сакал да каже. Секој различно си го интерпретира еден ист текст, дури и ние самите кога го читаме повеќе пати, повеќе пати различно може да го протолкуваме.

„Странецот“ е книга која навидум изгледа дека го претставува само апсурдот и незаинтересираноста на Мерсо да го почувствува животот. Пред предавањето на факултет во средно ни објаснуваа дека човеков убил без причина, или дека бил чукнат па затоа постапил така. Всушност има длабока филозофија во неговата постапка.
Значи да ги разгледаме на почеток постапките што се чинат апсурдни.

Умира мајка му на Мерсо.
Тој - гледа комедија, оди на плажа, води љубов со девојката за која изгледа незаинтересиран.
По овие постапки сите веднаш би помислиле дека Мерсо воопшто не ја сакал мајка си и не се грижел за нејзината смрт. Но, тука има едно големо но што ја менува суштината на целата книга.

Тргнувајќи од фактот дека Албер Ками спиел со книгите на Фројд значи дека многу добро го познавал Фројдовото дело. Кога би ги анализирале овие негови постапки според тој клуч ќе заклучиме дека:

Смеењето за време на несреќата или после несреќата (гледањето комедија после смртта на мајка му) кај луѓето е честа појава, според Фројд всушност кога се смееме во такви ситуации ние се плашиме и не сакаме да го покажеме стравот длабоко во себе, па затоа се криеме зад насмевката. Одењето на плажа исто така не мора да значи дека Мерсо не ја сакал мајка си, едноставно сакал да ги разведри мислите и да ги оддалечи од агонијата што му се случила. И на крајот водењето љубов, докажано е дека тоа е најдобар лек против стресови, го ослободува телото и духот од сите негативни работи што му се случиле.

Клучниот момент во книгата е погребот на мајката. Тука се јавува еден старец кој оди по Мерсо и му кажува: „Господине јас многу ја сакав вашата мајка, би можело да се каже дека ние си припаѓавме еден на друг“. Со тоа му кажува дека тој всушност бил интимен со неа. Додека се одвива таа сцена надвор сонцето е пеколно жешко (тоа е мнемотехничкиот детаљ во делото). Подоцна Мерсо го убива Арапот кога се повторува истиот мнемотехнички детаљ ко на почетокот, сонцето свети толку силно што ликот се потсетува на старецот од погребот на мајка му. Тој болно е заљубен во својата мајка, ја сака не како мајка туку како жена. Во моментот кога старецот му ги кажува своите чувства тој создава одбивност кон него, но го потиснува тоа во себе за повторно да исплива на површина кога барем една единствена работа (во случајов сонцето) ќе го потсети на сцената со старецот. Затоа што не можеше да го повреди старецот, ја потисна таа желба во себе, а кога го почувствува мнемотехничкиот детаљ го уби Арапот без размислување, што би рекле во состојба на афект.

На крајот ќе забележиме дека во Мерсо постоел прикриен Едипов комплекс. Тој не е така рамнодушен и нема толку апсурден поглед кон животот, неговите постапки се многу логични, но треба да се разгледаат од малку поинаков агол за да се сфатат поинаку.

За книгава има многу да се дискутира, навистина е едно од најквалитетните дела во тој период.
Одлично, фала што ми посочи на овој нов начин на гледање на книгава, не знаев дека може и вака да се гледа на однесувањето на Мерсо. Кога човек подлабоко ќе размисли, навистина може да е точно сето ова. Значи според ова гледање, Мерсо и не е рамнодушен лик. Јас го гледав убиството како револт против општеството, како момент кога на човека му дошло преку глава од жешкото сонце, преку глава од општеството и топлите односи меѓу луѓето, преку глава од луѓето и нивните очекувања. Според твоето гледање, значи бунтот е во самиот него, тој сака да го закопа својот комплекс.
И малце околу незаинтересираноста во животот. Мене наспроти потполно рамнодушниот однос кон животот кој тој го имаше, ми беше битно тоа: Порано имав толку амбиции. Потоа морав да ги напуштам студиите...
Тоа ми беше битен момент, мислам дека тогаш ја изгубил визијата, надежта. И тука се родил оној револт кој подоцна растел и резултирал со убиството.
 
Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.403
Поени од реакции
5.957
Ова што го изложив е видувањето на Венко Андоновски (воедно тоа беше и неговото прво предавање кај нас) :)

Тогаш рече дека кога ќе дојдеме 4-та година можеби некој од нас ќе сака поинаку да го претстави делото, се зависи од кој агол го проучуваме и колку сме креативни, колку размислуваме... Никогаш не може да знаеме што всушност Албер Ками сакал да каже, но од Странецот не се извлекува една поука, се извлекуваат безброј. :)
 
Член од
27 ноември 2008
Мислења
1.433
Поени од реакции
341
[FONT=M_Times](sorry za latinicata.... kompjuterot ne mi cini skrozzz )
Albert, za koj kriticarite velat deka psiholoski si licel so Merso, ne sfatil deka poentata na zivotot ne e samo da se rodi i da se umre, pa i da se zivee vo negoviot apsurd, ami da se znae sto se saka od zivotot. Toj voopsto ne sorabotuval so nego.
Ne se trudel da go promeni, da go podobri. Tuku samo se pomiril i otkril deka toj e tragicen i zaluden.
[/FONT] [FONT=M_Times]Cuden del, no za mene najvazen od romanot, e momentot koga merso vo poslednite casovi od negoviot `zivot sfaka deka bi moze da prozivee uste 20 godini. Toj moment na prerodba e najvistinit. Toj moment koga go bara liceto na Marija vo ispoteniot zatvorski zid i koga go negira Bog i svestenikot, sfaka deka bil sreken a i deka e. No Merso bil zaroben vo apsurdot vo koj Kami cvrsto veruval. A do koi ekstremi odi coveckata psihologija toa seuste ne ni e pozanto.[/FONT]
[FONT=M_Times] I mislam sto ima tuka apsurdno da se ubie poradi sonceto i da ne se place i da ne se saka? Mi Se cini kako Kami samo smrtta da ja ocekuval pa zaboravil na ubavinata na zivotot. [/FONT]
I milo mi e sto Merso na samiot kraj zaborava na svojot zivot i misli na Marija, na utre na srekata. Taka treba da zavrsi sekoj zviot. Da se velicat momentite pred smrtta a ne smrtta. Sepak zivotot trae podolgo. hehe
superrr knigaaa.... i love it:toe:
 
D

Daftie

Гостин
Јас да се исцитирам себе од друга тема, пошто слични се...

"Последна летна ноќ" од Ерскин Колдвел.
Почнува како лесна приказна за млада секретарица и оженет шеф, но колку понатаму се чита, толку поинакви импресии се добиваат, за на крај кулминацијата да биде оној вистински врв на сите изненадувања. Дејството од 175 страни се случува во една ноќ и на моменти знае да напне. Има паралелно раскажување, флешбекови и интересни нараторски моменти(иако сепак не успеваш да заклучиш кој е нараторот).
Како женско ова не треба да го направам, ама им ја препорачувам посебно на машките.

"Странецот" од Албер Ками.
Прв роман на Ками, единствено нешто од него што ги имам прочитано. Наратор е Мерсо, воедно и главниот лик кој раскажува за неговиот живот од смртта на мајка си до неговата смрт, всушност, смртна казна на која е осуден поради убиство кое го сторил без причина. Книгата е поделена на два дела и вкупно има само 111, но многу силни и крајно реални страници. Мерсо многу прецизно ја доловува бесмисленоста и апсурдноста на човековиот живот, не знам дали да кажам низ песимистичка или само реална перспектива, со што јас лично многу се соживеав.

"Мојата љубов Че" од Ана Менендез.
Да, Че Гевара, но не како секогаш, овојпат низ очите на вљубена жена. Тереса де ла Ландре е главниот лик, млада Кубанка во потрага по својата мајка од која единствен траг и се стихови од Пабло Неруда, сè додека еден ден не стигне пакет со писма со кои е содржана таа љубовна приказна за нејзината мајка и тогаш младиот љубовник Че Гевара...
Ја читав пред неколку години, така да, ќе додадам само дека романов е добар спој од романтична приказна, историска белешка и уште еден мал интригантен дел кој ќе ви го оставам на вас.
 
Ајанта

Македонка
Член од
21 декември 2008
Мислења
580
Поени од реакции
37
Една од книгите што ми оставија подлабок впечаток во последно време е "Богот на реката". Книгата е напишана според записи најдени во гробницата на главниот евнух на една жена фараон, секако, романтизирани, и навистина е чудо од книжуле:zver:
Не сакам повеќе да ја коментирам за да не му ја расипам забавата на некој кој можеби ќе реши да ја прочита.

А сега за "Странецот". Знам дека Венко е крајно, дури хипнотички убедлив, дека на интересен структуралистички начин ги анализира делата. Во контекст на ова, за мене ново, и морам да кажам, чудно читање на романот и на Ками, како се вклопува последниот дел од романот, размислувањето на Мерсо за јавното погубување и желбата, во мигот на неговото погубување да се собере гневна толпа луѓе?
 
Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.403
Поени од реакции
5.957
А сега за "Странецот". Знам дека Венко е крајно, дури хипнотички убедлив, дека на интересен структуралистички начин ги анализира делата. Во контекст на ова, за мене ново, и морам да кажам, чудно читање на романот и на Ками, како се вклопува последниот дел од романот, размислувањето на Мерсо за јавното погубување и желбата, во мигот на неговото погубување да се собере гневна толпа луѓе?
Желбата да се собере гневна толпа луѓе на погубувањето веројатно се јавила поради тоа што Мерсо длабоко во себе сепак почувствувал каење што си го потрошил животот залудно, на крајот тој всушност сфаќа дека не требало да живее толку незаинтересиран за околината, своите постапки тој не ги разбира, затоа навидум е апсурд неговото однесување, според оваа претпоставка на професорот, анализа според клучот на психологијата речиси сите ситуации стануваат дискутабилни.

Мене ме интересираат коментари околу „Мајсторот и Маргарита“, ако некој ја читал да ми каже за што се работи и нешто повеќе околу книгата. :smirce:
 
Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
.
А сега за "Странецот". Знам дека Венко е крајно, дури хипнотички убедлив, дека на интересен структуралистички начин ги анализира делата. Во контекст на ова, за мене ново, и морам да кажам, чудно читање на романот и на Ками, како се вклопува последниот дел од романот, размислувањето на Мерсо за јавното погубување и желбата, во мигот на неговото погубување да се собере гневна толпа луѓе?
Додека трае судењето Мерсо открива дека сака да се биде блиску до луѓето. Додека е во самица уште повеќе ја открива својата осаменост. Значи тој сака да има толпа луѓе на погубувањето токму заради чувството на осаменост, конечно пројавената желба за луѓе.
А сака да ги види нивните очи полни со презир затоа што сака да биде осуден од луѓето за тоа што го направил, очекува да биде осуден, како што тоа се случува веднаш по убиството, осуден е.

Интересното е што Мерсо има избор, но не се покајува, иако има избор најмалку 2 пати. Може да каже дека убиството било во самоодбрана зошто на местото на злосторот немало други сведоци, исто така можел да се покае по разговорот со свештеникот, но останал доследен, доследен на тоа што навистина убил и на тоа што го негирал постоењето на Бог.

Уште поинтересно е што моиве соученици го сакаа Мерсо, и ајде, во ред е ако е заради неговата доследност, останување свој на своето и покрај осудата од општеството, ама тие некако повеќе се восхитуваа на ладнокрвноста и рамнодушноста на ликот. До таму ли сме стигнале, да се восхитуваме на ладнокрвност и рамнодушност?! Дип шит, според мене. :toe:
 
Јас барав токување според теоријата дека Мерсо бил жртва на Едиповиот комплекс. Инаку, морам да кажам дека ликот на Мерсо не е лик на негативец, читателот сочувствува со него, бидејќи тој е жртва на едно апсурдно оттуѓено општество.
Инаку, Мерсо се покајал, не поради свештеникот бидејќи , според него, и религијата е апсурд, туку поради човекот во себе.
Зарем желбата на Мерсо за бесна толпа народ во мигот на погубување не е конечно излегување од мртвилото на рамнодушноста, бидејќи и гневот е емоција, негативна, но интензивна?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom