iPhone хакнат во Македонија

Член од
4 јуни 2007
Мислења
2.885
Поени од реакции
189
iPhone-от хакнат во Македонија
Има 28-години, живее во Гостивар, работи во Он.нет и моментално е најголемата ноќна мора на Стив Џобс и неговата ергела високо платени инженерите за безбедност. Сенад го хакна iPhone-от, миленичето на Епл кое за илјадниците хакери од цел свет до вчера беше не освоив како Сталинград. ЦАР!

IPhone-от фабрички е заклучен да работи само на мрежата на АТ&T и секој што би сакал да го користи мора да стане нивен претплатник - опција која (за нивна несреќа) не му била достапна на Сенад.

"Месец дена го чекав да ми стигне и кога дојде не сакаше да работи на ништо освен на АТ&T, па му ја клонирав картичката и сега одеднаш не можам да дигнам глава од мејлови," ни кажа по телефон Сенад a.k.a Deepdark кој деновиве навистина е под опсада на странски новинари желни да разберат за чудото кое до вчера беше невозможно.

За процедурата е потребен читач/пишувач на СИМ картички и една валидна СИМ картичка. Со помош на читачот ги откривате IMSI и ICCID броевите од AT&T картичката, кои потоа со истиот уред ги внесувате на вашата картичка. Ова ќе го прелаже iPhone-oт да го препознае вашиот СИМ како валидна AT&T и сосема легално да продолжи да функционира.

Сенад почнал со отклучување на телефоните чисто заради забава, меѓутоа тоа му досадило па набрзо почнал да "работи" на сателитски ресивери и нивно хакирање. До сега има забележително портфолио во кое како жртви се нашле неколку сателитски ресивери (меѓу кои и DreamBox), а истовремено изработил и повеќе емулатори за ресивери.

"10-те илјади вработени во Епл сигурно се незадоволни заради ова, но затоа милиони корисници ќе бидат среќни заради рушењето на наметнати бариери," вели Сенад за еден странски веб-сајт, поентирајќи дека "не можеш на луѓето да им продадеш кола а да ги присилуваш да возат само до 50 км/ч"



* http://www.videogamer.com/news/2007/08/05/iphone-
hacked-for-real-and-used-with-european-sim/


* http://digg.com/apple/iPhiend_iPhone_hacked_to_work
_completely_without_AT_T_SIM_Card


* http://www.iphone2die4.com/

* http://www.myitablet.com/iphone-unlocked-for-european
-use-061341.php


* http://bbs.tgbus.com/redirect.php?tid=2480813&goto=lastpost

* http://www.iphoneuklaunch.com/?p=118

* http://www.iphoneclub.nl/iphone-gekraakt-met
-europese-simkaart/


* http://www.iphiend.com/index.php?entry=entry070805-161624

* http://www.iphonealley.com/news/iphone-hacked-to
-work-in-europe-without-at-t-sim-card


* http://www.newzweb.de/2007/08/07/iphone-gehacked
-endlich-in-europa-vollstandig-nutzbar/


* http://www.macgrass.com/permalink/1807

* http://iphonetweakzone.com/?p=835

* http://www.themacupdate.com/?p=53

* http://www.millsworks.net/blog/2007/08/06/one-more-thing/

* http://terramac.org/2007/08/06/senores-desbloquean-
totalmente-el-iphone-y-va-con-cualquier-sim/


* http://www.trendplex.com/hardware/iphone-is-now-fully-unlocked

* http://www.tecnobot.com/2007/08/06/iphone-desbloqueado
-completamente-%c2%a1extra-%c2%a1extra/


* http://www.applesecrets.com/2007/08/06/hackety
-hack-iphone-done-cracked/


* http://iphonisms.com/iphone-hacks/iphone
-hacked-fully-unlocked/


* http://technologyblogs.wordpress.com/2007/08/06/
iphone-hacked-and-used-with-european-sim/


* http://iphone.best-blog.co.uk/iphone
-hacked-and-used-with-european-sim.html
 

Necrophilia

Find Prettys Womans from your city for night
Член од
13 август 2006
Мислења
7.633
Поени од реакции
140
од целово ова испадна дека не го хакнал ај фонот туку картичката :)

како и да е со среќа нека му е... се надевам задоволен е од миленичето на Ејпл
 

cYb3rc0re

~ место за реклама
Член од
3 мај 2005
Мислења
914
Поени од реакции
170
Одлична вест! Браво Сенад!
 

deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
942
Мислете Стиви Џобс не мислел на овие работи? Со ова само ќе му се зголеми потрошувачката на миленичето
 

Necrophilia

Find Prettys Womans from your city for night
Член од
13 август 2006
Мислења
7.633
Поени од реакции
140
логика - заклучувањето со клуч за провајдер го прави самата фирма што го произведува уредот, исто така и софтверите, боксовите и целата опрема за тргање на тој код го прави истата фирма, само за да не ги тужи некој го даваат на некои т.н. хакери.

исто како со вирустите и антивирусите, неможе некој инижињер што направил своја платформа друг да му ја бутне, се разбира човек што направил може и друг човек да го уништи тоа но во овој дел од технологијата се е само бизнис.
 

Џои

КИНЕКТиран
Член од
1 февруари 2007
Мислења
8.406
Поени од реакции
2.076
Мислете Стиви Џобс не мислел на овие работи? Со ова само ќе му се зголеми потрошувачката на миленичето

Како и да е, сепак е Made in Macedonia сега :)
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.493
Поени од реакции
8.005
iPhone ne se prodavashe onaka kako shto ochekuvaa od Apple, ama bidejki tie se stari lisici, ostavile prostor za koga togash nekoj entuzijast da pronajde "sigurnosen propust" :lud: Taka da po frenetichnata prva nedela koa Apple prodade ogromen broj na telefoni, najverojatno sega ke usledi ushte edna lavina na kupuvachi. Pred se od evropskiot pazar koj e mnogu pogolem od amerikanskiot.

Kuchinja stari, so do pola napraven telefon osvojuvaat svetski pazar, i toa uspeshno.
Znachi PR ti stanuva najbiten od site vraboteni u firma.
Vo mojata segashna firma ima dve drazhasni devojchici. Znachi da ne se sekiram za idninata na firmata vo koja rabotam :)
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
E сега, прашањето е кој лаже?

Гледам во повеќе светски медиуми се појавија статии дека iPhone е хакнат, односно дека со клонирање на сим картичката е отклучен. Но, за хрватските медиуми, тоа го направиле дечки од Хрватска, за руските - нормално Руските сезнајковци...

Кој?

Или сите успеале?
 

back_rest

ex mod coder
Член од
19 јули 2006
Мислења
1.590
Поени од реакции
107
E сега, прашањето е кој лаже?

Гледам во повеќе светски медиуми се појавија статии дека iPhone е хакнат, односно дека со клонирање на сим картичката е отклучен. Но, за хрватските медиуми, тоа го направиле дечки од Хрватска, за руските - нормално Руските сезнајковци...

Кој?

Или сите успеале?
Не бе, нашиов патент стави на хакот :).
 

smole

Ѕверотилук
Член од
26 јануари 2007
Мислења
1.699
Поени од реакции
288
Никој не измислил топла вода.Сенад едноставно имал се што требало за да го направи тоа.Упатсвата ги земал од нет.Како и да е секоја чест.
 

Necrophilia

Find Prettys Womans from your city for night
Член од
13 август 2006
Мислења
7.633
Поени од реакции
140
уффф мразам да го кажам ова, ама ретки се инжињерите што се замраат на вакви ситници. Зборам за инжињери што ко детска игра пробиваат 128 битни кодови, пробиваат платформи што дури и поголеми фирми се чудат како е тоа возможно.

Знаете и сами дека ако некој тим на луѓе состави софтвер што они самите велат дека е невозможно да се пробие и ако тимот претходно бил успешен, а сите знаеме дека на Ејпл компјутерите се доста заштитени што во превод би требало и телефонот да биде заштитен значи навистина е добра заштитата.

Е сега како се случуваат тие пропусти некој да ја помине таа бариера.

или имаат издајца во фирмата или навистина постојат лудаци кои по цели денови се обидуваат да ја срушат таа платформа.

Овој муабет се сврте вчера помеѓу мене и едно 15 колеги на кафе бевме :)

исто така заклучивме дека во Он.Нет имало секакви лудаци, да така можно е типот да е прв :)

и шо да кажам, алал да му е, можеби ќе добие добра репутација... ама да занел каде правилно да си го потроши времето пример на DB2020 или BB5 платформите или пак на 128к картичките да може да се клонираат денеска можеби ке правеше пари повеќе од Дејан Каљевич. Како и да е и јас едно време се замарав со инжињерство на софтвер и клонирање на боксови, смарт картички и софтвери за работа и видов дека треба да си будала за тоа да го работиш.
 

A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
5.128
Поени од реакции
11.699
Ако прочитате на форумот од Хакинтош, ќе видите дека нашево дете го прашува хрватов како точно да ги подеси сетинзите, овој му помага, и наеднаш македончево испаѓа најпаметно! :pos2:

Како и да е, ништо посебно.
 

Точкест

I'm Awesome
Член од
25 јануари 2007
Мислења
7.641
Поени од реакции
458
Ако прочитате на форумот од Хакинтош, ќе видите дека нашево дете го прашува хрватов како точно да ги подеси сетинзите, овој му помага, и наеднаш македончево испаѓа најпаметно! :pos2:

Како и да е, ништо посебно.
Добро дечково може и прашувал но учел и е ПРВ во Македонија, како и да е браво за него и упорноста. Сега тоа што прашувал Хрвати Руси и незнам кои е негова работа. Некој може да прашува а да не знае но ете Сенад успеал. Браво машко
 

A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
5.128
Поени од реакции
11.699
Изгледа не ме разбра.

Хрватот имаше напишано туторијал како да ја клонираш картицата за АЈФонот да работи. И Сенад имал силверкард и кар ридер за да ги направи простите чекори за едноставно да ја клонира сим картицата.

Значи Сенад не посветил ни една минута во хакирање на АјФонот, туку ги повторил чекорите од Хрватот за да ја клонира картицата.

Нема за што да му се вели браво, башка под никој случај не смее да се кити со туѓи перја.
 
Член од
29 јануари 2005
Мислења
313
Поени од реакции
3
Неможам да видам дата на телефонот на момчето ама овде веке во Мај месец има упатство како да се направи ова... така да се согласуем со Андроник дека момчето се кити со туѓи перја

http://www.hackint0sh.org/forum/showthread.php?t=2215&page=1
 

Kajgana Shop

На врв Bottom