Значи јас малце ќе прекинам ремет.
Прво да кажам дека имав и имама многу позитивно мислење за најперспективната пливачка на форумов.....и најперспективна сеирџика:smir:.
Како што ти често ставаш слики од Hi 5 така и други можат да ставаат од тебе. За тоа не можеш да се лутиш. Е сега, факт е дека девојкава те ставила на темава со цел да ти наштети, да те исмева, да те омаловажи или како и да е. Меѓутоа со фактот дека и ти ја стави пак нејзе и ја реметиш со твоето ремет друштво само те сведува на нејзино ниво и што е уште полошо типкава што не прифаќа шега на нејзина сметка успеа во намерата што ја имаше.те изнервира тебе и голем дел од остали членови.
Едноставно требаше да искулирате и да ја игнорирате.
Еден мој другар ми кажа многу добра мисла која ептен се вклопува во моментов
НЕ СЕ РАСПРАВАЈ СО БУДАЛА, ЌЕ ТЕ СВЕДЕ НА НЕГОВО НИВО И ЌЕ ТЕ ТЕПА НА ИСКУСТВО.
Уште една работа- прочитајте наназад 20 страници, што е проблемов со дебелината. Ако е дебела знаци дека е поинаква, дека е помалку вредна. дали со таквите коментари не ги вреѓате вашите другари кои имаат малце поише килца??? Или на темава можат да реметат само совршени луѓе????
Толку од мене ,продолжете си со реметот јас морав да го напишам ова.