Македонска фудбалска репрезентација

  • Креатор на темата Креатор на темата meazza
  • Време на започнување Време на започнување
Халелуја!
 
Знае некој дали ќе има негде пренос од пријателскиве натпревари? :/
 
Абе денеска почнува Првенството за жени под 19 год,ќе има некаде пренос од натпревариве.

--- надополнето ---

А- група

13ч. Шкотска –Англија - стадион Железарница Автокоманда

13ч. Германија –Италија – стадион Башкими Куманово

Б- група

13ч. Холандија – Франција – стадион Борис Трајковски Маџари

17ч. Македонија –Шпанија – Национална Арена Филип Втори

16.30ч. Свечено отворање – Национална Арена Филип Втори.

Со Шпанија секој пораз под 3:0 би бил успех.
 
Секој пораз под 10-0 би бил успех :pos:
 
Ги даваат жеснките на МТВ оној шо е собраниски ли каков е незнам... Губеме од Шпанките 1:0
Прво полувреме не минавме половината ај да се надаме дека второто ќе дадеме некој гол
 
Mногу плашливо играат.. немаат концетнтрација. неможат да сврзат 2-3 додавања.. Андонова пробува да направи нешто.. ама неможе сама нема никаква подршка.. целосно се изгубени..
 
6-0
ептен лошо...Наташа Андонова неможе сама против Шпанкиве а и голманката наша некако слабо со рефлексиве :)
 
Па полесно би било да кажеме дека врска немаат од фудбал... Не знам со кој памет некој ни дал да организираме ЕП во младинки, па овие играат бетер и од Андора. А и Наташа Андонова не е нешто посебно, би ја рангирал како некој просечен играч.
 
Ко изгубени Германци се овие нашиве
 
Па полесно би било да кажеме дека врска немаат од фудбал... Не знам со кој памет некој ни дал да организираме ЕП во младинки, па овие играат бетер и од Андора. А и Наташа Андонова не е нешто посебно, би ја рангирал како некој просечен играч.

Женскиот фудбал кај нас постои 6-7 години за разлика од Шпанија, Германија, Франција кој го има од многу многу одамна. Почетници сме и ова е успех :smir:
А Наташа не е нешто посебно? Па не би рекла :)
Денес не се снајде најдобро но и ништо неможе сама покрај Шпанките
девојката има ненормален талент...ова и е шанса да се пробие да добие понуда од европски тимови но ке видиме како ке се снајде понатаму.
 
Се што видов на клипот е голманка која воопшто не знае да брани. Андонова е добра фудбалерка, можеби да била на некое друго место и време би била и одлична. Денес против рамни на себе направи по некој добар потег, но главно добро ја читаа. Тоа што сме почетници во фудбалот не е за оправдување, 6-7 години и не се малце, па нашиве не се способни гол да дадат (т.е. да стигнат до голот), во просек на натпревар примаме по 7-8 гола, а се сомневам дека постигнуваме погодоци :raz:
 
Море лупај те ги 7+ во кладилница 99,9 % добивка. :)
 
naundb едно прашање?
Се разбираш барем малку у фудбал, имаш шутнато топка нешто си тренирал или само си кењатор а воедно во очите на некој незналици и голем стручњак?
 
Воглавно сум кењатор... погледни колку „добро“ интервенира голманот, па после кажувај... ниту сум стручњак, нити имам намера да бидам.
 
Список на играчите шо ќе играат на пријателските со Азербејџан и Романија

1. Пачовски Томе Жерминал Бершот / Белгија
2. Нурединоски Един Етникос Aхнас / Кипар
3. Николовски Јане АЕП Пафос /Кипар
4. Шиков Ванче Етникос Aхнас / Кипар
5. Грнчаров Бобан АПОЕЛ / Кипар
6. Седлоски Гоце Матерсбург / Австрија
7. Митрески Игор ЦСКА Софија/Бугарија
8. Новевски Николче Мајнц 05 / Германија

9. Тодоровски Александар Рад / Србија
10. Алими Арменд Истра - Пула / Хрватска
11. Шумуликоски Величе Престон Норт Енд / Англија
12. Деспотовски Филип Ворскла / Украина
13. Грозданоски Влатко АЕЛ Лимасол/Кипар
14. Попов Горан Херенвен / Холандија
15. Георгиевски Славчо Етникос Ахнас / Кипар
16. Ѓуровски Марио Војводина / Србија
17. Тричковски Иван АПОЕЛ / Кипар
18. Лазаревски Владе Ријека / Хрватска

19. Ристиќ Стевица Бунјодкор/ Узбекистан
20. Пандев Горан Интер / Италија
21. Куртиши Менсур Магна / Австрија
22. Савиќ Душан Брашов / Романија

[/FONT]

Пандев е ослободен од натпревариве, што значи во напад ќе идеме само со Ристиќ, Куртиши и Савиќ :О

Него што бидна со Филип Ивановски? Тој само против Исланд заигра 10 минути, даде гол (јес да добро, тоа не значи дека беше некој талент пошто едноставно се најде на право место у право време) ама сепак, зашо го избркаа од репрезентација?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom