Македонска фудбалска репрезентација

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.015
Поени од реакции
5.680
Пандев е ослободен од натпревариве, што значи во напад ќе идеме само со Ристиќ, Куртиши и Савиќ

Него што бидна со Филип Ивановски? Тој само против Исланд заигра 10 минути, даде гол (јес да добро, тоа не значи дека беше некој талент пошто едноставно се најде на право место у право време) ама сепак, зашо го избркаа од репрезентација?
На Филип Ивановски не го избркаа од репрезентација, туку речиси цела полусезона немаше настап за својот клуб во Полска и најверојатно затоа не беше повикуван. Мислам дека наскоро ќе биде слободен играч и ќе може да си најде нов клуб.
На местото на „изморениот“ Пандев се повикани Баже Илијоски и Агим Ибраими, а освен оние што си ги набројал и Иван Тричковски е напаѓач. Исто така и Јане Николоски го откажал своето доаѓање за овие пријателски средби.
 

Bibo

Модератор
Член од
9 април 2006
Мислења
4.154
Поени од реакции
4.038
На Филип Ивановски не го избркаа од репрезентација, туку речиси цела полусезона немаше настап за својот клуб во Полска и најверојатно затоа не беше повикуван. Мислам дека наскоро ќе биде слободен играч и ќе може да си најде нов клуб.
На местото на „изморениот“ Пандев се повикани Баже Илијоски и Агим Ибраими, а освен оние што си ги набројал и Иван Тричковски е напаѓач. Исто така и Јане Николоски го откажал своето доаѓање за овие пријателски средби.
Thanks for the info :)
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Со Азербејџан во сабота од 18:30, Пандев не е во состав причина нема.
 

DracevoTheCity

Чиста Македонија !
Член од
7 ноември 2008
Мислења
8.662
Поени од реакции
9.983
Со Азербејџан во сабота од 18:30, Пандев не е во состав причина нема.
Не е повикан,пошо имаше исцрпувачка полу сезона со Интер,заслужен одмор добива. А и баш интересно ќе биде да се види како ќе функционира репрезентацијава без него. xDD
 

Bibo

Модератор
Член од
9 април 2006
Мислења
4.154
Поени од реакции
4.038
Не е повикан,пошо имаше исцрпувачка полу сезона со Интер,заслужен одмор добива. А и баш интересно ќе биде да се види како ќе функционира репрезентацијава без него. xDD
Се согласувам, не треба само на него се да се остава. Мора да се вежба и за во случај ако биде принуден да пропушти некои натпревари (што се надевам нема да се случи), мора и без него да знаат да се снаоѓаат и да играат достојно...
 

Ptolomej

Дрвен адвокат
Член од
7 август 2005
Мислења
1.761
Поени од реакции
1.050
Дали некој има информација , дали и на која тв ќе даваат преноси од натпреварите со Азербејџан и Романија ( ако воопшто има пренос ).
 

Bibo

Модератор
Член од
9 април 2006
Мислења
4.154
Поени од реакции
4.038
И ја тоа прашав ама никој не одговори... На интернет ништо не наоѓам за пренос по нашиве канали, башка пошто не се игра у Мк почнува да ми изгледа дека воопшто нема да вршат пренос од натпревариве :/
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.015
Поени од реакции
5.680
Јас мислам дека ќе има пренос, така во последен момент ги обезбедуваат преносите од овие мечеви. Ако нема на некоја наша телевизија, сигурно ќе има на интернет, посебно од овој мечов со Романија.
 

Shmugi

Цензоред
Член од
26 мај 2010
Мислења
14
Поени од реакции
1
Според мене тешко дека ќе има пренос, едвај се обезбедува пренос за натпреварите што се играат во Македонија а не пак надвор од државава, но не се знае...ќе биде екстра ако има пренос
 
Член од
8 април 2007
Мислења
16.034
Поени од реакции
9.126
Ќе врши Сител бе ќе видите, увек ги даваат и пријателските. Лани памтим игравме пријателски незнам со кого беше во Германија, имаше пренос.
 

superstarpizza

Unsurpassed Сasual Dating - Verified Damsels
Член од
20 септември 2008
Мислења
6.025
Поени од реакции
1.363
И ја тоа прашав ама никој не одговори... На интернет ништо не наоѓам за пренос по нашиве канали, башка пошто не се игра у Мк почнува да ми изгледа дека воопшто нема да вршат пренос од натпревариве :/
http://www.myp2p.eu/broadcast.php?matchid=77696&part=sports

Еве линк...само шо уште ги нема ставено оние директните линкови, обично ги ставаат на денот на натпреварот, така да стеј тунд!
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
Кога се играат натпревари и каде(ако се знае и саат напишете)?Баш ме интересира да видам како ќе играат без Пандев.
 

superstarpizza

Unsurpassed Сasual Dating - Verified Damsels
Член од
20 септември 2008
Мислења
6.025
Поени од реакции
1.363
Кога се играат натпревари и каде(ако се знае и саат напишете)?Баш ме интересира да видам како ќе играат без Пандев.
Вторник, 25 Мај 2010 13:20





Селекторот на А-националниот тим на Македонија, Мирсад Јонуз на денешната прес конференција потврди дека нашата експедиција за Австрија ќе патува без нашиот најдобар играч, Горан Пандев кој ќе биде поштеден по напорната сезона во дресот на Интер. Настапот го откажа и искусниот чувар на мрежата Јане Николовски. Доколку биде потребно , Јонуз остави простор дополнително да повика уште еден голман. Списокот е дополнет со Агим Ибраими и играчот од домашното првенство , Блаже Илијоски од екипата на ФК Металург.



-Со доаѓањето на Марио Ѓуровски очекувам да биде засилена конкуренцијата во средниот ред и за квалификациските дуели за ЕП 2012г. предност ќе имаат само играчите кои настапуваат во своите екипи стандардно. Доколку Бесарт Ибраими ја потврди својата форма во дресот на Шалке и тој ќе биде повикан за овие дуели. Сега имаме повикано играчи кои заслужуваат шанса според настапите што ги имаат во своите клубови. За нас е добро што Азербејџан и Романија играат сличен фудбал со некои од селекциите кои играат во нашата квалификациска група – истакна на пресот селекторот Јонуз.



На прес конференцијата присуствуваше и селекторот на Б-репрезентацијата на Македонија, Бобан Бабунски кој изрази задоволство од настапот на турнирот во Јемен каде нашата Б-селекција го освои 3. место во конкуренција на А-селекциите на Јемен, Буркина Фасо и Оман.

- На овој турнир и претходно некои од играчите ја потврдија својата класа, пред се Лазевски, Димитровски, Ибраими.... и тие се многу блиску до А-репрезентацијата. Покажавме дека имаме квалитет и убава фудбалска иднина-потврди Бабунски.

Пред поаѓањето за Австрија нашата најдобра селекција ќе одржи два тренинга и тоа на игралиштето на ФК Работнички во среда во 14.15ч. и в четврток во 10ч.

Истиот ден во 15.50 тргнува со авион за Љубљана од каде ќе патува уште 50 километри со автобус до Вилах каде ќе бида сместена во Хотел ПАРК-Вилах.



Во петок на 28. Мај на програмата се два тренинзи во 10 и во 18.30ч.

В сабота на 29. Мај во 18.30ч. се игра натпреварот со Азербејџан во Бишофсхофен.

В недела и понеделник , 30 и 31 мај ќе се одржи по еден тренинг во 18.30ч.

Во вторник , 1-ви Јуни ќе се тренира во 19ч и во истиот термин на 2. Јуни се игра натпреварот со селекцијата на Романија во Кернтен-Австрија.....





СПИСОК НА ИГРАЧИ И СТРУЧЕН ШТАБ

За пријателски натпревари

Македонија - Азербејџан и Македонија - Романија

Бишофсхофен, 29.05.2010 / Вилах 02.06.2010


Бр.ПрезимеИмеКлуб

1.Пачовски Томе

Жерминал Бершот / Белгија

2.Нурединоски Един

Етникос ахнас / Кипар









3.Илијоски Баже

Металург / Скопје

4.Шиков Ванче

Етникос Ахнас/Кипар

5.Грнчаров Бобан

АПОЕЛ / Кипар

6.Седлоски Гоце

Матерсбург / Австрија

7.Митрески Игор

ЦСКА СОфија/ Бугарија

8.Новески Николче

Мајнц 05 / Германија









9.Тодоровски Александар

Рад / Србија

10.Алими Арменд

Истра - Пула / Хрватска

11.Шумуликоски Величе

Престон Норт Енд / Англија

12.Деспотовски Филип

Ворскла / Украина

13.Гроздановски Влатко

АЕЛ Лимасол/Кипар

14.Попов Горан

Херенвен / Холандија

15.Георгиевски Славчо

Етникос ахнас / Кипар

16.Ѓуровски Марио

Војводина / Србија

17.Тричковски Иван

АПОЕЛ/Кипар

18.Лазаревски Владе

Ријека / Хрватска









19.Ристиќ Стевица

Бунјодкор / Узбекистан

20.Ибраими Агим

Олимпија / Словенија

21.Куртишиm Менсур

Магна / Австрија

22.Савиќ Душан

Брашов / Романија
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.967
Поени од реакции
57.733
Сега имаме повикано играчи кои заслужуваат шанса според настапите што ги имаат во своите клубови
11.Шумуликоски Величе

Престон Норт Енд / Англија
Настапи? :jaj:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom