Кошаркарска репрезентација на Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Христов
  • Време на започнување Време на започнување
Леле колку убаво би ни дошло гмечење на грците....:helou:
 
Ах, пропадна МЗТ па ќе лечиме комплекси на репрезентација. Затоа нема никогаш да ја биде.
Ќе видиме во пон. ако биде густо на крај кој ќе прифати одговорност да заврши последен напад... можеби Перо Блажевски ќе истрче контра !
Јане е добар карактер несомнено, ама дали тоа значи дека моментално е подобар плеј од врбата ?
Сфаќаш ли во ваква ситуација кое значење го има врба? Замисли хипотетичка ситуација дека ги чита твоите постови и се откажува од репрезентацијата, мислиш ли дека во моменти кога го нема Илиевски ,а вашингтон паѓа од добро познати причини, Јането и Миракот ќе прават игра ?

И секако дека ако има друга повреда треба да дојде Јане Петровски, нема друг квалитетен играч.

МЗТ не се распадна, треба ли да ви нацртам ???!!!???

Кој рече дека Јане е бољи од Врба ? Читајте малце, не летајте со пишување ! Споредбата беше за Јане и Мираковски .

Нека ме чита Врба слободно,истото сум способен и у фаца да му го кажам .

Да да многу јасно тоа...Меѓутоа мислам дека Ристе е многу подобар од Мираковски иако не е класичен плеј!

Реков и порано дека Ристе нема играно на плеј добри 6,7 години .
Не знам баш дали е тоа паметна идеја во овој момент.
 
Дечки аман не кревајте толква еуфорија подобро за нас кога сме у втор план.Видовте фудбалерите премногу се пофалија и на крај се посрамотија а и нас не разочараа.навивајте у себе а како што гледам не Б6,лексилиум ќе треба да се напијам со оба нашиве те кинат од нервоза.:lut:
 
Во баскетов е друга ситуација тука сме мноогу поквалитетни да се носиме со противниците. Сигурен сум дека ќе прикажеме добра игра и добар резултат што и да биде ова е најсилниот состав до сега.
 
Во баскетов е друга ситуација тука сме мноогу поквалитетни да се носиме со противниците. Сигурен сум дека ќе прикажеме добра игра и добар резултат што и да биде ова е најсилниот состав до сега.

Не верувам дека ни се поголеми шансите во кошарка отколку во фудбал ама се надевам дека си во право. Добро е во кошарката што и една победа може да не однесе понатаму. Се сеќавам на минатото пвенство кога прво ќе направевме сензација со домаќинот Франција а после и оној малер-меч со Израел во кој најпрво Пеце се повреди, а потоа примивме 3-ка во последна секунда.

Се надевам повеќе среќа ќе имаме сега. Но не ми се допаѓа што креваме еуфорија за мечот со Грција. За мене, тој е меч во кој можеме многу да добиеме а ништо да изгубиме. Тие се фаворити и треба им ја препуштиме таа улога. Никој нема да им замери на нашите ако изгубат, сепак се работи за една од најдобрите европски екипи. А тие можат да загубат многу. Евентуален пораз од нас би бил тежок скандал за нив и тогаш можеме да удриме на еуфорија и задолжителен youtube и photoshop терор. Се надевам ме разбирате. Потребна ни е ладна глава во тој меч. Натпревар како и сите други на ЕП. Да не изгориме во желбата...

Шансата треба да си ја бараме со Израел и со Хрватска која можеме да ја изненадиме. Посебно ќе ми биде мило ако го добиеме Израел и ако го испаднеме, зошто многу пати среќно ни се провлекуваат и многу им имаме за враќање.

Па ќе видиме. Само напред!
 
Ја мислим дека ние позитивно ќе изненадимо на овој шампионат како што напраевмо и со ракометот во хрватска и дека најмалку ќе стигнемо до втората фаза а зашто и да не до 1/4 финале:toe::vozbud:
И ајде да ја размрдаме оваа тема еј људи утре почнуа евробаскетот:vozbud:,а за него чекавмо околу 10 години:toe:
 
Непотребно се ствара ногу притисок врз играчите.Сите очекуваме утре победа, како да мора да победиме. А знајме коа е Грција и шо значи у европска кошарка, па и светска.
Добар ждреб, имаме квалитетни шанси за 1/4 финале, затоа шо групата со која вркстуваме е послаба од нашата во моментот.
И кога ги гледав составите, приметив дека имаме еден од најниските состави.
Грците имаат 3-4огромни центри(куфос 218, бејби-шек), ние го имаме само Самарџиски, а он ништо не покажа на подготовките.

Играта на Грција се базираше на шут за три, ама моментално голем дел од шутерите нема да играат на ЕП(Дијамантидис,Спанулис), а у Полска носат квалитетни играчи под обрачите, така да требе да ги спречиме во рекетот за да ги тепаме.
 
Никој не ствара притисок врз играчите, они сами рекоа дека можат да одат на победа. Нема да биде катастрофа ако изгубиме, ама поради еуфоријата која ги фати играчите евентуален пораз од Грција може негативно да влијае. Мислам дека ќе имаат подршка што и да се случи.
И во право си најслаби сме под центарската позија, во споредба со другиве.
 
Играта на Грција се базираше на шут за три, ама моментално голем дел од шутерите нема да играат на ЕП(Дијамантидис,Спанулис), а у Полска носат квалитетни играчи под обрачите, така да требе да ги спречиме во рекетот за да ги тепаме.

Папалукас нема да игра , а Спанулис ќе игра.И јас се согласувам дека се крева преголема врева за првенството , посебно за натпреварот со Грција.Да се надеваме дека играчите се изолирани и не читаат весници за да знаат какви сме ние напалени овде, тоа ќе им створи додатен притисок.
 
Јасно му е нив шо значи победа против Грција и каква е атмосферата тука.
Ама гледано од позитивна страна, че биде додатна мотивација да победат, нацинални херои ќе ги прогласат.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom