Сонови, толкување на сонови

Филозофка

Amelie Poulain
Член од
21 јануари 2009
Мислења
1.680
Поени од реакции
525
Вака пак јас:)))досадата сонувачка
Сонував фамилија од маж, жена и дете, што досега не сум ги видела никад, а јас бев во телото на жената, т.е јас бев таа, на улица во еден ќош стоеше една постара жена свртена со грб, а околу неа такви големи турски бројаници, и таа рече дајте да и ја претскажам иднината на малата, ние застанавме, таа претскажуваше и на крајот побара пари, а кога станавме да си одиме таа побара уште пари молеше за пари имала болно дете и мажот се сврте кон мене и ме прашуваше дали да и даде уште пари на женава? како да чекаше одговор од мене....може и не нешто спешл сонов али ако знае некој, нека повели слободно, сонував и уште еден завчера ама ај да не гњавам башка срамотен е хахаха
 
Луси

extreme
Член од
17 септември 2008
Мислења
6.838
Поени од реакции
20.304

Пробуваш да се смениш? Многу озборувачи околку тебе зли јазици, затоа и се криеш во таа „жена“ на сонот пробуваш да избегнеш бош муабети што би рекле, или си преоптеретена со нечии проблеми некој многу те оптеретува те напиња да не речам, олабај се остави мозок и игнорирај се што е вишок мој совет.

А тие срамотните обично претскажуваат болест... сеа зависи до колку си се срамувала на сонот :)
 
Всушност и не се срамев, туку срам ми е да кажам хаха ама ај нејсе:) сонував како сум имала пенис, однапред а целово мое тело си стоело исто значи и вагината и се и пенисот ми влегол во вагината и ме пип знаеш, лол и тоа ми беше чудно малку зашто ги чуствував и двата полови органи како мои:icon_lol:
фала за толкувањето анивеј позз
 
bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.908
Поени од реакции
6.998
Сношти сонував печурки. Ама убави, од оние ливадски шапињони што се розови одоздола и ливадата беше полна со нив и малку росеше дожд ама топло беше, затоа и многу печурки имаше изгледа. Е сега јас со сестра ми и татко ми и мајка ми трчавме, се каравме кој повеќе да набере од печурките. Сестра ми не ги сака многу за јадење ама обожава да ги собира. Јас и ги собирам и ги јадам. Значење?
 
Внимавајте какви потфати и потези правите овој период на ниво на целото семејство, печурките се лош предзнак..
 
Член од
30 јуни 2008
Мислења
474
Поени од реакции
152
Почнувам да се загрижувам за соновиве више у пм нека иде незнам шо ми стана многу сонувам у последно време...
Значи бев на некое место сцена баш како супер марио онака зелена трева и како коцки бели кои водат нагоре као скали....и сеа као шо се качувам(скокам) по тие скаличките не успевам да доскокнам и паѓам во друго место, сега сум на некоја кула од повеќе слоеви и секој слој е обоен со различна боја и ја ги кршам со некој чекан пополека слоевите и се симнувам надоле, дотука памтам понатака ништо...бленк... толкување?
 
Член од
13 август 2010
Мислења
956
Поени од реакции
1.100
Додека сеуште ми е свеж сонот и го паметам да го раскажам. Сонував како имам некои здраствени проблеми, сум отишла на доктор, сум направила тестови и ми кажале дека сум бремена. Но подоцна ми кажале дека тестоите биле грешка и дека не сум бремена. Но таму во болницата имала некоја девојка со мало бебенце, требало да го остави на посвојување. Бебето било многу убаво и ја сум решила да го земам. Сум го однела дома, но почнала да ме гризе совеста што ќе речат другите, најпрво што ќе помисли дечко ми зошто тој бил некаде на страна и не сум се консултирала со него. Но сум си велела нема да прави тој проблем,кога ќе ивде колку е слатко ќе сака да го чуваме. Потоа сум почнала да му зборувам не бебето,но и тоа кажувало некои зборови како мама,татао,баба, дедо и тоа многу убаво и течно,јас сум се чудела како може бебе од 2-3 месца да зборува толку јасно. Кај бебето сум нашла две ланчиња со по неколку приврзоци и сум мислела дали е на мајката или пак е оставено за успомен на дететото, за некогаш да го пронајдат..е тоа е целиот сон.
 
bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.908
Поени од реакции
6.998
Леле луѓе каков сон сонував и тоа додека патував во воз за Скопје. Обично си поспивам секогаш кога сум во воз ама кратко и лесно и најмалото вознемирување како движење на патници, отворање на врата, сирената на возот можат да ме разбудат ама овојпат така цврсто сум заспал што изгледа било доволно за длабок сон. Значи си се возам така со возов од Прилеп за Скопје рано на сабајле во 4. И си спијам си спијам кога одеднаш гледам сите патници од моето купе, а и од другите стануваат масовно и си ги земаат торбите и се спремаат за излегување. Јас си реков:
-Ах штом сите стануваат мора да се приближуваме до Скопје, а и околината надвор ми беше позната и си викам гарант е ова Скопје па ајде и јас да се спремам за слегување. И застанува возот слегуваат сите и јас со нив. Само што слегоа сите возов заминува накај Куманово (а обично стои на станица тој што доаѓа од Битола не продолжува никаде посе Скопје туку пак се враќа за Битола). И штом заминува мене ми текнува: - Ееејјј абе торбите си ги заборајв во возот! Леле сега што ќе правам?!!? Две торби имав и тоа полни со алишта и јадење. Како сега да им се јавам дома и да им кажам ги заборајв торбите останат сум без ништо на станица Скопје. И ме фаќа паника, барам на станица ваму-таму некој од кондуктерите да им кажам да се јават во Куманово да ги побараат торбите. И барам барам, а имаше толпа луѓе сигурно 100-200 шо слегоа од возот и беше гужва. И барам јас и среќавам некои луѓе во униформи кои се разликуваат од патнициве и си викам: Аха ене еден кондуктер сега ќе го прашам...кога гледам тоа воопшто не било железничка униформа темно плава туку некоја маслинесто зелена со црвени јаки и зелена капа. И таман да му прозборам, да му кажам што ми е макава, си викам ај ќе побарам друг, ама како одам понатаму пак среќавам такви луѓе со иста таква униформа и се откажувам не ги прашувам ич. Леле кога почна да ме фаќа една паника, еден страв. Истовремено за заборавениот багаж, а истовремено а местово каде се наоѓам и тоа што овие со чудните униформи ме тераат да мислам дека местото не е воопшто Скопје :nesvest: И после едно време добивам смс порака со текст од типот: хх-ххх-хх е сега не се сеќавам точно кои букви беа, мислам дека беше ho-hah-ha или така некоја варијанта од овие букви не сум сигурен. И како еден од тие со униформите да се доближуваше кон мене и јас во тој момент почнав да се сомневам да не е ова сето сон?!?! И се разбудувам и кога гледам дека уште сум во возот кога ми дојде една смиреност, еден спокој и си викам: Ох добро е, ова сон било, се си е во ред дури и двапати погледнував нагоре да видам дали ми се торбите тука. Којзнае што си рекоа луѓето од купето кога двпати погледнував нагоре.

И што е уште пострашното само 2-3 минути од како се разбудив, навистина стигнавме во Скопје :lud:
 
Зајче

Бело, и тоа!
Член од
13 септември 2008
Мислења
3.439
Поени од реакции
3.945
Другарка ми сонувала како јас сум се мувала со женско, а она со другите другарки чувале стража. Девојчето било цело збунето и само стоело, а јас сум навалувала ....
Бог да чува ми е сонов. Некој да ми објасни што може да значи. :smir:
 
Член од
28 декември 2008
Мислења
1.356
Поени од реакции
184
Леле луѓе каков сон сонував и тоа додека патував во воз за Скопје....И што е уште пострашното само 2-3 минути од како се разбудив, навистина стигнавме во Скопје :lud:
мислам дека сонот е прдизвикан од размислувањата токму на таа тема, што би се случило ако возот продолжи да вози, најверојатно свеста влијаела на потсвеста, или како се вика тоа (свесно сонување) трипам... на сумјверојатно кога си задремувал си размислувал: „а што ако спијам кога ќе биде време за симнување...`` а со тоа ненамерно си делувал на подоцнежната креативност :)

Другарка ми сонувала како јас сум се мувала со женско, а она со другите другарки чувале стража. Девојчето било цело збунето и само стоело, а јас сум навалувала ....
Бог да чува ми е сонов. Некој да ми објасни што може да значи. :smir:
размисли добро дали правиш некои недозволени работи, а за сето тоа, другарките, иако знаат дека не си во право те поддржуваат и те прикриваат. велам недозволени, - од коментарот: „бог да чува`` заклучив дека си стреит :) па сметам дека моментот со женско ти е неприроден, односно според токлувањето и постапките кои во реалноста ги правиш се неприродни за тебе.

не мора да се точни, но јас на ваков начин ги толкувам своите сонови, психолошки пред се`...
 
Член од
24 ноември 2010
Мислења
16
Поени од реакции
5
ја сонував еден премн заебан сон шо појма неам шо значи и на кој и да сум го кажал, никој неможел да го дешифрира, па ај да пробам и тука, ваљда ке успеам некад да дознаам шо е финтата. Еве вака: прво се наоѓам како во еден бесконечен простор, јас лебдам, значи нема дно, нема никаков простор над мене, се е бесконечно, јас лебдам али сум као исус со рацете како да сум распнат и неможам да се помрднам и после околу мене слушам многу гласови што се доближуваат, па стануваат подалечни и после како има еден глас позади моето лево рамо ама премногу е далечен и тој глас се дере, ама се дере ненормално премногу, само не го разбирам, а има и друг глас позади моето десно рамо што е одма позади мене и тој глас нешто ми шепоти ми кажува нешто, али и тој не го разбирам. после тоа истиот јас стојам и гледам како се вртат две огромни сребрени топки, едната иде накај мене другата си оди и после обратно и така цело време..... понатаму не се сеќавам. неззнам поради овој сон увек иам као фобија набиено од дерење или шепотење........ дали ќе може да дешифрира некој........
 
Kajgana Shop

На врв Bottom