Се ми се чини дека доаѓаат подобри денови за Македонската репрезентација. Типував дека следниот квалификациски циклус ќе ни биде одново само просечен, ама со оглед на тоа што скоро секогаш грешам со проценките се молам така да биде и сега

Ме чуди што баш со Јонуз успеваме да прикажеме колку толку фина игра. Ги нема очајните утакмици кога неможевме да дојдеме до гол, а полека имаме и играч од врвна светска класа- Пандев. Е сега, да не биде само он да игра а другиве да дремат, треба малку да се потрудат повеќе. Мило ми е што полека шанса добива Тричковски, а уште помило што колку толку за разлика од други години нашиве репрезнтативци се повеќе играат за своите клубови. Ме загрижува само Шумоликовски. Иако игра со срце, и дава некои топки сепак прави кардинални грешки во средината кои влијаат кон нашиот гол. Треба да си најде тим кај што постојано ќе игра макар тоа бил просечен Кипарски клуб, а не вака нема изиграно ни 5 меча веќе 3-4 сезони ....
Ајде верувам ќе се оправи работата. Ќе видиме до кај сме, после дуелот со Романија :wink: