Кога се играат натпревари и каде(ако се знае и саат напишете)?Баш ме интересира да видам како ќе играат без Пандев.
Вторник, 25 Мај 2010 13:20
Селекторот на А-националниот тим на Македонија, Мирсад Јонуз на денешната прес конференција потврди дека нашата експедиција за Австрија ќе патува без нашиот најдобар играч, Горан Пандев кој ќе биде поштеден по напорната сезона во дресот на Интер. Настапот го откажа и искусниот чувар на мрежата Јане Николовски. Доколку биде потребно , Јонуз остави простор дополнително да повика уште еден голман. Списокот е дополнет со Агим Ибраими и играчот од домашното првенство , Блаже Илијоски од екипата на ФК Металург.
-Со доаѓањето на Марио Ѓуровски очекувам да биде засилена конкуренцијата во средниот ред и за квалификациските дуели за ЕП 2012г. предност ќе имаат само играчите кои настапуваат во своите екипи стандардно. Доколку Бесарт Ибраими ја потврди својата форма во дресот на Шалке и тој ќе биде повикан за овие дуели. Сега имаме повикано играчи кои заслужуваат шанса според настапите што ги имаат во своите клубови. За нас е добро што Азербејџан и Романија играат сличен фудбал со некои од селекциите кои играат во нашата квалификациска група – истакна на пресот селекторот Јонуз.
На прес конференцијата присуствуваше и селекторот на Б-репрезентацијата на Македонија, Бобан Бабунски кој изрази задоволство од настапот на турнирот во Јемен каде нашата Б-селекција го освои 3. место во конкуренција на А-селекциите на Јемен, Буркина Фасо и Оман.
- На овој турнир и претходно некои од играчите ја потврдија својата класа, пред се Лазевски, Димитровски, Ибраими.... и тие се многу блиску до А-репрезентацијата. Покажавме дека имаме квалитет и убава фудбалска иднина-потврди Бабунски.
Пред поаѓањето за Австрија нашата најдобра селекција ќе одржи два тренинга и тоа на игралиштето на ФК Работнички во среда во 14.15ч. и в четврток во 10ч.
Истиот ден во 15.50 тргнува со авион за Љубљана од каде ќе патува уште 50 километри со автобус до Вилах каде ќе бида сместена во Хотел ПАРК-Вилах.
Во петок на 28. Мај на програмата се два тренинзи во 10 и во 18.30ч.
В сабота на 29. Мај во 18.30ч. се игра натпреварот со Азербејџан во Бишофсхофен.
В недела и понеделник , 30 и 31 мај ќе се одржи по еден тренинг во 18.30ч.
Во вторник , 1-ви Јуни ќе се тренира во 19ч и во истиот термин на 2. Јуни се игра натпреварот со селекцијата на Романија во Кернтен-Австрија.....
СПИСОК НА ИГРАЧИ И СТРУЧЕН ШТАБ
За пријателски натпревари
Македонија - Азербејџан и Македонија - Романија
Бишофсхофен, 29.05.2010 / Вилах 02.06.2010
Бр.ПрезимеИмеКлуб
1.Пачовски Томе
Жерминал Бершот / Белгија
2.Нурединоски Един
Етникос ахнас / Кипар
3.Илијоски Баже
Металург / Скопје
4.Шиков Ванче
Етникос Ахнас/Кипар
5.Грнчаров Бобан
АПОЕЛ / Кипар
6.Седлоски Гоце
Матерсбург / Австрија
7.Митрески Игор
ЦСКА СОфија/ Бугарија
8.Новески Николче
Мајнц 05 / Германија
9.Тодоровски Александар
Рад / Србија
10.Алими Арменд
Истра - Пула / Хрватска
11.Шумуликоски Величе
Престон Норт Енд / Англија
12.Деспотовски Филип
Ворскла / Украина
13.Гроздановски Влатко
АЕЛ Лимасол/Кипар
14.Попов Горан
Херенвен / Холандија
15.Георгиевски Славчо
Етникос ахнас / Кипар
16.Ѓуровски Марио
Војводина / Србија
17.Тричковски Иван
АПОЕЛ/Кипар
18.Лазаревски Владе
Ријека / Хрватска
19.Ристиќ Стевица
Бунјодкор / Узбекистан
20.Ибраими Агим
Олимпија / Словенија
21.Куртишиm Менсур
Магна / Австрија
22.Савиќ Душан
Брашов / Романија