eve so kazal vodzata na majmuni za mak sport
ПРИЛЕПСКИТЕ НАВИВАЧИ НАЈАВУВААТ РАДИКАЛНИ МЕРКИ ПРОТИВ УНИШТУВАЧИТЕ НА ФУДБАЛОТ ВО ЗЕМЈАВА А КОИ СЕ НИВНИ СОГРАЃАНИ
"МАЈМУНИТЕ" ПРОТИВ ХАРАЛАМПИЕ И АЦУЛЕ
*"Двајцата му нанесоа големо зло не само во Прилеп туку и на комплетниот фудбал во Македонија", коментира популарниот Биби водачот на прилепските навивачи
Редакција на "Македонски спорт". Четврток, 22 април, околу 19 часот. Неколку минути по завршувањето на првенственото коло во нашата најдобра фудбалска лига. Повик од Прилеп, а на линијата популарниот Биби, водачот на навивачката група "мајмуни" од Прилеп. Врие во градот херој. Скандалите го потресоа градот кој важеше за најфудбалскиот во Македонија. Казната на Победа од УЕФА делуваше како земјотрес од висок степен под "Марковите кули". Популарните "мајмуни" повеќе не можат да гледаат што се случува во и околу нивниот клуб.
"Му кажавме и на Ацуле директно во очи дека тој и Харалампие Хаџи-Ристески го уништија фудбалот во Прилеп. Прво донесоа одлука против 11 Октомври, а еве сега и казна за Победа. Доста беше.... ние тргнуваме со радикални мерки и за споменатите луѓе повеќе нема иднина во Победа и во фудбалот во Македонија. Им се приклучуваме на 'комитите' и 'чкембарите'. Сакаме чист фудбал а не фудбал за интерес и за местење натпревари. Во Победа нема повеќе место за измамници и луѓе кои преку клубот добиваат претседателски места во ФФМ. Крај... кога ние кренавме раце од нив с$ е јасно. Никој во Прилеп не ги сака", нервозно коментира Биби. Станува збор за еден од најверните навивачи на прилепскиот клуб кој го соопштува ставот на неговите "мајмуни", на неговите прилепчани....
"Ја сакам Победа. На прво место е мојата ќерка, а потоа клубот. Победа е дел од мојот живот, а тоа важи и за многу прилепчани. Овој клуб не е на Ацуле и Харалампие. Станува збор за гордоста на Прилеп која е продадена за интерес. Сите ние сме излажани и изманипулирани. Не можеме да трпиме, да навиваме, а некој да ни работи позади грб и да н$ мести. Ние како навивачка група секогаш ќе бидеме со Победа, но нема да дозволиме и во иднина истите луѓе да си играат со реномето на клубот. Време е Ацуле да го нема од Победа, а Харалампие од ФФМ. Во Прилеп има многу чесни и познати имиња како Кирил Самарџија (Прилепска Пивара) и Симон Наумоски (Витаминка)... кои заедно со градот треба да ја спасат Победа", гласно напоменува лидерот на навивачката група "мајмуни" во името на сите членови на оваа група и во името на многу нервозни и револтирани прилепчани кои се срамат, а некои и ронат солзи за срамот кој го потресе клубот од Прилеп.
Популарните "мајмуни" нагласуваат дека Победа е жртва на интереси и полигон за добивање делегатски гласови во ФФМ. Признаваат дека Харалампие има удел и во уништувањето на Пелистер (нивниот најлут ривал), но и на многу фудбалски центри. Прилепските навивачи потенцираат дека без Победа, Вардар и Пелистер нема да има фудбал во Македонија.
Ќе ја молиме УЕФА за казната!!!
"Само да ги нема Ацуле и Харалампие. Да дојдат учени луѓе. Ова зло кое го најде нашиот фудбал мора да го нема. Ако тоа се случи се надеваме дека ќе наидеме и на разбирање во УЕФА. Се надеваме дека ќе успееме да ги измолиме и да ни ја укинат суспензијата од 8 години неиграње во Европа. Ако таа санкција остане на сила кој ќе дава пари во клубот за ништо", најавуваат популарните "мајмуни", кои се надеваат дека ќе дојдат добрите денови за нивниот клуб.
Ја "избркаа" публиката
"Што добивме од тоа што Харалампие е на власт во ФФМ!? Ништо.... Луѓето почнаа да го мразат клубот, а публиката веќе ја нема во голем број на трибините во Прилеп. Многу верни навивачи се откажаа, го нема на стадионот, но ќе се вратат. Ќе се вратат во првиот момент кога ќе видат дека има ново раководство во клубот. Прилеп беше и повторно ќе биде најфудбалскиот град во Македонија", е надежта на "мајмуните".