Кошаркарска репрезентација на Македонија

VaZzilL

Сантино Џеновезе
Член од
23 април 2007
Мислења
921
Поени од реакции
39
oti ti ne si navivac!?:(
momce be MAKEDONIJA e!!! site sme navivaci,nema komiti,ckembari...odi vo varsava cela makedonija!!!
mnogu mi e milo sto gledam deka uste sega e vo plan da se odi :): a ima uste 10 meseci...mozete da zamislete sto ke bide poslednite mesec-dva :D:D cc...
inaku za gejcite sigurno deka ke odat vo golem broj,i se toa spremni ekipi,a kako sto znaeme imaat strasni navivacki grupi :(:( za zal....i zatoa...CELA MAKEDONIJA VO POLSKA!!!!
pozdraaaaaaav
Јас навивам за Македонија, но сакав да кажам дека не сум член на навивачка група, пошто како прво навивачките групи треба добро да се организираат меѓу себе. Инаку и мене ми е во план да одам во Полска. И секако да навивам, а не да јадам семки. :)
 
Член од
13 ноември 2008
Мислења
82
Поени од реакции
0
pa spored mene ovaa god. treba 1 petorka da igraat slednive: 1.Dimitar Mirakovski 2.Vlado Ilievski 3.Riste Stefanov 4.Jeremiah Massey 5.Todor Gecevski:D
 
Член од
16 јули 2007
Мислења
12.498
Поени од реакции
4.072
pa spored mene ovaa god. treba 1 petorka da igraat slednive: 1.Dimitar Mirakovski 2.Vlado Ilievski 3.Riste Stefanov 4.Jeremiah Massey 5.Todor Gecevski:D
Димитар нема да игра,другите 4ца би требало...На некоја утакмица ќе почнува Самарџиски,па Тошо ќе влегува кај 5-6 минута.
И ако јас сум за да игра Димитар прва,не верувам дека Арсиќ ќе го игра прва петорка...Мислам дека Врба веќе не може да игра!Со голема почит кон него,и за се што има сторено за нашата репрезентација,но....Незнам сега дали и тренира,не игра натпревари...Искрено незнам како мисли да ја балансира формата до ЕП .:tapp:
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.015
Поени од реакции
5.680
Врба најверојатно ќе игра за Работнички оваа сезона, значи не се повлече од кошарката, туку не може да игра во силна лига како Шпанската, плус таму играат почесто...
 

Маци-

ragazzo pazzo
Член од
17 април 2007
Мислења
6.184
Поени од реакции
3.513
Врба најверојатно ќе игра за Работнички оваа сезона, значи не се повлече од кошарката, туку не може да игра во силна лига како Шпанската, плус таму играат почесто...
Врба ако игра за македонски тим,ќе игра за МЗТ сигурно
 

Тимче

HULK!
Член од
4 јули 2008
Мислења
4.537
Поени од реакции
238
да шо ке кажете да се врате у Кавадарци и да игра за Фени?:vozbud::vozbud::vozbud:
 

Ddime

████████████████████
Член од
18 февруари 2007
Мислења
5.076
Поени од реакции
212
Петар Наумоски, кошаркарот на 20. век во Македонија, кој сè уште е активен во дресот на италијанскиот четвртолигаш Дертона, за „Нова Македонија“ вели дека не размислувал за повторен настап во македонската репрезентација и покрај фатот што сезонава игра во одлична форма со просек од 30,1 поен за 33 минути просечно минати во игра.

- Во Дертона играм по молба на мој одличен пријател, кој е сопственик на клубот како и од желба да останам во каква-таква форма. Настапувам во аматерска лига, која, сепак, не е со така лош квалитет, бидејќи речиси сите екипи во неа имаат по еден или повеќе странци. Тренирам трипати неделно, играм еднаш неделно и навистина уживам во тоа. Без разлика што сум можеби во солидна играчка форма, досега ниту еднаш не ми паднало на памет евентуално враќање во дресот на репрезентацијата, односно можен настап на Европското првенство во Полска - ни изјави Наумоски.

Сепак, продолжението на одговорот, кој ни го даде популарниот Пеце, наведува на заклучок дека кошаркарската легенда, сепак, е заинтригиран од можноста повторно да биде дел од едно ЕП.

- Не велам дека однапред и без размислување би ја одбил евентуалната покана за играње за Македонија. Сепак, мислам дека нејзиното прифаќање не би било фер кон сегашните членови на репрезентацијата, кои вложија голем труд на патот кон ЕП. Моја среќа, или несреќа, како ќе земете, е што сум играч, кој во секоја прилика сака да биде лидер во тимот, да биде тој што одлучува на крајот. Човек тешко се менува, особено на 40 години. Затоа сметам дека не би било пожелно да се вратам во националниот тим, бидејќи во тој случај многу работи во него би се промениле, а јас не го сакам тоа. Помладите кошаркари се стекнаа со шансата да играат во Полска и нормално е дека тие треба да ја добијат можноста да покажат што знаат на собирот на најдобрите во Европа - дополнува Наумоски.

„Професорот Петар“, како што го нарекуваат италијанските медиуми, пред десетина дена на еден меч постигна дури 49 поени заедно со неверојатни 11 тројки.

- Искрено, 40-50 поени можам да постигнам на секој меч во оваа конкуренција, но гледам премногу да не се заморувам. Причина што тогаш постигнав толку многу поени беше интерниот дуел, односно облогот што го имав со еден американски кошаркар во спротивниот табор, околу тоа кој ќе биде најефикасен на мечот. Тој почна одлично, но потоа јас постигнав четири-пет тројки по ред за на крајот да завршиме 49-37 во моја корист. Дури на крајот му се налутив на тренерот, секако во шега, што ме извади последните две-три минути, бидејќи лесно сум можел да ја надминам границата од 50 поени. Ова е доказ за тоа колку се забавувам играјќи за Дентона - раскажува Наумоски.

Сепак, без разлика на ваквата фантастична партија, Пеце самиот признава дека во моментов е можеби 40-50 отсто од оној стариот Наумоски, кој „жареше и палеше“ ширум европските терени.

- Со три тренинга неделно и со еден меч неделно не можам да ја надминам границата од 50 отстотна подготвеност, што во моментов ми е доволно. Со посериозни тренинзи сум сигурен дека би дошол до 70-80 отсто од оној стар Пеце од најдобрите играчки денови. Дали е тоа малку или многу за еден 40-годишник да настапи во репрезентацијата самите заклучете - завршува Наумоски.




Во секој момент можам да играм и во ЛЕГА А

- Играњето во четвртата лига во Италија не е од тоа што тоа е мојот максимум, туку само поради мојата желба. Гледајќи ги мечевите во италијанската ЛЕГА А сигурен сум дека без никаков проблем би играл значајна ролја во некоја прволигашка екипа. Сепак, обврските кои ги има кошаркар што игра на највисоко ниво се преголеми за мене. Имам семејство, бизнис и навистина не би се осмелил да се вратам во ритамот на професионален кошаркар. Засега ми е супер играњето во Дертона. За понатаму ќе видиме - вели Петар Наумоски.




Јовица Арсиќ: Би бил луд да се откажам од подготвен Наумоски

Јовица Арсиќ, селекторот на кошаркарската репрезентација на Македонија, не е запознаен со настапот на Петар Наумоски во италијанската четврта лига. Сепак, тој не се откажува однапред од можноста да го има легендарниот Пеце во националниот тим на Европското првенство (ЕП) во Полска.

- Би бил луд ако би се откажал од играч со квалитети како Наумоски. Сите знаеме каков играч беше тој. Сепак, неговото евентуално враќање во репрезентацијата ќе зависи исклучиво од нивото на неговата подготвеност, но и од желбата да биде повторно дел од националниот тим. Факт е дека на неговата позиција ги имаме Врбица Стефанов и Владо Илиевски, но ако Наумоски се врати приближно во формата во која го знаеме, тогаш сигурно дека и за него би се нашло место во составот. Сега има уште доста до почетокот на ЕП, време во кое може да се решат сите дилеми околу евентуалното враќање на Наумоски - ни изјави Арсиќ.

-

Вреди да се земе Пеце во составот!
....па макар и да седи на клупа цело време. Мотивација плус за нашите!

Се изненадив кога го прочитав текстот. Легенда!
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.015
Поени од реакции
5.680
Легенда, ама играше и за Амак-СП и постигнуваше по едвај 10 поени на меч.
 
Член од
16 јули 2007
Мислења
12.498
Поени од реакции
4.072
- Искрено, 40-50 поени можам да постигнам на секој меч во оваа конкуренција, но гледам премногу да не се заморувам. Причина што тогаш постигнав толку многу поени беше интерниот дуел, односно облогот што го имав со еден американски кошаркар во спротивниот табор, околу тоа кој ќе биде најефикасен на мечот. Тој почна одлично, но потоа јас постигнав четири-пет тројки по ред за на крајот да завршиме 49-37 во моја корист. Дури на крајот му се налутив на тренерот, секако во шега, што ме извади последните две-три минути, бидејќи лесно сум можел да ја надминам границата од 50 поени. Ова е доказ за тоа колку се забавувам играјќи за Дентона - раскажува Наумоски.
Да му ибам легендата :vozbud::vozbud::vozbud::pos2::pos2::pos2:
 

the Consigliere

не читам дугачки постови
Член од
17 јуни 2007
Мислења
5.595
Поени од реакции
263
Сезоната во домашното првенство заврши , па сега на ред е репрезентацијата и нејзините подготовки за ЕП што не очекува во септември...
Го гледав Димевски на тв, збореше како и каде планираат да одат на припреми...Почнуваат со Златибор, а после одат на турнири во Словенија,Турција, мислам дека и кај нас ќе има еден силен турнир, се на се би требало 12 меча да одиграат...
Со финансии стојат солидно, имаат најдено пари, а се уште треба да се потпише со генералниот спонзор чив банер ќе стои на предната страна од дресот...
За недела-два Арсиќ треба да ја има првата прозивка...

Ја залепив темата како важна, а ако сакате да пишувате за тоа како да одите до Полска, за хотели и смештај, организирано навијање или не, имате тема ...
Тука зборувајте само за кошаркарскиот дел , за турнирите, припремите, за играчите, тренерот итн...
 
Член од
8 февруари 2009
Мислења
911
Поени од реакции
173
Пред некој ден ги видов кај нас у маало играа баскет Перо и уште некој, ама уште не е у форма бидејќи имаше повреда колку што го разбрав па така да кажа целово лето ке имаат припреми и богами имаше пуштено големко стомаче
 
Член од
19 мај 2008
Мислења
1.931
Поени од реакции
507
Ме интересира што се случи со Врба? Велеше дека ќе тренира со некој од клубовите од домашното првенство за да ја одржи формата но потоа незнам што се случи. Ако има некој некоја информација нека каже.
 
Член од
7 јануари 2009
Мислења
679
Поени од реакции
30
Врба е без клуб, а на првентството ќе игра. Припреми со селектор директно. Толку бар јас знам, ако знае некој повеќе нека ме поправи.
 

Madrid

Timeless
Член од
23 март 2008
Мислења
3.899
Поени од реакции
154
Списокот од 24 играчи шо се повикани на подготовки:

Стефанов Врбица (капитен)
Антиќ Перо - Локомотив Ростов
Блажевски Перо - МЗТ Скопје
Богојев Ефтим - Амак СП
Брчков Владимир - Торус
Гечевски Тодор - Задар
Гоцевски Златко - Фени Индустри
Димитровски Александар - Фершпед Работнички
Ѓуров Марјан - Фени Индустри
Илиевски Владо - ТАУ Керамика
Костоски Александар - Квадрипол Брашов
Мејси Џеремаја - Реал Мадрид
Мираковски Димитар - Фени Индустри
Николовски Кирил - Вардар
Петровски Јане - Грифони
Самарџиски Предраг - ФМП
Соколов Дарко - МЗТ Скопје
Стефанов Ристе - Лукоил Академик
Стојановски Војдан - Амак СП
Стојановски Дамјан - Амак СП
Стојановски Огнен - Фершпед Работнички
Тасовски Диме - Фершпед Работнички
Трајковски Бојан - Фершпед Работнички
Чековски Ѓорѓи - Феро Енту Запорожје
 

Kajgana Shop

На врв Bottom