Балканска лига

  • Креатор на темата Паспарту
  • Време на започнување

vac 13

партизановец
Член од
21 мај 2008
Мислења
5.426
Поени од реакции
530
Јака муда ако не играат Хрватите,уште поубаво!!
Ако се направи вакво нешто има да биде одлично,100пати поатрактивен фудбал ќе гледаме и нормално поквалитетен.
 

Invader

I am not in danger, I am the danger!
Член од
17 ноември 2008
Мислења
18.021
Поени од реакции
22.930
Па вака да има Балканска лига мислам дека Грците и Турците ќе доминираат така да подобро ќе биде да се создаде лига само од СФРЈ и тогаш ќе има борба за титулата меѓу Динамо,Партизан,Марибор а и Милано не го заборавајте:pos2:.
 
Член од
5 април 2007
Мислења
1.609
Поени од реакции
298
Posle sve ona sto se sluci so raspadot na jugoslavija tesko ali ako se naprai vakvo neso gostuvanje na navivacki grupi nema da ima sosigurnost da ne se leta mn vo oblaci so sigurnos nema da go ima onoj fudbal koj go imalo i seta taa atmosvera koja vladeela koga stadionite bea prepolni da soberis na marakana 110000 narod ne e mala sala to e dokaz kolku se cenese togas toj fud .
 

vac 13

партизановец
Член од
21 мај 2008
Мислења
5.426
Поени од реакции
530
Зашто мислиш дека ќе доминираат Грците и Турците???
Како прво ќе биде доста израмнета лигата ,ако се направи па и Романците и Србите се јаки,ама рано е да се збори и тешко е многу да се реализира ова.
 
Член од
8 април 2007
Мислења
16.034
Поени од реакции
9.126
Немора да значи дека хрватите и србите ќе се тепаат. Што има врска тоа, па и во кошарка играат српски против хрватски тимови па не се случува ништо посебно. Немора да значи тоа.
 

the Consigliere

не читам дугачки постови
Член од
17 јуни 2007
Мислења
5.595
Поени од реакции
263
Праењето пари е основа на фудбалот у денешно време, па така и идејава не е ништо подалеку од тоа...Откриено е ново тржиште на таленти кои може за евтини пари да се шиткаат у големите европски клубови, па Платини и компанија демек сакаат да им помогнат на балканските земји да доживеат да гледаат поатрактивен фудбал...

Концепцијата која била некад дека фудбалот се игра заради навијачите и публиката сега е тотално изменета , и сеа фудбал се игра заради пари...

Многумина тука ја споредуваат оваа лига со јадранската во кошарка...Не е баш адекватна споредбата ...Еве ќе се задржам на екс-ју државите...У баскет Цибона нема навијачи, Гробари не одат на гостувања надвор од Србија,Делије бојкотираат,Олимпија има некоја смешна група која ни сама не знае што праи, Торнадо може да се каже дека го губат шмекот на жустри навијачи...Другите екипи немаат навијачки групи...Епа и во ваква ситуација, на толку малку активни групи, на првиот Ф4 што се одржа во Љубљана дојде до инциденти помеѓу Делије и полицијата...Не е битно зашто, како ,кој ,што се десило...

Е сеа...Замислете у фудбал на Маракана да дојде БББ и да пеат Уби србинаа, или србе на врбе...Или па обратен случај...Па тие нема да си отидат од таму како што си дошле и целиот епилог би бил многу крвав...Или па замислете Гејт 7 да дојдат на ЈНА и да играат против Партизан, а со нив се и Делије како православни браќа па заедно да навиваат...Пекол...

Тоа секако дека Платини не го гледа , али се прашувам зашто некој не му укаже на тоа...Одговорот е секако поради парите...Најголем протагонист на идејава е Толе Караџиќ, претседателот на ФСС и он секако дека има некој надомест поради тоа...Дејо Савиќевиќ и Влатко Марковиќ се против идејата и ја ги поддржувам пошо имаат добро размислено и целиот проблем го имаат разгледано од сите аспекти , а не само од финансискиот...

