Ооооо колку сакам лутоооо!!! Пошто пиперки не ми се баш некој омилен зеленчук не јадам некои си феферонки или не знам какви лути пиперки, ама затоа на пример место супа со бибер јас си јадам бибер со супа!:pos2:
А за буковец да не збориме... Сендвич без буковец не ми иде никако. У последно време пројадов тост со буковец.
Иначе кога купувам сендвич во Седмица таму нАли буковецот е оставен во сад слободно да си ставиш колку сакаш и мене нивниот буковец некако не ми лути многу па си ставам по 1-2 полни лажички и ко што секогаш има гужва луѓево почнуваат да ми зјапаат во сендвичот и да ми се чудат
Пред некое време купив еден чили зачин и не знам дали е до фирмата што го произведува или до Мексиканците ама ич, ич не лути. Во споредба со нашиов буковец тоа чилито е "мала беба"! :pos2: