Македонска фудбалска репрезентација

  • Креатор на темата Креатор на темата meazza
  • Време на започнување Време на започнување
За фудбал пред се е важен приватниот капитал, влез на големи компании во клубовите, подобрување на инфраструктурата, условите за тренинг, редовни плати, соигурување на играчите итн... Се додека главни приходи на клубовите се од наместените натпревари, ќе си бидеме кај што сме, на дното.
 
Кажи ми што има врска владата со спортот?? ФФМ си има адекватен буџет со кој може да се инвестира у спортот, да се прават тренинг кампови итн... пример можеби едно 6-7 донации со топки исто како и многуте донации за развој на фудбалот (тренинг кампови, спортска опрема итн...) од УЕФА и ФИФА до сега не се завршени во рацете на клубовите (играчите) тоа секој го знае. Така да владата нема што да ја мешаш у спортот затоа има посебен оддел за фудбал што се вика ФФМ (фалсификаторска федерација на Македонија:nesum:).
Ако памтиш пред некое време кога се замеша владата у ФФМ одма реагираја УЕФА и ФИФА...
А и владата колку толку дава за фудбалот и другите спортови. Сега скоро у секое место имаш сала и фудбалско игралиште... кажи ми која друга влада го направила ова??
Фудбалска Федерација на МАКЕДОНИЈА!

Владата има право и е должна да го контролира работењето на ФФМ, особено кога ќе се обелодени корупција. Едно време Харалампие ќе го затвараа, контрола на сметките, итн.. и никакво фајде... Кој е одговорен за оваа работа што се заташка? Сигурно не јас од пред компјутер...

Ако некој сака да одиме напред, постојат и други „мерки“ за да се изврши притисок врз ФФМ, не мора да биде во согласност со ФИФА, но да биде за добро на мак фудбалот. Секако, ФИФА нема да дознае за тоа, они повеќе се секираат кога владата се меша за лоши работи, а не за добри.
 
Светската Фудбалска Федерација го предупреди Фудбалскиот Сојуз на Украина дека ќе биде суспендиран доколку се смени тамошното раководство...

ФИФА изрази загриженост бидејќи во првиот обид за смена на раководството на Фудбалскиот Сојуз на Украина учествуваа и претставници на украинската влада.

Секое мешање на политиката во спортот е строго забрането, а неколку украински политичари минатата година се обидоа да го сменат претседателот на Фудбалскиот Сојуз, Григори Суркиз поради обвинение дека го фаворизира фудбалскиот клуб Динамо Киев, чиј сопственик е неговиот брат Игор.

:smir:
 
Си имаат гласачко тело и си го штитат. Не е само тој пример имаше и други. Еднаш и се закануваа на Шпанија и тамошниот министер ги отера у три пичке материне, им рече ние сме Шпанија не сме Малта, или нешто во таа смисла...
 
Кажи ми што има врска владата со спортот?? ФФМ си има адекватен буџет со кој може да се инвестира у спортот, да се прават тренинг кампови итн... пример можеби едно 6-7 донации со топки исто како и многуте донации за развој на фудбалот (тренинг кампови, спортска опрема итн...) од УЕФА и ФИФА до сега не се завршени во рацете на клубовите (играчите) тоа секој го знае. Така да владата нема што да ја мешаш у спортот затоа има посебен оддел за фудбал што се вика ФФМ (фалсификаторска федерација на Македонија:nesum:).
Ако памтиш пред некое време кога се замеша владата у ФФМ одма реагираја УЕФА и ФИФА...
А и владата колку толку дава за фудбалот и другите спортови. Сега скоро у секое место имаш сала и фудбалско игралиште... кажи ми која друга влада го направила ова??

Сали, терени можда има мада и за тоа не сум сигурен АМА нема играчи, нема деца или пак има ама нема организација, турнири, собирања или пак салата е затворена и така дреми собира прашина, па уште и ти бараат пари за да играш, ехеее...

Се што се случува во државата има, ако ништо друго индиректна врска со владата. Сигурно УЕФА и ФИФА нема да замерат ако да речеме во буџетот за 2016 година предвиди ...не знам... 20 мил. евра ( а се фалат со буџет од ред на неколку милијарди евра) за интензивен развој на младинскиот фудбал, од 12 до 18 години, изградба на терени (по сите стандарди, со дренажи со се и секако нивно одржување) за клубовите кои имаат таква класа на младинци, опрема, тренери и сериозна младинска лига за тие екипи, парично потпомагање на тие клубови со цел покривање на трошоците итн. итн. СЕ СЕ МОЖЕ САМО АКО СЕ САКА НАЈПРВО, А ПОСЛЕ АКО СЕ ИМА ПАМЕТНИ ЛУЃЕ ДА НАПРАВАТ ДОБАР ПЛАН И ИСТИОТ ДИСЦИПЛИНИРАНО ДА ГО СПРОВЕДУВААТ. Нема шасни ако добро работиш да не се покажат резултати на виделина, едноставно нема шанси! Ова подразбира и редовни контроли, финансиски и други, постојано да се следи текот на парите, нивната намена, да се има отчет за секој потрошен денар. Само така може да има резултат ама КОЈ сето тоа да го прави кога полесно е наместо да се изгради супер квалитетен терен кој нема да се закалува и на најобичниот дожд, а на убаво време ќе биде тепих на кој ќе им биде мерак на децата да трчаат, да закачат 4 колци на блиското паркче, полно со дупки, длапки, со пиреј, со гола земја....каде играчите се повредуваат, топката отскокнува или им се губи во џбунот па не можат да ја најдат :pos2:.....Еххеее колку работа и внимание бара спортот како и секоја друга работа. Затоа и постојат цели академии за менаџмент во спортот во светот каде се внимава на секој детаљ и ако се спроведе тоа во реалноста резултатите се неминовни. Лесно ни е нас да ги гледаме на ТВ големите клубови како “лесно“ везат по теренот, даваат голови, имаат кондиција за 2 утакмици наеднаш, шутираат со 100 на саат, и се прецизни во додавањата. Е тоа не е постигнато преку ноќ или за 2, 3, 5 години....тоа е традиција и начин на работа. Јас им се восхитувам на Германија. Како само ја развиваат Бундеслигата последниве 10 години....колку екипи станаа конкурентни за шампион, па нормално после од цела лига ќе се најде една база од 20-30 играчи од кои ќе се изберат најдобрите 15-16 и оп ете ја Германија на последните 3 СП меѓу топ 4 екипите :) И ова не е од вчера. Добро знаете Германија што значи во фудбалот.

Само ум и дисциплинирана работа носи успех. Се друго се инцидентни нерешени резултати со Холандија и Англија, жими еден Пандев шо ни игра во Интер....а Словенија (значи тие ни се најдобра споредба пошто бевме појаки од нив и почнавме практично од нула, од исто скалило ама сега Словенија зад себе има 3 учества на СП/ЕП И МОМЕНТАЛНО Е 16-та СВЕТСКА ФУДБАЛСКА СИЛА !!!
 
И светот ни се смее...
C97D28770BA7C84C9B67D0D805F51F34.JPG
Залудно би ни било импозантното издание на "Филип Втори" со вкупен капацитет од 35.000 седишта доколку согласно сите европски стандарди не биде решен проблемот со теренот на нашиот најголем стадион
И еден од најтиражните европски медиуми "Ел Мундо Депортиво" деновиве, по пријателскиот натпревар на македонската репрезентација со Камерун во Скопје, се надоврзува со своја сторија околу фактот кој за нас долго време е болна точка - катастрофално лошиот терен за игра на националната арена "Филип Втори Македонски".
Тоа што за нас овде со години наназад е реален срам, деновиве служи за потсмев и меѓу светските медиуми.
"Имаше неколку лоши терени за игра на пријателските натпревари на 9 февруари, меѓутоа теренот во Скопје е убедливо најлошиот", пишува "Ел Мундо Депортиво", поткрепувајќи ја својата приказна со фотографии од средбата Македонија - Камерун.