Лигава е замислена да биде по урнек на балтичката мислам или скандинавска(не знам како се вика тачно) и не знам дали има некои бенефиции од неа , како што се идење директно у ЛШ или Уефа куп...Али, ова не е Скандинавија, ова е Балкан и тука на народот малце му треба за да пламне и од една обична фудбалска утакмица да почне војна...Па и за 50 години од сеа лигава би била лоша идеја, а камоли сега ,15 години после војната...

Добро сеа, квалитетот ќе се зголеми, ќе се игра подобар фудбал, навијачите делумно ќе се вратат на стадионите али сето тоа е само привидно...Иста ваква фама и бука имаше кога почна јадранската у баскет, па после 2 години увидоа дека лигата не носи некоја голема добробит, не се игра подобра кошарка, полупразни сали на утакмиците итн...Не знам ни дали направија договор со Евролига за да може победникот од јадранска да иде директно во тоа натпреварување...

Ја не би праел ваква лига...Поднебјето е се уште зелено и свежи се спомените за повторно да се евоцираат...
 

Invader

I am not in danger, I am the danger!
Член од
17 ноември 2008
Мислења
18.021
Поени од реакции
22.930
Зашто мислиш дека ќе доминираат Грците и Турците???
Како прво ќе биде доста израмнета лигата ,ако се направи па и Романците и Србите се јаки,ама рано е да се збори и тешко е многу да се реализира ова.
Затоа што секоја година играат во ЛШ и УЕФА и имаат 10 пати подобар тим од сите други тимови.

П.С. Веднаш помислите на негативните работи што ќе се случуваат што не мислите на позитивните работе а не веднаш ќе има тепање ово оно.
 

the Consigliere

не читам дугачки постови
Член од
17 јуни 2007
Мислења
5.595
Поени од реакции
263
П.С. Веднаш помислите на негативните работи што ќе се случуваат што не мислите на позитивните работе а не веднаш ќе има тепање ово оно.
Па на ударни вести сигурно нема да има за тоа дека на Маракана се собрале 50000 луѓе и сите коректно навијале, туку ќе има за тоа дека се десиле нереди у близина на стадионот и дека ситуацијата била опасна по живот...
 
Член од
8 април 2007
Мислења
16.034
Поени од реакции
9.126
Немора да значи бе дека ќе има нереди. Како што кажав, има многу натпреварувања во кошарка, каде играат хрватски и српски тимови меѓу себе...па ретко има инциденти. Ако е добро организирано, и ако има доволно полиција по стадионите нема да има никакви проблеми.
 
M

Mario Gómez

Гостин
Кој гледаше денес Хајдук-Динамо,ако тоа е лошо ова 100 пати полошо ќе биде ама уживам ко се тепаат усташи,така ДА за балканска лига.
 
Член од
17 септември 2008
Мислења
822
Поени од реакции
19
Одлично би било да се реализира ова. Единствено само балканска лига е спасот за фудбалот на овие простори. Во поединечните лиги ситуацијата е катастрофална, а најлоша е во Македонија.
Што се однесува до навивачите, се сложувам со повеќете, многу опасно би било тоа, токму и поради навивачите до сега не е направена ваква лига. Но мислам дека би можел да се реши и овој проблем доколку институциите добро си ја завршат работата. Можеби би било решение да нема гостински навивачи, или некои строги закони како во Англија ама се сомневам дека би се почитувале, сепак ние сме Балкан.
 

Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
Би било интересно да се формира една ваква лига...
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.833
Поени од реакции
6.392
Да нека ја има.
Македонија - Вардар
Хрватска - Динамо и Хајдук
Романија - Стеуа и Динамо
Србија - Звезда и Партизан
Црна Гора - Будуќност
Босна - сега незнам тука као идат али најдобри се Сарајево и Зрињски еден од нив пошо имаат слаб квалитет
Словенија - Домжале
Бугарија - ЦСКА и Левски
Турци и Грци да ставаме е глупо тие и онака си имаат јаки лиги и играат ЛШ и куп уефа.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom