Нивното писмо е Глаголица. Ние обајцата пишуваме на писмо кое е прастаро и со малку модифициран фонт. Затоа се слични латиницата и грчкото писмо на нашето писмо, затоа што изворот на тие две писма бил во нашето прастаро писмо. Формата на буквите е правена според првата буква од одредени предмети. Така, буквата “Д“ (повеќе личи латиничното “D“, меѓутоа и двете се само модификација на истиот цртеж) ја добила својата форма од именката ДАЛЕТ која значи : “мотика“ и затоа така личи - како работниот дел од мотиката. Нејзиното име пак, произлегува од зборот “дељает“ = работа, односно : ДЕЛО... Буквата “Г“ пак ја добила формата според именката “ГИБЕЛ“ која значи : “секира“ и затоа има форма на секира (сосе дршка, но и со вертикална цртичка на хоризонталниот дел) и затоа имаме ПОГИБЕЛ, Србите велат : -ИЗГИБОСМО (погинавме) и т.н. Буквата “Б“ (повеќе личи латиничната форма : “В“) доаѓа од именката “БУТ“ која значи : “куќа“, “ЖИВЕАЛИШТЕ“ и затоа има квадратна форма на куќа, со покрив горе (во постарите записи по карпите, претставена е во долниот дел како квадрат, а над него има триаглеста форма, односно, двата дела не се еднакви квадрати, или како сега што се прикажува - два полукруга). До денес останале кај нас зборовите БУТКА = мала куќичка, најчесто дрвена, БУТИК (куќа на модата), Битие (ЖИВО суштество, кое има врска со куќата како ЖИВЕАЛИШТЕ) и т.н.
И така натаму и така натаму. Не е ни место ни време сите букви да ги анализирам (всушност да ги образлагам, затоа што тие се веќе анализирани).
А ти мали, треба уште многу сомуни да изедеш, па за да ми кажуваш кој биле Кирил и Методиј и со кое писмо јас пишувам...