ќе пробам да ја разрешам дилемата за аминото по мое (еднаш засекогаШ) :
амино киселините се градбени единици на протеините
на википедија е многу просто пишано дека ако ПРОТЕИНИТЕ се зборови тогаш АМИНО К. се букви , но ова би ве засегало само за храната затоа што во различен вид на храна ( да речеме праиме муавет за месо затоа што во него има највеке протеини) има различна композиција на амино киселините во протеините во тоа месо! до овој степен на внимание што се јаде никој не може да се обврне внимание, но ова го пишав за да направам паралела меѓу храната и суплементацијата на протеини, ВО суплементацијата количината на сите амино к. во 1 грам суплемент амино (
значи ова се ти е продукти амино-киселини ти што гизбориш) е скоро целосно ист со количината на амино к во 1 грам суплемент веј шејк протеин! разликата меѓу ове два суплементи е следново:
ако земеш амино к. тогаш ти директно ги внесуваш протеините разградени и тие веднаш се спремни за апсорпција во клетките !! ( а ако пиеш шејк, организмот треба првен да го разгради тој протеин што си го внесол , да го спушти до ниво на амино к. и тогаш тие да се апсорбираат)
пред директно да ти одговорам на прашањето да додам уште нешто за другите,
збориме за разликата помеѓу канта протеини и канта апчиња амино, еве еден пример со споредба преку два продукта што ги аим дома : 930г думатизе веј протеин и калифорниа фитнес веј амино таблети (180 пар.)
typical amino acid profile per 100 grams of protein е 95% ист меѓу двата продукта.
во даматизе протеинот има 30 дози кои содржат по 25 г протен ( цената му беше околу 1300 ден,)
во калифорниа аминото има 30 дози кои содржат по 12.5 г протеин ( цената 720 ден миослам) 720 х 2 = 1440 ден
, цени секогаш ќе бидат малку поголеми на амино продуктите бидејки ти даваат готови разгранети протеини ... (ова зборам за апчиња а за течна форма цените се многу многу поголеми)
сега дирекнто да ти одговорам на твоето прашање што доста луѓе го поставуаваат,
ако праиш кардио вежви треба да се зимаат амино киселини затоа што :
кога праиш кардио , кога ќе завршиш со трчањето ко луд и слично организмот е целосно истоштен и да речеме дека ги потрошил своите резерви на јагле хидрати и маснотии ( колкав % е искористен и кои вежби се најдобри за топење на салот друго прашање, важно вака се слабее) и сега организмот итно му треба храна (читај протеини, кои претходно пишав дека всушност се група на амино к.). ако не му се внесат протеини тој ќе влезе фо фаза на катаболизам кога ќе почне да си ги јаде своите мускули како извор на протеини ( читај , него му требаат протеини, ти не му внесуваш па тој сам ќе си ги најде, каде? во твоите мускули
) а тоа е нештото што сите ние НЕ го сакаме!!! Ние сакаме да го стопиме салото , а да ги зачуваме мускулите, нели?
значи сега разјаснивме дека мора да се внесат протеини одма послем напорна вежба останува уште да се каже зашто да се земат амино к. суплементи а не обичен протеин шејк .
еве од што се состои целата филозофија,
бидејки на организмот итно му требаат протеини ама баш ИТНО , фирмите за суплементи ти викаат да земеш амино к. затоа што тогаш ти дирекно му внесуваш на организмот тоа што му треба , односно скоро веднаш ќе му се донесе храна и ќе се прекине процесот на катаболизам, брзината на апсорпција
отприлика за апчиња амино би требало да е 15+мин ; за течен амино 5+мин ( затоа е и поскап ) ; а за протеински шејк е 30+мин!!
е сега уште една работа зашто треба амино а не шејк ( не само заради брзата апсорпција) е и фактот што ( ако не сте знаеле ) дека за организмот да ја разложи храната , да ги разложи јаглехидратите до ниво на бла бла , маснотиите до ниво на бла бал, и протеините до ниво на амино киселини, потребно му е ЕНЕРГИЈА (енергија што троши калории, исто како што ти треба енергија за трчање со која што гориш калории !!!)
и тоа од сите овие 3 соединенија на организмот највеќе енергија му треба за да ги разложи протеините ( колку, не ми текнува во моментов и ме мрзи да барам) но поентата е во тоа што со шејк, организмот се става на дополнителна работа после веќе МАКОТРПНОТО кардио за да ги разложи протеините !
значи после кардио ти требаат протеини, дали ке кориштиш шејк или амино к. сам одлучи си
мислам дека добро објаснив , сигурно предолго и досадно , но ако ти ја разрешив дилемата на тебе и на останатите тогаш добро, ако не цитириајте нешто
ЕДИТ:
само појаснување за уште една најчеста дилема (барем што ја иам приметено кај сите мои другари) :
кога ќе се спомнат зборовите АМИНО и СЛАБЕЕЊЕ во иста реченица, повеќето мислат само на едната амино киселина L-carnitine чија што функција е за побрзо топење на салото, но тоа е различен продукт од амино киселините затоа што тука ти даваат само оваа амино киселина во голема доза, и не за ЏАБЕ на продуктот пишува L CARNITINE 1100mg а не SUPER AMINO 2300mg
истото важи и за другите продукти кои нудат само една , но многу важна амино киселина како на пример, глутаминот бцц и сличнО!!
:pozz: