eve koj barase za mestenkite
ЕКСКЛУЗИВНО - ВНАТРЕШНАТА КОНТРОЛА НА УЕФА ДОЈДЕ ДО ДОКАЗИ ОКОЛУ "МЕСТЕНКАТА" НА ДУЕЛОТ ПОБЕДА - ПЈУНИК ПО ШТО СЛЕДАТ ДРАСТИЧНИ КАЗНИ
ДОЖИВОТНИ КАЗНИ ЗА "ПРИЛЕПСКИОТ КЛАН"
*Александар Забрчанец и Николче Здравески ќе бидат засекогаш отстранети од фудбалот поради "наместените" два натпревари од квалификациите за Лигата на шампионите од пред 5 години
Македонија влегува во историјата на светскиот фудбал. Поточно ФК Победа Прилеп. Прилепчани фатени во "местење" натпревар од пред пет години во квалификациите за пласман во Лигата на шампионите. Погодувате! ПЈУНИК!!! Внатрешната контрола на УЕФА по неколкугодишна истрага дојде до докази со кои се потврдува дека двата натпревари на тогашниот првак на Македонија и оној на Ерменија биле однапред режирани. Во јуни 2004 година по скопските "два во два" и оние "два во нула" во Ереван тргна истрагата.
Сега откако с$ е докажано ваквата скандалозна вест за македонскиот фудбал ќе го потресе светот. Денеска на конгресот на УЕФА во Копенхаген внатрешната контрола на УЕФА ќе достави извештај до Извршниот одбор на оваа институција за целиот случај.
Како потписници на материјалот и санкциите се д-р Герхард Капл (главен обвинител) и Питер Лимахер (шеф на одделот за борба против "местење" резултати за потребите на обложувалниците).
ФФМ и ФК Победа денеска во утринските часови ќе добијат известување во кое се очекува да стои:
"Доживотна СУСПЕНЗИЈА од фудбалот за Александар Забрчанец (претседател на клубот) и Николче Здравески (капитен на тимот на мечот со Пјуник)...".
Во подоцнежните часови на прес-конференцијата на УЕФА по повод 33. конгрес во Копенхаген и по заклучоците од овој собир ќе биде обелоденета веста за истрагата и санкциите против клубот од Македонија.
Пекол за Харалампие во Копенхаген!!! Така вчера најавивме, а така треба да биде денеска во Данска каде на лице место со шокантната вест околу откритието на "местенката" ќе биде информирана и делегацијата на ФФМ на чело со Харалампие Хаџи-Ристески. Харалампие и ФК Победа. Навистина, имаат ли нешто заедничко овие две страни, посебно за она што се случуваше пред 5 години!? Како и да е, "прилепскиот клан" ќе си го добие своето за она што го правел во летото господово 2004.
На здравје, ќе бидеме добар пример...!!!
Редакција "Македонски спорт"
Харалампие е во тесна врска!!!
Со обелоденувањето на скандалот и по изрекувањето на санкциите случајот нема да биде завршен. Овој скандал со "наместените" натпревари "Победа - Пјуник" ќе доживее и нови моменти и во истиот ќе бидат вклучени и други личности од Македонија.
Се шпекулира дека на оваа тема УЕФА ќе го сосуша и претседателот на ФФМ Харалампие Хаџи-Ристекси, кој е во тесна роднинска врска со Забрчанец и пред да дојде во ФФМ беше прв човек на ФК Победа.
Победа 5 сезони без Европа
По откривањето на скандалот и по санкциите за луѓето од клубот од Прилеп ќе следи и санкција против ФК Победа. Дознавме дека УЕФА с$ уште се двоуми, но, најверојатно, место првичните 3 ќе следи суспензија од настапи на евро-сцената за Победа во наредните 5 години. При донесувањето на ова одлука пресуден е сегашниот пласман на табелата на прилепскиот клуб кој за следната сезона не е во комбинација за позициите кои водат на евро-сцената.
Сите "знаеја", но никој не погоди
Вчера најавивме дека УЕФА има децениски скандал и дека во Копенхаген топ тема ќе биде Македонија. Нашата конекција е директна со луѓе од внатрешната контрола на УЕФА и уште пред два дена ни беа познати сите детали од истрагата.
Вчера многумина се јавуваа, некои нагаѓаа, а други се правеа дека знаат што е работата. Ниту еден не беше ни приближно до ВИСТИНАТА.
Тежок удар за фудбалот и државата
Овој скандал поврзан со ФК Победа и санкциите од УЕФА ќе бидат голем удар за фудбалот во Македонија, но и за комплетната држава. Можеби дури сега по сето ова државните власти ќе се освестат и ќе обрнат поголемо внимание околу сето она што се случува во домашниот фудбал.
Можеби требаше да добиеме вакво нешто или тотална суспензија на фудбалот на 5 години за некои институции дав се сетат дека мора да се гонат сите оние кои "местат"натпревар. Да се фатат на државно ниво за да не прават вакви глупости на меѓународната сцена.