Превземено од: http://sport.com.mk/?ItemID=415954C59014B4498E51123F7A9F258C


Ѓуровски, сепак, во Кубан Краснодар!?
Нема крај на трансфер најавите за македонскиот репрезентативец Марио Ѓуровски
И покрај тоа што пред само два дена Ѓуровски самиот најави дека до јуни останува во Војводина, вчера нова информација од раководството на новосаѓани во која се вели дека е можна преселба на македонскиот фудбалер во рускиот прволигаш Кубан Краснодар.
Како што пренесуваат српските медиуми, Кубан Краснодар, на чија клупа е поранешниот тренер на Црвена Звезда, Славољуб Муслин, веќе испратил понуда до Војводина.



Превземено од: http://sport.com.mk/?ItemID=53E63AFDC2A49E468C449CC8198971F6
 
Утре Недела од 23 30 гостин кај филе во топки плус ќе биде мирсад јонуз со прашање од фб страната и неколку новинари па време е да го распукаме овај овчарот :salut:
 
Сите се пред нас... чим нашиве идат на печалба во Кипар, Албанија, Азербејџан можете да си замислите што сме ние.
Една Андора не можеме да ја тепаме што се собираат конобари, поштари, водоводџии за да играат. Нашите младински екипи се јаки до 14-15 годишна возраст. Додека сите работат напорно од мали нозе за да напреднат еден ден, нашите се вадат на тоа да имаат 2-3ца поснажни за да можат да претрчуваат. И после, кога ќе пораснат и едните и другите на виделина доаѓа нивната работа, а нашата талентираност без работа си тоне и тоне.
 
Ова само кај нас го има, Селектор да се впушта во политика, позиција/опозиција... Фудбал во кој никој жив не си го знае местото...
 
Ова само кај нас го има, Селектор да се впушта во политика, позиција/опозиција... Фудбал во кој никој жив не си го знае местото...
Не се мисли на политичка опозиција, туку на ривалите на Хари и компанија.
 
Не се мисли на политичка опозиција, туку на ривалите на Хари и компанија.
Знам де, и јас на тоа мислев. И тоа е политика. Сте слушнале за Селектор кој јавно зборува за конфликт на раководството на федерацијата со тие кои им се противници? Селекторот треба да си го води тимот. Пандев ако сакал сам ќе дадел изјава.
 
:pos:

Ова го кажал Јонуз, кој како и Вест не е извор за верување...
Вест само пренесе што кажал Јонуз, така да немораше нив да ги спомнуваш и објасниш дека не се за верување, али да, ни ја не верувам многу у ова...
 
За време на натпреварот Македонија - Камерун одигран на 09.02.2011 беше направена Анкета, која ја пополнија околу 200 испитаници -гледачи на Националната Арена Филип II во Скопје.

Во прилог Ви ги пренесуваме резултатите од истите:
1.jpg

2.jpg

3.jpg

4.jpg

5.jpg



Ко прво не знам дал да плачам или да се смеам......во анкетата учествувале 78% од женскиот пол а сите знаеме колку жените во нашава земја знаат за Фудбалот во Македонија (не целам на дискриминација)!
Срамота, голема, невидена......

Веке ова преминува во безобразност.......да се дрзнеш да поставиш анкета која одговорите ги дава 78% од женскиот пол, каде ставиле дека 45% од сите испитаници кажале дека цената била нормална!



ПС... Се чудам што би поставиле доколку во овие прашања вметнеа и прашање од типот - „Дали сте задовлни од работата на ФФМ“
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom