Македонска фудбалска репрезентација

  • Креатор на темата Креатор на темата meazza
  • Време на започнување Време на започнување
Супер голови дадовме и двата беа квалитетни со квалитетни шутеви...вака ако играме и со другите екипи да ги искористуваме шансите за гол тогаш ќе напраиме некој подвик...ајде сеа и со Романија да изграме на ниво ама потешко ќе биде...
 
Се ми се чини дека доаѓаат подобри денови за Македонската репрезентација. Типував дека следниот квалификациски циклус ќе ни биде одново само просечен, ама со оглед на тоа што скоро секогаш грешам со проценките се молам така да биде и сега :)
Ме чуди што баш со Јонуз успеваме да прикажеме колку толку фина игра. Ги нема очајните утакмици кога неможевме да дојдеме до гол, а полека имаме и играч од врвна светска класа- Пандев. Е сега, да не биде само он да игра а другиве да дремат, треба малку да се потрудат повеќе. Мило ми е што полека шанса добива Тричковски, а уште помило што колку толку за разлика од други години нашиве репрезнтативци се повеќе играат за своите клубови. Ме загрижува само Шумоликовски. Иако игра со срце, и дава некои топки сепак прави кардинални грешки во средината кои влијаат кон нашиот гол. Треба да си најде тим кај што постојано ќе игра макар тоа бил просечен Кипарски клуб, а не вака нема изиграно ни 5 меча веќе 3-4 сезони ....
Ајде верувам ќе се оправи работата. Ќе видиме до кај сме, после дуелот со Романија :wink:
 
Малце оф топик
дека при крај е со школото па глеа као побрзо да му поминат деновите...
 
Шумуликоски: Со колективна игра и максимално залагање до прв успех против Романија
Вторник, 01 Јуни 2010 15:41
Нашата најдобра репрезентација вечерва во терминот на одигрувањето на средбата (среда 19ч) ќе го одработи последниот тренинг на подготовките во Австрија и пред дуелот со селекцијата на Романија. Добрата игра против Азербејџан е мотив повеќе да им се реваншираме на романците за поразите во досегашните четири пресметки. Интересно нашиот интернационалец Николче Новевски за првпат ќе истрча против романците:

- Иако сме играле четири пати против Романија , ова е мој прв настап против нив. Овој натпревар за нас ќе биде добар тест да ги видиме нашите квалитети против репрезентција која има големо реноме во европскиот и светскиот фудбал и секако рејтинг во ФИФА.

За капитенот Величе Шумуликоски ова е трета пресметка против Романија и се сеќава дека во двата порази од по 2-1 среќата не ни беше наклонета:

- Во целост се сложувам со зборовите на Новевски, би додал само дека за да ги покажеме нашите вистниски квалитети ќе треба сите играчи да одиграат максимално сериозно и одговорно за да на крај го оствариме посакуваниот резултат кој лично посакувам да биде позитивен и да ја продолжиме одличната серија на победи во последните 5 средби.
 
Ајде денес можеме да ги тепаме за прв пат Романците, оваа победа ќе биде и те како значајна за Македонската репрезентација, значи со добивањето на овој меч ќе се зголеми и самодовербата на играчите што е важен фактор во фудбалот, АЈДЕ ЃУРОВСКИИИИИ мислим дека тој ќе им го збрчи...
 
Како им дозволиле овие да ни дадат гол, пак истата песна..се отпуштаат на крај, треба цврсто до крај.
 
Абе ќе има ли пренос на некоја наша телевизија или пак како со Азербејџан со стримови?
 
Абе ќе има ли пренос на некоја наша телевизија или пак како со Азербејџан со стримови?

Ништо од пренос така да па стримови ќе бараме
 
На романскиот ТВ канал Digi Sport ќе има пренос,кој има сателитска и кључеви од DIGITV нека гледа...
 
Гледам на Алфа денес а и сега реприза ја даваат Холандија со Гана. Ако не ја даваат македонија стварно голема срамота за "националните" телевизии.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom