Поглупо од ова не сум видел... Недостатоците се кажуваат после квалификации, тогаш може да си го истураш бесот колку сакаш, а на меч кога треба да им се дава поддршка да им се кажуваат недостатоците, па јас гарантирам дека уште повеќе ќе им се врзат рацете, бар на помладите играчи.
Па веројатно се работи за тип на играчи... Гоцевски е центар, како и Гечевски и Самарџиски, додека на Чековски основна позиција му е крилен центар како и на Антиќ. Сега сигурно ли е дека Гечевски нема да игра со Британија? Каква повреда заработил?