Во 1000Kg свежи печурки има 77 % вода.По испарување на одредено количество вода,масата на печурките била преполовена.Колку проценти вода содржат сега печурките ?
Грешка у сметање на памет. На лист полека чекор по чекор и како си излезе:wink:
Решение: На 1000кг печурки, 770кг се вода, а 230 кг се сува маса. По испарување на водата масата на печурките се преполовила што значи дека има 500кг печурки и притоа `сувата` маса не се променила т.е е 230кг, што значи дека остануваат 270 кг вода или 54%!
На река широка 30 метри треба да се изгради параболичен мост со столбови на растојание 5 метри.Висината на средниот столб е 7.5 метри.Колкави се висините на другите столбови ?
А бе дарк, јас дури ја решавав ти веќе си пратил решение. Како и да е, еве што правев, да не биди за џабе.
Нацртав ваков график
И како функција го поставив
y=a(x-15)^2 + 7,5
Значи треба да го најдиме a.
Затоа што знаме дека за x=0, фунцијата враќа 0 поставуваме равенка
0=а(0-15)^2 + 7,5
Решение е a = -7,5/225 = -1/30
Чим ја имама функцијата сега бараме за кој x враќа каков y. Вредностите се во табелата во цртежот погоре.
Користени помошни програми беа Microsoft Math и Paint.NET
Да да така е
-----------------------------------------------------------------
Во едно училиште има 32 паралелки. Од нив 6 паралелки имаат по 29 ученика, 8
паралелки имаат по 30 ученика, 2 паралелки по 31 ученик, а останатите паралелки имаат
по 32 ученика. Колку изнесува вкупниот број на ученици во училиштето?
Еве и јас да поставам. Да се најди плоштината на фигурата со задебелена линија. Радиусот на сите кругови е ист. Значи да се изрази плоштианта преку a, b, c, r, и да се даде образложение.
Мала помош:
За П на триаголникот се користи Херонова формула. Но тоа е лесниот дел.

_________________

Немам време да ти дам решение, ама отприлика вака: Плоштина на триаголник + трите плоштини од правоаголниците со една должина r и другите a,b,c соодветно + плоштина на 1 круг. Ќе ти ја напишам утре точно, пошо можно е и грешка да сум. Поздрав
Ај сепак ќе ти ја решам. Значит фигурава ја делиш на неколку делчиња.
Првиот дел е триаголникот. За него не е никаков проблем, по херонова -
P=sqrt(s*(s-a)*(s-b)*(s-c)),
каде што s=(a+b+c)/2 или
sqrt((a+b+c)/2*((a+b+c)/2-a)*((a+b+c)/2-b)*((a+b+c)/2-c))
Вториот дел се трите правоаголници што се добиваат. Значит едната страна на сите им е иста (радиусот r), а другите страни им се страните на триаголникот.
P=P1+P2+P3=r*a+r*b+r*c=r*(a+b+c).
Сега нацртај ги радиусите што ќе ги користиш, т.е. за да ги нацрташ правоаголниците.
И во третиот дел останвет само тие закривените делови. Е вака сега. трите кругови имаат заеднички 1080 степени (3*360). Но, не се земаат сите, пошо еден дел веќе оттргнавме од нив: 180 степени од триаголникот и 540 степени од правоаголниците (секој правоаголник откинува по 90 степени - 3*2*90=540 степени). Па на крај, 1080-180-540=360 степени. Што значи, останува уште плоштината на еден круг -
r^2*pi.
И крајно, плоштината на ова глупово тело е:
P=sqrt((a+b+c)/2*((a+b+c)/2-a)*((a+b+c)/2-b)*((a+b+c)/2-c)) + r*(a+b+c) + r^2*pi
Блиску до брегот на морето се закотвил брод. На страната виси скала од јаже. Скалата има 10 скалила. Растојанието помеѓу скалилата е 30цм. Најдолу скалата ја допира водата. Морето е мирно, но почнала плима и го крева нивото секој час за 15цм. По колку време водата ќе дојде до третото скалило?

Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.