"Само" по 500 евра казна за виновниците!
Овче Поле, односно Торус ќе треба да издвојат по 60.000 денари по основа на казни за Небојша Ристиќ и Александар Хелд, односно за Никола Караколев и Ангел Тасевски за учеството во инцидентот за време на полуфиналето од Купот... Побарана и официјална изјава од Зоран Даневски...
Полуфиналето од плеј-офот во македонската кошарка, сепак, ќе протекне во "комплетен состав". Поточно екипите на Овче Поле и на Торус ќе може да настапат во своите најдобри состави со исклучок на оние исклучени кошаркари за време на нивниот меѓусебен натпревар во полуфиналето на Купот на Македонија во Виница.
Пријавата која ја поднесоа раководните луѓе на МКФ, претседателот Даниел Димевски и генералниот секретар Дејан Лекиќ, беше знак и за итен состанок на Дисциплинската комисија.
А истата одлучи дека виновниците треба да бидат казнети. И тоа парично...
Па така пријавените кошаркари, Александар Хелд и Небојша Ристиќ од Овче Поле, односно Никола Караколев и Ангел Тасевски од Торус, ќе треба да платат парична казна во висина од 30.000 денари.
"Иако е утврдено дека е отстапено од стандардната процедура која треба да е напишана во пропозициите за натпреварување во Купот на Македонија, сепак, по прегледот на снимката од натпреварот, јасно е дека има и други виновници, односно учесници во тој немил настан"- појаснува претседателот на Дисциплинската комисија, Александар Лазаревски. "Реакцијата на одговорните луѓе во федерацијата е правилна. Но во овој момент, согласно со актуелната ситуација, сметаме дека високата парична казна ќе има позитивно влијание во разрешување на една ваква неубава слика која се создаде по тоа полуфинале во Виница"- дополнува Лазаревски.
Согласно со ова одлука, овие кошаркари ќе имаат право на настап на денешните полуфинални дуели од плеј-офот. Сите имаат право на жалба до Арбитражната комисија, и тоа во рок од 72. часа по приемот на одлуката.
Освен тоа, "дисциплинците" не ја затворија постапката и против првиот човек на Овче Поле, Зоран Даневски, исто така пријавен од страна на челниците на МКФ. И тоа поради обидот да ја повлече екипата за време на натпреварот со Торус.
"Не можеме никого да судиме додека не го чуеме неговото мислење и видување на настанот"- смета Лазаревски."Затоа одлучивме, односно побаравме и официјална изјава од г. Зоран Даневски. Откако ќе ја добиеме, можеме да зборуваме за продолжување на постапката во која, пак ќе речам, има доста неправилности, и пред с$ правовремени реакции. Една ситуација која сите нас н$ тера да направиме сериозни промени во оние постоечки Пропозиции за натпреварување во Купот кои се доста воопштени"- вели на крајот Лазаревски.
Без Шибалиќ и Костески
Старите казни, оние на Данило Шибалиќ, односно Александар Костески, и понатаму остануваат "на сила".
Крилата на Овче Поле и на Торус ќе ги пропуштат наредните четири натпревари, а како што сега стојат работите и целата полуфинална серија од плеј-офот.
Освен тоа, и двајцата се со дополнителна парична казна од 30.000 денари изречена веднаш по инцидентот во Виница.
извор:
http://www.sport.com.mk/?ItemID=B3816AD052903A4595E8F5C5669C98BD